Среда, 22 Декември 2010    PDF Печати Е-пошта
Јован Котески

Jovan-KoteskiЈован Котески (14.01.1932 – 12.06.2001) -  е македонски поет и новинар. Завршил средно образование. Работел како новинар во Радио Скопје, а соработувал со различни весници и списанија.Јован Котески припаѓа на т.н трета генерација македонски писатели од педесетите години на која му припаѓаат Петре М. Андреевски, Живко Чинго, Богомил Ѓузел, Петар Т. Бошковски, Радован Павловскии др. Бил претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата, член на Македонскиот ПЕН центар и член на ДПМ од 1958 година. Јован Котески припаѓа на последната група политички затвореници - интелектуалци во поранешна Југославија, на кого му се суди без присуство на јавноста, за илегална активност за уривање на СФРЈ и создавање на независна македонска држава. За време на својот живот Опседнат со магијата на зборот Котески е автор е на повеќе збирки песни („Земја и страст“ (1958),„Злодоба“ (1963),„Раздор“ (1999), „Крточина“(2000) и др) и добитник е на повеќе награди („Кочо Рацин“,„Ацо Шопов“, „Григор Прличев“ и др.)

Јован Котески е роден на 14 јануари 1932 година во селото Присовјани, Струшко. Се родил како четврто дете, од вкупно петте деца на Петкана и Васил Котески. Додека татко му е на печалба во Братислава, Словачка, каде работи како шеќерџија, Котески детството го поминува чувајќи туѓ добиток. Животот поминат како овчарче, исполнет со спокојството на пасиштата, звуците на природата и  кавалите, какои приказните на селаните, кај Котески ќе ја пробудат поетската душа. Котевски во 1939 година, на седум годишна возраст, за првпат го сретнува својот татко, при неговата посета на селото. Виорот на Втората светска војна, а подоцна и Инфорбирото ќе ги оддели скоро две децении. Во периодот на Инфорбирото, неговиот татко паднал во немилост на власта, откако словенечките агенти пронашле слика на Тито во неговиот стан во Братислава. Писма престана да доаѓаат, а наместо печалба татко му заработи затвор.Во 1948 година бил осуден на 9 годишна робија.

Јован Котески во меѓувреме во 1946 година го напуштил своето село и се запишал во Охридската гимназија. Иако сиромашко, времето поминато во интернатот беше еден од најсреќните периоди на Јован. Средбите со еповите на Хомер, „Метаморфозите“ на Овидиј, „Боженствената комедија“ на Данте, драмите на Шекспир, романите на Толстој и Достоевски, ќе ја задоволат душата на поетот и ќе ја зголемат љубовта кон убавиот пишан македонски збор. Големата љубов кон литературата, ќе го одведе Котески по завршувањето на гимназијата во Скопје. Во 1954 година се запишува на студии по книжевност на тогашниот Филозовски факултет. За време на студиите во 1958 година, во неговиот студентски „ќумез“ повторно ќе се сретне со неговиот татко. Тоа била средба во која синот не го препознава својот татко, тоа била средба на„една прегратка на еден опустен и тегобен живот“.

Котески студиите никогаш не ги завршува. Се вработува како новинар во Радио Скопје каде ќе подготвува емисии од областа на литературата. Во меѓувреме соработува со повеќе весници и списанија. Вечито трагајќи по смислата на зборот, посебно во поезијата од Зборникот на Браќата Миладиновци, како врвен дострел на народниот гениј, Котески експериментира со модерните текови на современата македонската лирика. Првите две збирки песни ги објавува на 26 години.  Во 1958 година,  годината кога повторно ќе се сретне со својот татко, тој ќе ги објави збирките „Земја на страст“ и „Насмевка пред зорите“. Две години по смрта на татко му(1961), Котески во 1963 година ќе ја објави и третата збирка песни „Злодоба“.

По отслужување на воениот рок во Белград, Котески во 1965 ќе ја објави збирката песни „Тежина“, а по женидбата со својата животна сопатничка Катарина Шолдова и раѓањето на синот Васил во 1966 година ќе ја објави збирката песни „Пеплосија“. Шест години подоцна, две годино по раѓањето на ќерката Јасна(1970), Котески во 1972 година ќе ја објави збирката песни „Сенки“. Во 1975 ја објавува збирката песни „Зелени порти“, а истата година од печат се појавува избор од неговата поезија преведена на српскохрватски јазик. Поетот Јован Котевски не мирува. Само една година по смрта на неговата мајка(1977), ќе ја објави збирката песни „Хераклеја“ во 1978 година.

