Среда, 30 Март 2011    PDF Печати Е-пошта
Теодосиј Гологанов

teodosij-gologanovМитрополит Теодосиј Скопски (с. Трлис, Серско, 7. I 1846 – Софиjа, 1.II.1926) – бил духовник, македонски национален деец, црковен писател и борец за обновување на Охридската архиепископија и македонска национална држава. Теодосие Гологанов е еден од активните учесници во создавањето на самостојна македонска црква уште од 1874 година. Со доаѓањето на чело на Скопската епархија во почетокот на последното десетлетие на XIX век, владиката Теодосиј почнал активно да работи за издвојувањето на македонските епархии од составот на Егзархијата. Согледувајќи дека нема никакви услови новата црква да биде признаена во рамките на Отоманската империја и дека единствена можност што давала надеж била ставање под покровителство на оние цркви кои биле признати од Империјата, започнал соработка со Католичката црква за поминување во Унија. Ваквите активности ќе предизвикаат остри реакции на бугарскиот егзарх, кој ќе превземе остри мерки за да се спречи овој план. Со помошта на турските власти тој го уапсил Теодосиј, кои најпрвин го спровеле во Цариград, а потоа ќе биде изолиран во Бугарија до крајот на својот живот.

Теодосиј Скопски, чие световно име е Васил Гологанов, е роден на 7 јануар 1846 година во селото Трлис, Серско, во Егејска Македонија. Со основно образование се стекнува од својот татко, поп Илија, а по школувањето во ќелијното училиште во родниот крај, завршува грчка гимназија во Серес. Во 1860 година, Васил Гологанов бил испратен во манастирот „Св. Јован Претеча“ во Серско, каде се замонашува во 1862 година. Четири години по своето стапување во манастирот, од страна на митрополитот Прокопиј, Теодосиј бил ракоположен за јеромонах и поставен за игумен во 1864 година.

Теодосиј активно се вклучува во националното движење преку борбата за отворање на училишта и замена на грчкиот со црковно-словенскиот јазик при богослуженијата во 1865. Во 1867-68 г. се наоѓа во Мостар како протосинѓел на Херцеговскиот митрополит Прокопиј. Тука се зближува со херцеговските востаници и под псевдоним испраќа дописки до српски весници, повикувајќи ги словенските народи на востание против Турците. Со порака од херцеговските востаници да организира востание и во Македонија, се упатува преку Солун кон Серез, но е уапсен од турската власт. Го спасува грчкиот серски митрополит. Подоцна Теодосиј заминал за Пловдив каде бил поставен за ефимериј при црквата „Св. Богородица“, а потоа за игумен на Кричимскиот манастир „Св. Врач“ (1869-1873).

По отварањето на Бугарската егзархија во 1870 година, македонскиот народ принуден да бира помеѓу Цариградската патријаршија и Егзархијата, ја одбира бугарската црква која како славјанска била поблиска до неговите интереси. Теодосиј Гологанов како игумен на Кричимскиот манастир „Св. Врач“, од страна на Пловдивската црковна општинаво во 1873 година го поставува за претседател на Црковно-училишната општина во Серес, Во 1874 г. тоj е удостоен со архимандритски чин од страна на езгархот Антим и е поставен за ефимериј при храмот „Св. Стефан“ во Цариград. Оди во Цариград и одново станува духовник при црквата „Св. Стефан“.

Веќе наредната 1875 година егзархот го испраќа архимандритот Теодосиј како заменик на митрополитот Партенија во Ниш, кој  тогаш бил под jурисдикциjа на Егзархијата. За време на Српско-турската војна во 1877 година се повлекува во родното село, а потоа заминува во Цариград на старото место во црквата „Св Стефан“

По Руско-турската војна и Санстефанскиот прелиминарен договор во 1878 година, егзархот Јосиф оди во Пловдив, а за свој заменик го поставува Теодосија. Помеѓу 1878 и 1880 работи како Екзархиски наместник во Цариград, а од 1880 до 1885 година е поставен за претставник на Егзархијата при Високата порта. Новото унијатско движење во Македонија за обнова на Охридската архиепископија тој на почетокот не го одобрува, а играта со архимандритот Кусевич како заменик, го враќа пак при црквата „Св. Стефан“.

Иако е избран за егзархиски митрополит скопски уште на 29. XII 1884 година, се до 1890 година ќе чека во Цариград за определеното митрополитско место. Вака долгото чекање било резултат на острото спротивставување на Цариградската патријаршија, поддржана од Грција и Србија. Ваквото спротивставување за назначувањето за митрополит скопски, ќе го натера Теодосиј да размислува за обнова на Охридската архиепископија. Преку Коста Групчев и Наум Евро во 1887 година се поврзал со Тајниот македонски комитет, организација на македонски интелектуалци во Софија, кои се залагале за возобнување на Охридската архиепископија и протерување на бугарските свештеници и учители.

