Среда, 24 Август 2022    PDF Печати Е-пошта
Кирил Петрушев– Чикото

1ara20

Кирил Петрушев (20. III 1895 - 2. V 1980) е македонски револуционер, комунистички деец, борец и државен функционер. Бил член на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ и член на делегацијата на Вис за разговорите со НКЈ и Ј. Б. Тито. Како делегат на Првото заседание на АСНОМ, бил избран за член на Президиумот на АСНОМ (повереник за внатрешни работи). Бил министер за внатрешни работи во првата Влада на НРМ, а потоа министер за труд, а извршувал и други значајни должности. Поради определувањето за Резолуцијата на ИБ, бил исклучен од КПМ, разрешен од сите функции и пензиониран.

Кирил Петрушев е роден на 20 март 1895 година во Богданци. Завршил средно училиште. Во 1914 година се вклучил и бил истакнат учесник во македонското револуционерно движење. По Првата светска војна емигрирал во Бугарија, каде што му пристапил на работничкото движење. Поради својата активност бил прогонуван и апсен, па морал да премине во илегала. По Септемвриското востание во 1923 година во Бугарија, која ја извела Бугарската комунистичка партија, се вратил во Македонија и бил особено активен во синдикалното движење.

Во текот на Втората светска војна, по бугарската окупација на Македонија, Кирил Петрушев бил прогонуван и апсен. Се вклучил во НОВ, а во 1944 година станал член на КПЈ. Исто така бил назначен за член на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ и член на делегацијата на Вис за разговорите со НКЈ и Ј. Б. Тито.

На почетокот од мај 1944 година Методија Андонов Ченто, Емануел Чучков и Кирил Петрушев заминале за Вис на средба со Народниот комитет за ослободување на Југославија на чело со Јосип Броз Тито. Средбата се одржала на 24 јуни при што македонската делегација го поставила прашањето за обединување на Македонија по ослободувањето од окупацијата. По враќањето на делегацијата од Вис, откако биле привршени подготовките на 2 август се одржа Првото заседание на АСНОМ на кое Ченто бил избран за претседател на Президиумот на АСНОМ, највисоко државно тело на Демократска Федерална Македонија (подоцна НР Македонија), а Емануел Чучков и Кирил Петрушев биле избрани за членови на Президиумот.

На 6 август 1944 година Кирил бил назначен за повереник за внатрешни работи, а на 14 август Президиумот  на АСНОМ го избрал за член на Комисијата за утврдување на престапите на окупаторите и нивните слуги.

На Третото заседание на АСНОМ одржано од 14 до 16 април 1945 година, кога надлежностите на Президиумот биле дадени на првата Влада на НРМ, Кирил Петрушев бил избран за министер за внатрешни работи. По нецела година, на 11 фебруари 1946 година бил назначен за министер на градежништво, а при изборот на нова влада на 18 април 1946 година бил избран за министер за труд. На таа функција останал до 26 октомври 1948 година кога бил разрешен.

Кирил Петрушев извршувал и други значајни должности, меѓутоа, поради определување за Резолуцијата на ИБ, бил исклучен од КПМ, разрешен од сите функции и пензиониран.

Кирил Петрушев починал на 2 мај 1980 во Скопје.

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.