Среда, 07 Април 2021    PDF Печати Е-пошта
Дончо Штипјанчето

Doncho_ShtipАндон Стојанов (Ерџелија, Светиниколско, 1867 - Ќустендил, Бугарија, 15 април 1931) познат како Доне Тошев или Дончо Штипјанчето бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и деец на Македонската револуционерна организација.

Тој е роден на 20 април 1867 во Светинколското село Ерџелија.

Негови родители биле Стојан Илиев-Тоше и Мита. Учел шест години во бугарско егзархиско училиште во Штип, а потоа изучувал занат и од 14 години почнал да работи како кожар по селата. Тој активно учествувал во штипското егзархиско читалиште Дејателност каде се запознал со животите и делата на Васил Левски, Христо Ботев и други бугарски револуционери. Некаде околу 1888 година се оженил со Катерина(1863-1958).Таа била ќерка на иконом поп Апостол Поликарев(поп Паликарија) штипскиот делегат кој ја преставувал Ќустендилската епархија на Првиот Црковно-народен собор на Бугарската егзархија во 1871 година.

Братот на Кaтерина-Григор поп Апостолов бил учител во Кочани и во 1885 година бил осуден поради обид за покренување на воружена акција против Османлиската империја, а тој починал кон крајот на 80-те години во Диарбекир. Околу 1888 година таткото на Дончо бил убиен, и сега Дончо Штипјанчето требало да се грижи за целата фамилија , почнал да се занимавa со кираџиство, односно за одреденa сума на пари пренесувал разни стоки, а оваа работа му овозможила да оствари разни познанаства кој подоцна му помогнале во револуционерната дејност.

По создавањето на Штипскиот револуционерен комитет од страна на Дамјан Груев во учебната 1894/1895 година, Даме успеал да го придобие и Дончо на страната на Македонската револуционерна организација. Тодор Станков еден од членовите на комитетот го препорачал кај Гоце Делчев и тој станал негов курир.

Првата задача на Дончо во 1895 година, тогаш бил задолжен од страна на Гоце Делчев да ја осуети агитацијата на Александар Чакаров (родум од Велес) во името на Македонскиот комитет . Чакаров требало да покрене востание во Виничко но бил спречен во тоа. Од крајот на 1895 година Дончо покрај оружје, револуционерна литерaтура и коресподенција започнал да пренесува за комитетите и бомби кој во тој период главно биле изработувани во бомболеjaрницата на Наум Туфекчиев во Софија.

Во април 1896 година Дончо бил фатен од страна на турcките власти на влезот во Битола при пренесување на бомби, револвери и муниција. Од страна на турcката власт бил подложен на најжестоки мачења но тој не издал никого. Тоа му дало можност на Гоце Делчев да се врати во Штип од планирано патување во Софија, тој бил испитуван од штипскиот кајмакам и бил притворен по еден месец во Скопје но набргу бил оcлободен бидејќи немало докази за поврзаност со оружјето. Дончо пак бил осуден на 101 година затвор во прангии, а оваа казна подоцна му била намалена на 15 години. Ѓорче Петров за храброста на Дончо кажал:

Доне си создаде име во организацијата како прататко на тврдоста при најголемите страдања. Така се создаде традиција, еден дух да не се искажува, да не се издава ништо...

Неговиот подвик бил опеан од Пејо Јаворов со кого имале и лично познанство, како и од Димитар Талев кој црпел сведоштва од жена му Катерина, а херојството на Дончо е воспеано од битолчани во позната револуционерна песна Ми товарил калеш Дончо:

Го фрлија калеш Дончо

Во темни занадани,

Го мачеја пусти Турци

Во тесни долапи...

Дончо во битолскиот затвор се нашол со организациските луѓе Јордан Гавазов и Стојан Лазов, а заедно го нападнале просрпскиот настроен Мицко Крстевски кои 4 пати бил прободен со нож, а Дончо поради тоа се нашол нови три месеци во 'долапот' со димензии метар на метар на метар и 50,каде што бил затворен и првите 6 месеци. По Грчко-турската војна, Бугарија поради својата неутралност меѓу другото издејствувала амнестија за сите политички затворени бугари (македонци егзархисти), а Дончо заедно со други 9 затвореници бил ослободен на 20 октомври 1897 година. По излегувањето од затвор заминал за Штип, но повторно бил баран од турските власти и затоа со своето семејство заминал за Бугарија зимата на 1897/98 година и се населил во Ќустендил.

Дончо ја продолжил својата револуционерна дејност и продолжил да пренесува товари со својте коњи. По смрта на Даме Груев се приклонил кон Христо Матов и Тодор Александров, а својата дејност ја продолжил во ВМРО (Автономистичка) се до 1922 година кога му се влошило здравјето.

Дончо умрел на 15 април 1931 година во Ќустендил..

Извори

Крупишки Н.Дуков Г.-Дончо Штипjанчето - првиот курир на Гоце Делчев.Според спомените и сведоштвата на неговата керка Елена Тошева-Рашенова.Штип 1995/6 изд.Штампа

Спомени на Гьорчо Петровъ

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.