Во периодот помеѓу 1966 и 1984 година Јован Котевски патува во Франција, Италија, Русија, Полска и Романија, а подоцна и Унгарија. Се сретнува со повеќе значајни личности од светот на поезијата, а стекнува со повеќе познанства и пријателства. Средбите со Пабло Неруда, Иво Андриќ, Јанис Рицос и познанството со романскиот поет Никита Станеску ќе остават траги во неговиот поетски опус.

Јован Котевски во текот својот поетски живот не мирува. Во периодот од 1981 па до 2000 година ќе ги издаде збирките песни: „Поморија“ (1981),„Бденија и сновиденија“ (1982),„Полилеј“ (1983),„Плодови“ (1985),„Тапија“ (1985), „Живожарица“ (1990), „Сончева белегија“ (1990), „Морници“ (1991), „Глувчето со двоглед“ (поезија за деца, 1991), „Ралица“ (1992), „Злодоба“ (1992),„Лелејка“ (1994),„Самотија“ (1994),„Празник“ (библиофилско издание во ракопис, 1995),„Трагач“ (поема, 1995),„Решетки“ (1996),„Приќе“ (1997),„Одрон“ (1998),„Разор“ (1999), „Кртечина“ (2000).

Во овој период, кога Јован Котески целосно и се посветува на поезијата, единствена општествена функција која ја превзема епретседателствувањето со меѓународниот фестивал за поезија, Струшките вечери на поезијата, во 1981 и 1982. Сепак неговиот творечки поетски опус ќе боде прекинат во период од 1985 до 1990 година. Во периодот кога поетскиот збор не е наивна работа, по објавувањето на збирката песни „Тапија“ (1985), на 2 септември истатгодина, Јован Котески е уапсен во неговиот дом во Скопје и осуден на петогодишна робија. Обвинет е за илегална активност против Уставниот поредок на СФРЈ и за создавање на независна македонска држава. За време на судењето, еден од обвинителите бара казна затвор од 20 години. Додека Котески се наоѓа во затвор, сите поетски збирки се повлечени од книжарниците и библиотеките.

Додека домашната јавност молчи, а посебно неговите македонски колеги-поети, за судбината на поетот Јован Котески се заинтересира американскиот поет Ален Гинзберг, тогашен тогашен претседател на Комисијата за заштита на правата на писателите и новинарите во Светскиот ПЕН центар.Гинзберг, добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата, неуспешно се обидува во Македонија да ги организира македонските поети да протестираат и да бараат ослободување на Котески од затворот.

Matvejevic-1

Тоа што не му успева на Гинзберг, заради малодушноста на македонските поети, ќе му успее на хрватскиот писател и филозоф, Предраг Матвеевиќ. Котески ќе биде ослободен по двегодишна робија, во јули 1987 година. Ослободен е по петицијата потпишана од познати светски писатели и испратена до тогашното претседателството на СФРЈ, аорганизирана од Матвеевиќ,кој во тоа време е претседател на меѓународната асоцијација на ПЕН центарот со седиште во Њујорк.

Во 1989 добива место на помошник-библиотекар во локалната библиотека „Другарче“, каде  останува сѐ до пензионирањето. Во 1990 година патува во Загреб каде се среќава со Предраг Матвеевиќ, а во 1991 година ја објавува збирката песни „Морници“, која е настаната во текот на робијата. Иако во текот на последната деценија објавува повеќе збирки за кој добива награди,  Јован Котески  животот ја поминува во релативна изолација во својот дом во Скопје.

Otpusen-list-od-zatvor-Koteski

Во 1999 година оболува од рак. За време на своето боледување, во 2000 година има прилика да го види своето досие под кодно име „Интимист“. Од досието испишано на повеќе стотина страници, може да се види дека повеќе од 42 години, Јован Котески бил предмет на иследување на Управата за државна безбедност.Сето започнало уште во времето додека бил во Охридската гимназаија кога за првпат бил приведен на 16 годишна возраст заради апсењето на неговиот татко од страна на словачките агенти. Според полициското досие, како најупорни кодоши во текот на неговиот живот се појавуваат неговите колеги, македонските писатели и поети. Затоа Котески во шега но и болно ќе забележи дека неговото полициско досие е „биографија на пријателите“. Истата година ќе ја ја објави последната збирка песни „Кртечина“. Умира во кругот на своите најблиски на 12 јули 2001 година.

Постхумно му е доделена наградата „Климент Охридски“. За време на својот живот  добитник е на наградите: „Кочо Рацин“, „Нарциса“, „Ацо Шопов“, „Григор Прличев“ (за поема), „Браќа Миладиновци“. „Награда на ДПМ“, Награда за најдобра песна на „Струшките вечери на поезијата“.

 

На прво место

News image

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле, молчеле и...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.