Среда, 07 Јули 2010    PDF Печати Е-пошта
Круме Кепески

Македонскиот јазик - основен предуслов за национална идентификација

,,При пишуењето на оваа граматика имав желба да им дадам на учениците учебник што ќе ги воведе во нашиот литературен јазик и ќе им спомогне да ги разберат неговите основни црти. Предавајќи и сам во гимназиите и знаејќи што може да се премине, се трудев да го изнесам граматичкиот материал во што постегнат обем.

Дека писменоста и во другите јазици е област каде што најмногу се греши, а ученикот е често пати тука оставен сам на себе си и на својата досетливост, гледав да дадам попланско и посистемно упатуење во истата област.

Предлаганата граматика треба да ја задоволи големата нужда од учебник за македонски јазик во нашите гимназии.

Материалот го подбрав во духбт на програмата од Министерството на народната просвета и се трудев да го изнесам во достапна форма. “ – е запишано во Предговорот на граматиката од афторот Круме Кепески.

Круме Кепески остави значаен и непобитен придонес за македонскиот народ. Описменувањето, писменоста и јазикот, се народот и нацијата. Неговата мисија е исполнета и Кепески како аманет ја остави граматиката на макеонскиот литературен јазик на сите наредни поколенија Макеонци. Најважната улога на правта граматиката објавена во 1946 година е што ја разви свеста на Македонецот за сопствениот литературен јазик, а со тоа и за сопствената националност.

Биографија

krume-kepeskiКруме Кепески (Прилеп, 8 април 1909 - 3 ноември 1988), македонски педагог, лингвист, преведувач, собирач на македонски народни умотворби, граматичар, автор на првата Македонска граматика, објавена во 1946 година, коавтор (со Шаип Јусуф) на првата Ромска граматика, објавена во 1980 година, на збирката анегдоти, хуморески и легенди „Островот бил парче земја фрлен во вода“, објавена во 1993 година и на други дела.

Кепески и припаѓа на историски еминанетната генерација македонски интелектуалци и творци, којашто созреваше во годините непосредно пред Втората светска војна и којашто се вклучи многу активно во столетните стремежи на своите претходници, но и на своите современици.

Најважната улога на Граматиката на Круме Кепески е што ја развила свеста на Македонецот за сопствениот литературен јазик, а со тоа и за сопствената националност. Можеби затоа е поставеноста на јазикот на прво место при националната идентификација заедно со чувството за припадност кон македонското. Таков израз на идентитетот побудила оваа прва граматика на македонскиот јазик.

Од зборовите на Круме Кепески: ,, На Граматиката работев засилено и со љубов. Тешко е да се објаснат и љубовта и радоста, предизвикани од тој интимен контакт со нешто што логички стана историја. Јазикот не е предмет, туку духовност. “

Неговите современици сведочат

“Со оглед на времето во кое се појавила Граматиката на Кепески во целост одговорила и на задачата која и била поставена и на пораката која ја носела со себе"-вели неговата современичка Снежана Веновска -Антевска од Институтот за македонски јазик "Крсте Мисирков".

"Таа, помалку или повеќе носела информации од сите области на литературниот јазик. Најважната улога на Граматиката на Круме Кепески е што ја развила свеста на Македонецот за сопствениот литературен јазик, а со тоа и за сопствената националност. Можеби затоа е поставеноста на јазикот на прво место при националната идентификација заедно со чувството за припадност кон македонското. Таков израз на идентитетот побудила оваа прва граматика на македонскиот јазик. Денес, по сите овие настани не сум сигурна дека имаме право со критичка строгост да ги бараме недостатоците, превидите низ тие 80 страници од првата Македонска граматика, да зборуваме дека описите можеле да бидат поинакви или пак решенијата од 1945 година подобри."- Веновска-Антевска.

Проф. Стојка Бојкова- "Кепески и припаѓа на историски еминанетната генерација македонски интелектуалци и творци, којашто созреваше во годините непосредно пред Втората светска војна и којашто се вклучи многу активно во столетните стремежи на своите претходници, но и на своите современици. "Јазикот не е предмет, туку духовност"-велеше проф. Кепески, на Граматиката работев засилено и со љубов. Тешко е да се објаснат и љубовта и радоста, предизвикани од тој интимен контакт со нешто што логички стана историја".

Орден за заслуги за Македонија

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов постхумно му додели Орден за заслуги за Македонија на професорот Круме Кепески, авторот на првата македонска граматика.Орденот му се доделува за високите дострели што тој ги постигна во неговата долгогодишна образовнa дејност со што даде придонес во промовирањето и афирмирањето на македонскиот литературен јазик.

Со доделувањето на Орденот за заслуги за Македонија, рече претседателот Иванов, му оддаваме признание на неговото значајно дело и потврдуваме дека нашата земја знае да ги памети и слави своите истакнати дејци.
ivanov-orden-za-zaslugi-za-krume-kepeski
- Сите сме свесни дека јазикот е нашиот национален и културен бедем пред сите негатори на нашиот идентитет и самобитност. Оттука за неговото зачувување треба постојано да се работи како што тоа неуморно сиот свој живот го правеше професорот Кепески. Тоа не е само образовна и општествена одговорност, тоа е исто така задача на секој од нас поединечно да се потрудиме да го исполниме заветот на професорот Кепески и да го негуваме нашиот македонски јазик во нашите домови, на работните места, на јавните и социјални настани, - беа зборовите на Претседателот на РМакедонија Ѓоѓе Иванов.
 

На прво место

News image

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле, молчеле и...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.