Среда, 19 Октомври 2022    PDF Печати Е-пошта
Спиро Костов

8031

Спиро Костов ( 1848 – 19. Ⅷ 1931) е македонски револуционер, учесник во македонското револѕцинерно движење. Бил учесник во: Српско-турската војна (1876), Руско-турската војна (1878/ 1879), Кресненското востание (1878/1879), Српско-бугарската војна (1885), Мелничкото востание и во Балканските војни (1912/1913).

Спиро Костов е роден во 1848 година во Велес. Како и многу Македонци, кои својата егзистенција ја барале надвор од земјата, како млад заминал на печалба во Романија. Тој работел во печатницата на Љубен Каравелов, бугарски поет и писател, поборник за ослободување на Бугарија од турско ропство. Таму Спиро влегува во редовите на револуцинерната емиграција и учествувал во војните за ослободување на балканските народи кои биле под Отоманската империја.

Костов учествувал во Српско-турската војна во 1876 година како доброволец во српската војска, а по избувнувањето на Руско-турската војна во 1877 година бил доброволец во Бугарското ополчение. Се борел на Шипка и се стекнал со рускиот орден „Свети Ѓорѓи“.

По Берлунскиот договор (13.06 – 13.07.1878), кон крајот на истата година, Спиро зел учество во Кресненското (попознато како Македонско) востание како војвода на чета. Во 1884 година Костов со помош на Владимир Кусев и Пере Тошев, кои тогаш биле ученици во Пловдивската гимназија, на состанок во Станимака (подоцна Асеновград, град во Пловдивската област) се договориле за формирање на таен македонски револуционерен комитет за ослободување на Македонија и Одринско.

Македонецот Спиро Костов, наречен уште Кипријата, верувајќи во идејата за заедничко ослободување на балканските народи од турското ропство, соработувал и со бугарските револуционери и бил главен двигател за основањето на Комитетот подоцна наречен Бугарски Таен Централен Револуционерен Комитет (БТЦРК). Спиро кој ја продолжил идејата на Георги Сава Раковски,  Васил Левски и Љубен Каравелов, бил назначен за извршен секретар на Пловдивскиот централен комитет и началник на тајната комитска полиција.

Иван Андонов, истакнат член на Комитетот, за неговото формирање раскажува: „На 5 февруари 1885 година ми се јави македонецот Спиро Костов и ми рече дека во моја личност и во лицето на Захариј Стојанов видел луѓе способни за преземање на револуционерната борба..“ Идејата беше прифатена и на 10 февруари 1885 година беше формиран БТЦРК. Се размислувало за општо востание во Источна Румелија и Македонија, но од повеќе причини, дошло „само“ до обединување на Источна Румелија со Кнежевството.

Во мај 1885 година Спиро бил уапсен како организатор на прославата во чест на Христо Ботев, а по ослободувањето, тој зел учество за обединување на Кнежеството Бугарија со Источна Румелија. Тој со 30 востаници ја презел околиската управа во Старо Ново Село.  

Во Српско-бугарската војна во 1885 година, Костов бил на чело на доброволечка чета, како дел од единицата на поручникот Ангел Карауланов. Подоцна бил командант на чета, во единицата на капетанот Коста Паница.

Во периодот меѓу 1881 до 1891 година бил командант на Софиската противпожарна команда и со Александар Шумков го издавал списанието „Пожарникар“.

Спиро Костов зел учество и во Мелничкото востание или Мелничката авантура во 1895 година, која уште е позната како Четничка акција. Тој е војвода на чета во одредот „Пирин Планина“. 

Во текот на 1912 и 1913 година Споро Костов повторно зел учество во Балканските војни, како доброволец во Македонско-одринското ополчение. Подоцна е член и оснивач на Македонскиот научен институт во Софија (МНИ), основан во 1923 година.

Спиро Костов починал на 19 август 1931 година во Софија.

Подготвил: Т. Каранфилов

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.