Среда, 07 Август 2024    PDF Печати Е-пошта
Живко Фирфов

4

Живко Фирфов (20. XI 1906 - 21. VII 1984) е македонски етномузиколог и композитор. По ослободувањето вршел низа одговорни должности во Скопје: шеф на Отсекот за уметност во Одделението за култура и уметност при АСНОМ; шеф на Отсекот за народна музика во Радио Скопје; еден од основачите и прв уметнич ки директор на ансамблот „Танец“; шеф на Одделението за народна музика во Институтот за фолклор, а подоцна и негов директор. Бил дописен член на Меѓународното фолклорно друштво ИФЦМ во Лондон.

Живко Фирфов  е роден  на 20 ноември 1906 година во Велес. Основно образование завршил во родното место. Рано пројавил интерес за музиката и уште во средношколските денови,  во почетокот на 1922 година, заедно со Стефан Гајдов го формирале пејачкото друштво Гром. Потоа заминал за Белград каде се стекнал со соодветно музичко образование. Се школувал кај познатите професори и композитори меѓу кои и Јосип Славенски и Јуриј Арбатски. По завршувањето на музичкото училиште, Фирфов работел како диригент на Академското пејачко друштво и како водач на оркестар во Домот за слепи во Земун.

Фирфов го дочекал крајот на Втората светска војна  во Главниот штаб на НОВ каде што ја вршел мелографска и композиторска активност. По Втората светска војна извршува повеќе одговорни функции во Народна Република Македонија. Тој бил раководител на уметничкото одделение на Одделението за култура и уметност при АСНОМ, раководител на одделението за народна музика во Радио Скопје, еден од основачите и прв уметнички директор на ансамблот „Танец“, раководител на Катедрата за народна музика при Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, а подоцна и директор на Институтот и други.

Фирфов бил дописен член на Меѓународната федерација за хорска музика во Лондон (ИФЦМ), член на Националниот комитет за народна музика на УНЕСКО, како и член на Националното географско друштво на САД и почесен претседател на Меѓународното здружение за народни танци во Лондон.

Својата главна преокупација Фирфов ја наоѓал на полето на фолклорот. Тој бил собирач, мелограф и толкувач на музички фолклор од Македонија. Во текот на неговата работа, во ансамблот „Танец“,  се занимавал со теренски истражувања. Собрал и мелографирал над 7.000 народни мелодии, од кои некои биле објавени во збирките „Македонски музички фолклор 1“ (1953) и „Македонски музички фолклор 2“ (1964). Истовремено ги објавил и „Македонски мелографии на крајот на XIX век“ (1963), „Метрички карактеристики на македонската народна музика“ (1951), „Дијафонија на македонската народна музика“ (1958) и други.

Фирфов оставил десетина композиции (најпознати се хорскиот циклус „Хуморески“, 1–3 и „Дротар“. Во инструменталната музика автор е на „Фантазија за оргули“, „Оркестарска свита“ и „Варијации“.

Живко Фирфов  починал на 21 јули 1984 година во Скопје.

(извор: М.Е. 2, стр. 1558, Скопје, 2009; https://sokom.mk/mk)

1Tiho3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

подготвил: Т.К.

 

На прво место

News image

Иако се сликаа во авионот носејќи го датумот за почеток на преговори со ЕУ, СДС не оддалечи уште толку од вратите на Уни

Откако го направија фамозното селфи во авионот од Брисел, Македонија е се подалеку од Европска...

Историја

News image

Наредба на Тодор Александров од 22 август 1922

Помошната организација во тие краеви, како и македонската рев. Организација е самостојна и непартиск...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО ПЕТРОПОЛИС – ЦЕНТАРОТ НА ПОРТУГАЛСКАТА ИМПЕРИЈА И БОГАТСТВОТО (3)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.