Среда, 22 Ноември 2023    PDF Печати Е-пошта
Панде Петровски

1ija5

Панде Петровски  (26. XII 1943 – 31. XII 2006) е генерал на АРМ,  началник на ГШ на АРМ и раководел со единиците на Македонската армија за време на вооружениот конфликт во 2001 г. Должноста началник на ГШ на АРМ ја обавувал од 12. VI  до 9. VIII 2001, а потоа бил советник на министерот за одбрана.

Панде Алексов Петровски  е роден на 26 декември 1943 година во битолското село Живојно во земјоделско семејство. Неговиот дедо Петре учествувал во Илинденско востание и во Првата светска војна, а неговиот татко Алексо учествувал во народноослободителната борба во Втората светска војна, при што двапати бил ранет.

Основно образование Панде Петровски завршил во родното село во 1958 година, а средно индустриско училиште завршил во Битола во 1961 година. Во периодот од 1962 до 1965 година студирал со голем успех на Воената академија во Белград. Воена академија на Копнената војска на ЈНА ја завршил во 1965 година, а Командно-штабна академија во 1976 година. Во 1985 година завршил и Школа за народна одбрана.

Својата служба во ЈНА, потпоручникот Петрввски ја започнал како командир на вод во 4 оклопна бригада во Јастребарско, кај Загреб, каде поминал голем дел од својата воена служба. Како офицер служел во оклопни и механизирани единици во Загреб, Прилеп, Велес и Приштина.

Во текот на својата воена кариера  во ЈНА Панде Петровски предвреме бил унапреден во чин капетан прва класа, мајор, полковник. Од 1993 година е генерал-мајор и командува со корпус, а од 1997 година е генерал-потполковник и во 2001 година станува генерал-полковник.

Во 1990 година бил назначен за помошник командант на Третата воена област во Скопје. По распуштањето на ЈНА, Петровски останал во Македонија и учествувал во основањето на АРМ. Во март 1992 година бил поставен за командант на Вториот армиски корпус во Битола. Во 1996 година бил назначен за началник на борбена готовност во Скопје, а во 1999 година ја извршува функцијата заменик началник на Генералштабот.

Во 2000 година, поради реорганизација на АРМ, Петровски бил пензиониран. Но поради воениот конфликт во 2001 година,  тој бил вратен и назначен за началник на ГШ на АРМ. Тој ја подготвил стратегијата за воените дејствија на македонските воени единици и раководел со со нив во борбите против терористичките албански банди. Должноста началник на ГШ на АРМ ја обавувал од 12. VI  до 9. VIII 2001, а потоа бил советник на министерот за одбрана.

Во својата книга „Сведоштва“ (2006 г.), пензионираниот генерал Панде Петровски ги обвини домашните политичари за настаните во 2001 година.

За време на своето службовање добивал бројни признанија, пофалби, награди и одликувања, а меѓу другото е одликуван и со: Орден за воени заслуги со сребрени мечеви во 1968 година; Орден на Народната армија со сребрена ѕвезда во 1974 година; Орден на трудот со сребрен венец во 1982 година; Орден за воени заслуги со златни мечеви во 1990 година.

Панде Петровски починал на 31 декември 2006 година во родното село Живојно, Битолско.

1Tihomir Подготвил: Т.К.

 

На прво место

News image

ДУИ стана бренд на криминалот

Ковачки: ДУИ стана бренд на криминалот, криминална структура која не му мисли добро на сопствени...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.