Среда, 11 Јануари 2023    PDF Печати Е-пошта
Димитар Митрев

1ctki1234567

Димитар Митрев (14. Х 1919 –24. II 1976) е македонски литературен критичар, универзитетски професор и академик. Пред Втората светска војна бил активист на македонските емигрантски движења и член е на Македонскиот литературен кружок во Софија. Во 1941 година, заедно со Никола Ј. Вапцаров бил соработник и редактор на прогресивниот неделен весник „Литературен критичар“. Од септември 1944 година учествува во НОБ во бригадата „Гоце Делчев“. Тој е редовен член на МАНУ од основањето во 1967 година и е еден од основоположниците и неколку пати претседател на ДПМ.  Тој е меѓу најзаслужните наши дејци за забрзаниот развој на македонската книжевност и особено на македонската книжевна критика.

Димитар Анастасов Митрев е роден на 14 октомври 1919 година во Деде-Агач, Грција. Тој е син на познатиот македонски деец, учител и борец за македонската самостојност Анастас Митрев, кој е родум од охридското село Завој. По Првата светска војна, откако на почетокот на 1920 година Деде – Агач припаднал на Грција, неговите родители се преселиле во Бугарија.

Димитар завршил основно образование и прогимназија во Трговиште, а гимназиско во Шумен (Бугарија). Во Софија се запишал на студии по право, а високото образование го завршил по доаѓањето во Македонија на Филозофскиот факултет во Скопје (на Групата по филозофија).

Како гимназијалец, а потоа и како студент, Димитар учествувал во работата на илегалните марксистичко-ленинистички кружоци во Бугарија и станал активист на македонските емигрантски движења. Во 1938 година станал член на Македонскиот литературен кружок во Софија. На почетокот на 1941 година, заедно со Никола Ј. Вапцаров е соработник и редактор на прогресивниот неделен весник „Литературен критичар“ . Тој е главен редактор на весникот „Народен билтен“.

Димитар Митрев станал член на БКП во 1941 година, а од септември 1944 година бил член на КПМ. Исто така од септември 1944 година учествувал во НОБ во бригадата „Гоце Делчев“. Во текот на 1944 и 1945 година работел во Агитпроп на Брегалничко-струмичкиот корпус и го уредувал органот на Народноослободителниот фронт во Штип “Брегалнички глас“.

Кон крајот на 1945 година се преселил во Скопје, каде ги извршувал функциите член на Врховниот суд и помошник-јавен обвинител од втората половина на 1946 до пролетта на 1947 година.

Димитар работел и како уредник на Културната рубрика на весникот “Нова Македонија“. Во 1946 година, ја завршил Новинарската школа во Белград и се занимавал со уредувачка работа во разни весници и списанија (“Нова Македонија“, “Нов ден“, “Современост“). Во периодот од 1948 до 1950 година бил и помошник-директор на Радио Скопје.

Тој е редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје, каде предавал теорија на литературата. Исто така, бил декан на Филозофскиот факултет од 1959 до 1963 година и ректор на Скопскиот универзитет “Св. Кирил и Методиј’ во 1974/75 и 1975/76 година.

Динитар Митрев е редовен член на МАНУ од основањето во 1967 година и е еден од основоположниците и неколку пати претседател на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). Тој бил член и на Институтот за национална историја и на Редакцијата на Историјата на македонскиот народ  од 1969 година.

Тој е меѓу најзаслужните наши дејци за забрзаниот развој на македонската книжевност и особено на македонската книжевна критика.

Творештво: „Антологија на македонската лирика“ (1951, со Блаже Конески), „Вапцаров“ (1953), „Критериум и догма“ (1956), „Минато и литература“ (1958),  „Odsev Ilindenske wsatje v umjetni literaturi“ (Ljubljana, 1958) „Повоени македонски поети“ (Антологија, 1960), „Пиринска Македонија и БКП“ (1961), „Критики и огледи“ (1969), „Избрани дела“ (7 т., 1970),  „Есеји и критике“ (Белград, 1975) „Пиринска Македонија во борба за национално ослободување“ (1980), „Пиринска Македонија“ (1986).

За својата работа, тој е добитник на наградите „13 Ноември“, „11 Октомври“ и „АВНОЈ“.

По повод сто години од неговото раѓање, од ДПМ ќе изјават дека „неговата личност и творештво се вградени во судбинските превирања и поетички потраги во педесеттите и шеесеттите години на минатиот век, низ кои се исцртувала развојната линија на македонската литература. Книжевно-теориските погледи, критиката и стилот на Митрев се неодминливи поглавја во македонската културна историја, но и изворишта на сè уште жива мисла која може да даде своевиден придонес во толкувањето и на некои современи книжевни состојби.’

Димитар Митрев починал на 24 февруари 1976 година во Скопје.

Димитар Митрев е татко на поранешната македонска политичарка и универзитетска професорк, поранешна министерка за надворешни работи на Македонија Илинка Митрева.

Тихомир Каранфилов

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.