Среда, 19 Октомври 2011    PDF Печати Е-пошта
Димко Серванов – Могилчето

Dimko_Sarvanov_MogilchetoДимко Илиев Серванов – Могилчето (с. Могила, Битолско, 1879 - с. Ношпал, Битолско, март 1907) - македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација. Учествува во Илинденското востание, а како околиски војвода на Битолската полска чета на ТМОРО учествува во повеќе борби.  Бил голем прврзаник на македонската национална кауза и се спротивставува на делувањето на грчките чети во Мариовскиот крај. Се истакнува во борбата со турските даночници и станува популарен помеѓу народт кој ќе испее песни  за неговата храброст и јунаштво. За да не биде фатен жив од Турците, тој се самоубива.

Димко Серванов е роден во 1879 година во битолското село Могила. По името на родното место го добива и прекарот Могилчето со кој ќе стане познат и популарен помеѓу народот. Израснал во револуционерно семејство. Неговиот постар брат бил член на ТМОРО. Димко завршил основно образование. Мошне рано ќе тргне по стапките на својот брат.

Младиот Димко или уште познат како Димче, се приклучува на четата на Ѓорѓи Сугарев, по нивното пристигање во селото, Станува член на ТМОРО и активно се вклучува во борбата на македонскиот народ против Отоманската империја за ослободување на Македонија. Со четата на Ѓорѓи Сугарев, Димче Серванов – Могилчето дејствува во Мариово и Битолско.

Во 1903 година Димчо Могилчето зел учество во Илинденското востание во чета со Јон Кафеанџијата (Иван Димов – Пашата). За време на востанието учествува во борбите кои се водат во реонот на Пелистер и Преспа.  По востанието, во 1904 година бил поставен за околиски војвода на Битолската полска чета. Заедно со реонските војводи Иван (Јон) Димов – Пашата и Трајко Крало, Димче Могилчето учествува во повеќе борби и акции.

Димче Серванов - Могилчето бил против српската и бугарската оружена акција во Македонија и бил голем приврзаник на македонската национална кауза, што се гледа од зачуваната коресподенција. За потребите на Македонската револуционерна организација, Серванов од повеќе донатори собрал над 400 наполеони. Најчести борби и акции кои ги води по Илинденското востание се против намножените андартски чети, како и против домашните предавници и турски даночници.

На 1 јули 1905 година, Димче Могилчето во соработка со Јон Димов-Пашата и Трајко Кралот (од село Брник, Мариовско), од заседа го убил злогласниот Шефкија-бег, кој имал чифлик во село Могила. Убиството на Шефкија-бег, за кого се сметаше дека куршум не го бие, силно ќе одекне кај турското и македонското население. Додека овој настан силно ќе ги растревожи битолскиот валија Селм ефенди, убиството на злогласниот бег кој го тероризираше македонското население ќе го орасположи народот и ќе стане главниот мотив за обликувањето на ликот на Димче Могилчето во народната песна.

Судирите со андартските чети беа чести и погубни. Во 1907 година, четите на Димче Сарванов – Могилчето, Трајко Крало и Лука Геров се судрија со андартските чети кај село Ивени, Мариовско, Во битката во која свој придонес имаше и турскиот аскер, загинаа триесетина четници, а Димче Могилчето бил тешко ранет. По битката Димче Могилчето бил пренесен во Битола каде се лекувал.

Во месец март 1907 година, при една организациона обиколка, Димче Серванов - Могилчето бил откриен и гонет од османлиска потера. За да се засолни пред турската потера се сокрил во подземна скривница во селото Ношпал, Битолско. Плашејќи се да не го откријат, една жена ставила камен на малиот отвор на скривницата. Димче Могилчето останал без воздух и почнал да се задушува. Потерата заминала, но тој мезнае што се случува. Неможејќи веќе да издржи од задушување, и несакајќи жив да падне во турски раце тој се решил на саможртва. Додека турската потера се одалечувала од скривницата се чул пригушен истрел. Погребан бил во Битола.

Неговиот бурен живот завршил, но неговите храбри и јуначки дела ќе останат запаметени од народот во Битолскиот крај. Неговите дела ќе бидат опеани во народната песна.

Постојат повеќе песни и разни верзии, од кои најпозната е песната „Абер ми иди од Могила“. Во оваа македонска народна песна се пее за храброста на Димче Могилче кој не се плаши од битолскиот валија Селим ефенди кој му се заканува со негивиот аскер, по убиството на турскиот насилник Шефкија.  Во песната „Абер ми иди од Могила“. народниот пеач ќе запее:

Абер ми иди од Могила,
низ поле Пелагониско,
право ми оди Битола
Битола кај валијата.
Валијо бре Селим-ефенди
Могила е полна кумити
таму е Димче Могилче.
Налутил се Селим-ефенди,
спрегнал си коња дорија
одбрал си аскер најсилен
утре ќе оди Могила
одбрал си аскер најсилен
низ прстен јајце да протни.
Излези бре Димче Могилче
жената ќе ти ја украдам
далеку ќе ја однесам
во сарај ќе ја потурчам.
Ај од тука Селим-ефенди
ај од тука куче касапско,
кожата ќе ти ја одерам
на плевна ќе ја обесам.
 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.