Среда, 21 Декември 2022    PDF Печати Е-пошта
Иван Каранов

1krui1

Иван Каранов (XII. 1851 - 1928) е учител, публицист и револуционер од Македонија.  Во 1878 година заедно со својот брат Ефрем учествувал во Македонското (Кресненско) востание. Браќата биле членови на Ќустендилското македонско друштво и во прво време го поддржувале Македонскиот комитет. Подоцна браќата Каранови соработувале со Внатрешната организација. Тие складирале оружје, им помагале на жртвите од Виничката афера во 1897 година, а нивната куќа бил појдовна точка за четите на Организацијата. Исто така, тие ги помагале и бегалците од Илинденското востание.

Иван Каранов е роден во месец декември 1851 година во градот Кратово, Македонија, во семејството на кратовскиот земјоделец Цветко Стојанов од селото Гајранци. Негов постар брат е истакнатиот фолклорист Ефрем Каранов. Иван учел во својот роден град, а од 1864 до 1866 година го продолжил своето образование во славјанско училиште во Цариград заедно со неговиот брат Ефрем.

На крајот на 1866 година, Иван започнал да студира на Роберт колецот во Истанбул, кој бил најстаро амариканско училиште надвор од САД. По завршувањето на колеџот, завршил и Воено-медицинскиот факултет, но не дипломирал. Станал учител во славјанските села Чанакча и Тарфа во Цариградскиот вилает. Кон крајот на 1872 година, заминал кај својот брат Ефрем каде го продолжил своето образование на Новорускиот универзитет во Одеса. Таму дипломирал славјанска филологија во 1876 година , по што се вратил во Кратово.

Во 1878 година заедно со својот брат учествувал во Македонското (Кресненско) востание. Потоа работел како учител  во Трн, Радомир и Самоков. Од 1879 година учителствувал во Дупница, каде подоцна станал директор на училиштето.

Се преселил во Ќустендил, каде што се населил и неговиот брат Ефрем. Работел како наставник во Ќустендилското педагошко училиште, а подоцна во Реалната гимназија. Ја отворил првата библиотека во градот и бил претседателот на читалната „Братство“.

Двајцата браќа, Иван и Ефрем, активно се занимавале со револуционерна дејност. Во 1895 година куќата на Ефрем станала штаб на Трајко Китанчев при организирањето на четничката акција на Македонскиот комитет. Браќата биле членови на Ќустендилското македонско друштво. За време на расколот, Ќустендилското друштво на чело со браќата Каранови останало верно на расколничкиот Македонски комитет.

Во февруари 1896 година, Врховниот комитет го испратил Андреј Љапчев во Ќустендил, кој го отстранил Ефрем Каранов од раководството. Браќата Каранов се преориентирале кон соработка со Внатрешната организација. Гоце Делчев започнал преписка со Ефрем. Во јануари 1896 година во Ќустендил се запознал со браќата Каранови и Никола Зографов. Браќата складираат оружје, им помагале на жртвите од Виничката афера во 1897 година. Нивната куќа станала појдовна точка за четите на Организацијата, а тие им помагале на бегалците од Илинденското востание.

Иван Каранов шочинал во 1928 година во родниот град.

1Tihomir Подготвил: Т.К

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.