Среда, 25 Септември 2024    PDF Печати Е-пошта
Благоја Стевковски – Гојчо

Ovlastuvanje za Gojcho Stefkov.pdf

Благоја Стевковски (15. VIII 1905 - 3. XII 1965) е македонски комунистички деец, учесник во НОБ, млад поет. Бил соработник на весникот „Наша реч“ (Скопје, 1939), каде што објавил и стихотворби на македонски јазик. За време на Втората светска војна, како член на Воениот штаб на КПЈ за Куманово (1941), бил еден од организаторите на Козјачкиот и Карадачкиот НОПО. По Ослободувањето бил претседател на Советот на Врховниот суд на Македонија, предавач по стратегија на Вишата воена академија, републички народен пратеник и извршувал високи должности во Скопската армиска област.

Благоја Стевковски е роден на 15 август 1915 година во Куманово. Пред Втората светска војна завршил два класа гимназија, а потоа работел како кројач. Во 1933 година, како истакнат член на СКОЈ станал почесен член на кумановската организација, а од 1935 година и член на член КПЈ. Благодарение на неговите залагања како партиски активист, во 1938 година станал секретар на МК на КПЈ во Куманово (1938).

Стефковски бил автор на едночинката „Жената умира“ (изведена во Куманово, 1938) и на повеќе стихотворби на македонски јазик со социјална тематика. Тој бил соработник на скопскиот весник „Наша реч“ (Скопје, 1939), каде што објавил и стихотворби на македонски јазик. За весникот „Наша реч“ пишувал под псевдонимот Гојчо Минтан. Одделно, тој ги објави песните Реч на болната аргатка (1939), Чирак (1940) и Љубов (1940).

Во септември 1940 година учествувал на Покраинската конференција на КПЈ за Македонија и бил избран за член на Покраинскиот комитет и за делегат на Петтата земска конференција на КПЈ во Загреб. Поради семејни причини тој одбил да оди во Загреб и бил исклучен од КПЈ.

Во септември 1941 година, Стевковски бил вратен во партијата и бил избран за член на Месниот комитет на КПЈ за Куманово. Потоа бил член на Воениот штаб на КПЈ за Куманово. Како член на Воениот штаб бил еден од организаторите на Козјачкиот и Карадачкиот НОПО, а по нивното разбивање, бил избран за секретар на МК (јануари 1942). Автор на повеќе статии во органот на МК на КПЈ во Куманово „Октобрис“ (октомври/ноември 1942).

Благоја Стевковски бил политички секретар до 1943 година. Од февруари до април 1943 година бил уапсен од бугарските власти и бил во затворот Скопје, а потоа бил интерниран во Ениќој, каде што организирал јадро на КПМ. По враќањето во октомври 1943 година заминал во партизанските единици како заменик командант, а потоа бил и политички комесар на Кумановскиот НОПО (1944). Подоцна ја презел должноста политички комесар на Брегалничко-струмичкиот (македонски) корпус. Бил делегат на Првото заседание на АСНОМ, а од војната излегол со чин полковник,

По војната Стевковски како искусен првоборец и висок воен старешина, ја извршувал должноста „помошник командант за заднина на воено подрачје”, најпрвин во Скопската армиска област (1945 - 1953), па потоа во Сараево (1953 - 1954), Белград (1954 - 1956) и од 1956 до 1965 година, бил на служба повторно во гарнизон Скопје.

Во меѓувреме, вонредно завршил гимназија, а потоа дипломирал на Правниот факултет и завршил Висока воена академија на ЈНА во Белград, каде станал и предавач по стратегија. Во 1962 година успешно положил генералски испит и се здобил со чин „генерал-мајор”. Тој бил претседател на Советот на Врховниот суд на Македонија и републички народен пратеник.

Благоја Стефковски – Гојчо починал на 3 декември 1965 година во Скопје.

Стевковски е носител на бројни одликувања: Партизанска споменица од 1941; Орден за храброст; Орден за воени заслуги со златни мечеви; Орден на братството и единството со златен венец; Орден Партизанската ѕвезда со пушки; Орден за заслуги за народ со сребрена ѕвезда;  Орден на Народната армија со златна ѕвезда и др.

1Tiho3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Подготвил : Т.К.

 

На прво место

News image

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле, молчеле и...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.