За време на преговорите на Тајниот македонски комитет со српската влада во 1886 година, Белград спроведувајќи ја својата пропаганда, привидно се согласил доколку се заменат бугарските со српски зборови во македонскиот јазик кој не бил официјализиран при печатењето на македонски весници, да биде актуелизирана обновата на Охридската архиепископија. Врз основа на овие договори, Теодосиј изразил готовност доколку се возобнови, да застане на чело на Охридкста архиепископија.

За да го спречи ширењето на српската пропаганда, Егзархот Јосиф I со подршка од бугарската Влада во 1890 година, повторно побарал да се издадат берати за егзархиските епископи за Скопје и Охрид. На 15 март 1890 година од Големиот Везир се добива само дозвола за времено престојување. Во март 1890 година Теодосиј се обидува да дојде во Скопје без нужниот берат, но по протестите од грчкиот и српскиот конзул, на 27 април 1890 година валијата го враќа во Цариград. За време на патувањето со брод од Солун за Цариград разговарал со српскиот конзул во Солун, на кого му изјавува дека доколку се возобнови Охридската архиепископија тој би се откажал од Егзархијата.

Согледувајќи ги штетните влијанија на странските пропаганди во Македонија и опасноста за македонскиот национален идентитет, митрополитот Теодосиј Гологанов во своето писмо од 22. VII.1891 година до проигуменот Дионисиј ќе напише: „Ние Македонците немаме толку мака од Турците да ни е жив падишахот, колку од Грците, Бугарите и Србите, кои како орли на мрша се впуштија на оваа наша многустрадална земја и сакаат да ја расчеречат... Нашата Егзархија со својата црковна и просветна дејност тука во Македонија ја врши всушност најмизерната задача, му го одзема името на еден народ и го заменува со друго, му го одзема мајчиниот јазик и го заменува со туѓ, му ги одзема сите национални белези и ги заменува со туѓи... Турците земаат имоти и животи на рајата, но не посегнуваат по неговиот дух... А, нашата света Егзархија го убива ова другото, постојаното... Ние духовниците, по потекло Македонци, треба да се здружиме и да го покренеме нашиот народ да се разбуди, да ги отфрли туѓинските управи, да ги отфрли Патријашијата и Егзархијата, и да се обедини духовно во лоното на Охридската Црква, нивната вистинска мајка црква. Не е ли крајно време да се запре националното делење на ист народ само поради тоа што едниот ја признава Патријашијата, другиот Егзархијата, а третиот му се клања на Мухамед“

Ваквите изјави доааѓаат до егзархот Јосиф I, а кога тој сакал да го смени Теодосиј од местото митрополит скопски, Високата Порта која во меѓувреме ги издала долгоочекуваните берати , под притисок на српската влада не дозволила. Теодосиј по добивање на бератот, пристигнува во Скопје на 25. VII 1890 година. Во Скопската епархија Теодосиј прави големи кадровски и други промени што водат кон отцепување од Егзархијата. Во употреба го воведува македонскиот јазик, има своја печатница, сопствени вули и други документи. По оштрата реакција на Егзархот, Теодосиј поведува разговори со австро-унгарскиот конзул Шмукер и со ватиканскиот претставник Бонети  (3. XII 1891) за влегување на Унијата, доколку се осамостои Архиепископијата во границите на цела Македонија во канонско единство со Римокатоличката црква.

Бугаескиот егзарх и писмено го разрешува од должноста по јавните реакции, а од турските власти бара Теодосиј да биде спроведен во Цариград. Во јануари 1892 година митрополитот Теодосија засекогаш го напушта Скопје и на 11 март е испратен на принуден престој во софискиот Драгалевски манастир, каде што се до 1901 година е наполно изолиран. По краткиот престој во Пловдив, тој е испратен во Рилскиот манастир во 1906 година, но наскоро пак е вратен во Софија. Поддржан од Скопската епархија и од луѓето околу П. Попарсов, Теодосија конкурира на распишаните избори за нов митрополит во Скопје во 1910 година. Истовремено се поведува акција на Теодосија, Попарсов и Мисирков за отворање Висока педагошка школа во Скопје, но сето тоа е оневозможено.

Теодосија Гологанов има објавено повеќе книжевно-научни богословски трудови и преводи, а Бугарското книжовно дружество го избира за редовен член на 10. I 1910 година. Кога во Првата светска војна германскобугарските војски ја завладуваат Македонија и Егзархијата ја враќа својата јурисдикција, пак не му е дозволено митрополитското место во Скопје, туку е пратен во Ѓумурџинската епархија, Тракија. По војната е сместен во Духовната академија во Софија, без никаква должност, каде што и умира.
 

На прво место

News image

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле, молчеле и...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.