Среда, 07 Јуни 2023    PDF Печати Е-пошта
Крум Пиндов

1sved5

Крум Пиндов (1915 – 16. I 2013) е канадски бизнисмен милионер со потекло од Егејскиот дел на Македонија. Во 1932 година неговото семејство било принудено да емигрира во Бугарија, а во 1944 година заминал во Германија, каде се оженил. Во 1955 година со сопругата заминал за Канада. Во 1960 година, Пиндов ја основал компанијата Pindoff Record Sales и почнал да продава плочи на консигнација во Торонто. Семејството Пиндов покрај што било познато во музичкиот свет, тоа станало познато и по своите донации во добротворни цели.

Крум Пиндов (анг: Kroum Pindoff) е роден во 1915 година во селото Емборе, Егејска дел Македонија. Учел во Кајлари (денес Птолемаида), но во 1932 година неговото семејство - татко му, мајка му, брат му и двете сестри - биле принудени да емигрираат во Бугарија и се населиле во Варна. Таткото на Крум кој се занимавал со градежништво, паднал од скеле и починал. На чело на семејството застанал Крум, кој бил најстарото дете. Пиндов работел во пристаништето во Варна и учел во француско средно училиште.

Во 1944 година заминал за Германија и се населил во Лајпциг, каде ја запознал својата идна сопруга Ева. Во 1950 година двајцата се венчале, а во 1955 година заминале за Канада, каде  во текот на живот ќе заработат доволно пари за да им помогнат на невините жртви на војната.

Во Канада, во 1960 година, Пиндоф ја основал компанијата Pindoff Record Sales и почнал да продава плочи на консигнација во Торонто. Во 1970 година, Ева Пиндов станал претседател основач на Music World, компанија која продаваше различни музички производи. Во еден момент компанијата имала 110 продавници низ Канада со над 1.000 вработени. Во 2007 година, компанијата била продадена, а набргу потоа објавила банкрот. Сите 110 продажни места ширум Канада биле затворени во февруари 2008 година.

Г-дин Пиндоф бил познат како основач на Music World Limited и Pindoff Record Sales Limited, Поради неговото долго присуство во шоу-бизнисот, на 3 мај 1995 година, Крум Пиндоф станал почесен член на Канадската музичка куќа на славните.

Меѓутоа, семејството Пиндов не е познато само во музичкиот свет, туку и по своите донации во добротворни цели. Канадскиот Црвен крст подобро го памети како посветен хуманитарец кој со години му давал поддршка.

Во 1991 година, по распадот на Источниот блок, Крум кој дел од својата младост поминал како емигрант во Варна, Бугарија, со својата сопруга Ева, испратил помош од 20.000 пакети со храна за постарите лица погодени од економската криза во Бугарија. Од 1997 година редовно донирал во Медицинскиот центар „Света Ана“ во Варна во износ од над 1 милион евра.

Во 2000 година, парот донирал 5 милиони канадски долари на Црвениот крст за помош на жртвите од нагазни мини. Тие изградиле и одржувале сиропиталиште во Орахавица, Хрватска, кое редовно го посетувало. Исто така ги поддржувале и домовите за стари лица во Босна и Херцеговина. Пиндов посветил 2 милиони канадски долари на децата кои настрадале од војните.

Во почетокот на 2005 година, Пиндов донирал 5 милиони канадски долари за жртвите од катастрофалниот земјотрес и последователните цунами во Југоисточна Азија на крајот на декември 2004 година. Ова е најголемата приватна донација во историјата на канадскиот Црвен крст.

Во 2008 година, Пиндов ја покажаа својата посветеност на континуираните напори на канадскиот Црвен крст да одговори на здравствените потреби на мајките, децата и постарите лица во земји како Африка, Никарагва, Хондурас, Хаити и Централна Европа, давајќи 5 милиони долари за создавање на Милениумски фонд.

Крум Пиндов починал мирно во сон на 16 јануари 2013 година во Торонто, на 97 годишна возраст.

1Tihomir Подготвил: Т.К

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.