Среда, 21 Август 2024    PDF Печати Е-пошта
Ангел Винички

94

Ангел Винички (1860 – 26. X 1902) е македонски револуционер, член на Македонската револуционерна организација. Заедо со Спиро Ампов и Ѓорѓи Јованчев го формирале Тајниот револуционерен комитет во Виница, кој бил меѓу првите комитети во Македонија.. Тој бил верен курир на Гоце Делчев, ја обезбедувал работилницата за изработка на бомби, која се наоѓала во село Саблер, и бил успешен организатор и пренесувач на оружје, писма ,телеграми и други материјали преку граница.

Ангел Димитров Винички е роден околу 1860 (или 1867 година) во Виница. Рано останал без татко и уште од деството бил познат како Ангел Божанин, по неговата мајка Божана. Завршил основно училиште во Виница.

Во 1893 година, Ангел баба Божанин Винички влегил во ТМОРО и заедо со трговците Спиро Ампов и Ѓорѓи Јованчев го формирале Тајниот револуционерен комитет во Виница, кој бил меѓу првите комитети во Македонија.

Во 1894 година, Ангел станал прекуграничен илегален курир во врска со граничниот пункт Ќустендил на МРО. Тој е првиот нелегален курир на Организацијата кој ја пренесувал поштата и ги преведувал членовите и организаторите на Организацијата. Исто така пренесувал муниција и оружје од работилницата за оружје во селото Саблер кај Кустенил, Република Бугарија. Муницијата ја пренесувал преку тајни канали низ Осоговијата до село Драгобрашта каде што бил и собирниот пунк на организацијата

По откривањето на аферата Виница во 1897 година, раководството на Организацијата: Спиро Ампов, Ѓорѓи Јованчев и Ангел Винички одлучиле Ангел да го премести оружјето од скривниците во Лески и Драгобраште во други скривници. Истовремено било одлучено од Виница да се изнесат сите материјали кои можат да компромитираат. За да извегнат апсење, Ѓорѓи Јованчев и Ангел Винички избегале за Бугарија. Винички се населил во Ќустендил, а потоа тајно го прибрал и своето семејство од Виница.

Во 1902 година Ангел Винички се приклучил на четата на С. Ганчев, која дејствувала во Кочанско. На 25 - 26 октомври четата била предадена во Драгобрашта и била опколена од турски војници. Ангел Винички и уште тројца четници ја продолжуваат битката додека петмина други четници ја пробиваат блокадата. За да не им даде трофеи во рацете на непријателот, пред да се убие, тој ги скршил пушките, револверите и камите на своите загинати соборци. Истовремено, на своите, им ги сечел алиштата, појасите и турбаните, им ги скршил часовниците. ги расфрлал парите што ги носеле и потоа си  забил една од скршените ками право во срцето.

1Tiho3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

подготвил: Т.К.

 

На прво место

News image

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле, молчеле и...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.