Среда, 07 Декември 2022    PDF Печати Е-пошта
Мирко Милески – Урош

1sen15 

Мирко Милески – Урош (23. IV 1923 – 1. X  1943) е македонски партизан, учесник во НОБ и народен херој. Бил член на КПЈ од 1941 година. Како преведувач во карабињерската станица во с. Извор, доставувал доверливи информации за активностите на италијанската полиција во периодот од 1941 до 1942 година. Подоцна се илегализирал во јули 1942 година и станал борец во Кичевско-мавровскиот НОПО во 1943 година. Загинал со целата чета во одбрана на слободната територија во Западна Македонија од германско-балистичките формации на превојот Стража (Буковиќ).

Мирко Милевски е роден е на 23 април 1923 година во селото Попоец кај Кичево, во сиромашно земјоделско семејство. Неговиот татко се викал Ладомир, а мајка му Тодора. Основно училиште завршил во село Извор. Бидејќи покажал посебна дарба за учење, локалните селани му помогнале да го заврши образованието. Го испратиле во Охрид во гимназијата. Како добар ученик добил стипендија и заминал во Белград каде го изучувал францускиот и италијанскиот јазик.

Во Белграф ги направил првите контакти со напредното движење и се зачленил во Урсовите синдикати. Во 1941 година учествувал во мартовските демонстрации против потпишувањето на Пактот за приклучување на тогашна Југославија кон силите на Оската (Тројниот сојуз).

По окупавијата на Југославија, неговиот роден крај беше припоен кон италијанската окупациска зона, а цивилната власт била во рацете на албанските соработници. Мирко се вратил во своето село и се приклучил на Народноослободителното движење во регионот на Копачије. Во есента 1941 година бил примен за член на Комунистичката партија на Југославија. Припаѓал на партиска ќелија во селото Кленовц, која брзо прераснала во окружен комитет. Мирко, во селата на Копачијата, вршел подготовки за вооружено востание.

По партиска наредба, како добар познавач на италијанскиот јазик станал преведувач во карабињерската станица во с. Извор и доставувал доверливи информации за активностите на италијанската полиција во периодот од 1941 до 1942 година.  Окупаторската полиција му влегла во трага, па тој со одобрение на Партијата се повлекол во илегала во јули 1942 година.

Како илегалец, сè уште работел на организација на отпорот, одел на консултации во Кичево и се движел по Копачијата. Во мај 1943 година бил формиран Кичевско-мавровскиот партизански одред и негов борец станал Мирко. Се истакнал во многу борби во Кичевскиот и Мавровоскиот крај.

По капитулацијата на Италија, во септември 1943 година, бил назначен за политички комесар.

Неговата чета била поставена на превојот Стража, на брдото Букович, за да го брани ослободеното Кичево. Но, во ненадеен германско балистички напад на 1 октомври 1943 година загинаа сите борци на четата, меѓу кои и Мирко Милевски. Следниот ден, 2 октомври, Германците и балистите со помош на бугарската авијација повторно го зазеле Кичево. Градот во следните година и половина уште неколку пати ќе преоѓа од едни во други раце. Подвигот и жртвата на 32 млади луѓе за слободата на Македонија засекогаш ќе остане длабоко во секавањата на кичевчани.

Со указ на претседателот на ФНРЈ, Јосипа Броза Тита, на 9 октомври 1953 година е прогласен за народен херој.

1Tihomir Подготвил: Т.К.

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.