Среда, 24 Април 2024    PDF Печати Е-пошта
Дино Абдураманов

1ulus5

Дино Абдураманов (1872 - 2. VI 1902) е македонски револуционер, член на ТМОРО и народен јунак. При престој во својот дом, бил опколен од османлиската војска и башибозук. Наоѓајќи се во безизлезна положба, првин ги убил своите најблиски, а потоа со сабја ги нападнал Турците и умрел. Тоа е еден од ретките подвизи во македонската ослободителна борба и воопшто во историјата на револуциите. Опеан е во неколку народни песни.

Дине Кљусев Абдураманов (Дине Дирманчов) е роден во 1872 година во леринското село Пателе. Тој се приклучил на редовите на ТМОРО уште во 1896 година и станал раководител на месниот револуционерен комитет во Пателе. Се приклучил на група за набавка на оружје заедно со Лазар Бицанов, Пандил Шишков и Стефан Настев.  

Во 1901 година влегол во четата на Марко Лерински, со кој бил близок пријател.

Во јуни 1902 година, Марко влегол во селото Петеле, родното место на Дине Абдураманов со неговиот одред за да ги казни предавниците на организацијата. Четата била предадена и опколена од турски војници. Во битката загинал војводата Марко, а сите четници се повлекле.

Дине Абдураманов одбил да се повлече со соборците и се забарикадирал во сопствената куќа. Тој одбил да се предаде и шест часа сам се борел со турските војници. Откако останал без муниција, Дине ги нападнал Турците со јатаган и умрел.

Христо Силjанов сведочи дека Дине Абдураманов направил една несекоjдневна постапка, пред да се самоубие. Тој ги убил своите наjблиски, жената, сестрата, вуjкото и ќерката, за да не паднат во рацете на неприjателот и да не се изживуваат со нив. Така според Х. Силјанов „Дине го измил срамот на своето село со еден од најретките подвизи во македонската ослободителна борба и воопшто во историјата на револуциите.“

Дине Абдураманов е опеан во неколку народни песни:

Дине Дирманчов воjвода
фишеци кога свршиjа,
само обрна пушката,
и сам се оно убило.

1Tiho3 Подготвил. Т.К.

 

На прво место

News image

Тажна е сликата од едвај 30-тина луѓе околу Ахмети кој направи богатство на грбот на народот, а сега остана буквално сам

Ахмети зборуваше пред едвај 30-тина луѓе. Тажна е сликата за политичарот кој направи кариера збору...

Историја

News image

Тргнување – истражување – враќање на Карнегиевата комисија

Комисијата трга од Париз на 2 август 1913 г., поточно 10 години од Илинденското востание. Застанува ...

Иселеници

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ БРОЈОТ 70 НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД“ ОД СИДНЕЈ

Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ о...

Култура и туризам

News image

Чудотворни икони на Пресвета Богородица

Во селото Коњче има црква што ја имаат кончани и друзите села од околијата као за манастир, чунки во...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.