Среда, 28 Јуни 2023    PDF Печати Е-пошта
Киро Димитровски - Дандаро

1isel7

Киро Димитровски - Дандаро (5. Ⅴ 1912 - 1. Ⅴ 1942) е македонски графичар, комунистички деец и првоборец. Поради партиски активности бил осуден и затворската казна ја издржувал во затворите Главњача и Ада Циганлија и во Казнениот завод во Сремска Митровица, од каде што успеал да избега преку подземен тунел. Станал борец на Фрушкогорскиот НОПО од неговото формирање, а потоа работел како типограф во печатницата на весникот „Борба“ во слободното Ужице. Се префрлил во Босна и се приклучил во Витешкиот вод на Романискиот НОПО. Загинал во борба против италијанските окупаторски сили.

Киро Димитровски е роден на 5 мај 1912 година во Битола, во месноста Чифте фурни, во повеќечлено средноимотно семејство. Основно образование и гимназија завршил во Битола, апотоа се вработил како графички работник во печатницата „Просвета“ во Битола.

Киро како млад бил доста активен. Вежбал на справи во Соколаната, станал предводник на душтвото, организирал фискултурен слет и пеел во хорот „Коста Абрашевиќ“.

Во 1932 година  станал активен член на Урсовите синдикати и член на КПЈ. Во 1938 година создал партиска ќелија и илегален кружок, а наредната 1939 година станал член и секретар   на Месниот комитет на КПЈ во Битола. Заедно со своите другари ја прошириле партиската активност во блиските села и Преспа. Во 1940 година ја основал првата партиска техника на МК на КПЈ во Битола, во својата куќа.

На 5/6 септември 1940 година Киро бил уапсен поради растурање на летоци со комунистичка содржина и однесен во Белград каде му се судело согласно Законот за заштита на државата. Прво бил затворен во затворот Главњача, а потоа на Ада Циганлија. На суд го бранел д-р Иван Рибар, адвокат на партијата, кој барал од него да се брани на македонски јазик. На 13 септември 1940 година Киро бил осуден и казната ја издржувал во Казнениот завод во Сремска Митровица, кој бил своевидна школа за комунисти.

Од Казнениот завод во Сремска Митровица на двапата неуспешно се обидел да избега. Успеал да избега дури во третиот обид преку подземен тунел. На 21/22 Август 1941 година 31 затвореник меѓу кои и Дандарот успеале да избегаат од затворот. Веднаш потоа, од самото формирање на 9 септември 1941 година, станал борец на Фрушкогорскиот Народноослободителен партизански одред (НОПО).

Наскоро потоа, во октомври 1941 година, заминал на слободна територија во Ужице, каде работел како типограф во печатницата на централниот печатен орган на КПЈ весникот  „Борба“. По нападот на фашистичките сили на слободната територија, единиците на НОВ и ПОЈ и Врховниот штаб, преку Златибор кон Нова Варош, успеале да ја евакуираат и печатницата до селото Доброселце, а тој заедно со други соборци се префрлил во Босна.

По доаѓањето во Босна, Киро се приклучил во Витешкиот вод на Романискиот НОПО, а потоа станал политички комесар на Првата чета на Петтиот шумадиски баталјон на Втората НО пролетерска бригада на НОВ и ПОЈ.

Киро Димитровски - Дандаро загинал на 1 мај 1942 година во борба против италијанските окупаторски сили во атарот на селото Поткамен, кај Чајниче, БиХ.

По Ослободувањето, на 18 мај 1948 година. неговите посмртни останки биле пренесени во Битола. Неговото име како патрон го носи тогаш основаната битолска печатница.

Извор: (МЕ, 1 А- Љ, Скопје  МАНУ, 2009, стр. 469 ; https://pelanet.mk/?p=57228)

1Tihomir Подготвил: Т.К

 

На прво место

News image

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле, молчеле и...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.