Среда, 26 Октомври 2011    PDF Печати Е-пошта
Иван Дејанов

transfuziologijaАкадемик Иван Дејанов прв македонски трансфузиолог и прв претседател на Македонско - израелското друштво за пријателство и соработка.

Иван Илиев Дејанов (Ќустендил, Бугарија, 6. I 1932 - Скопје, 10. VII 2001) - трансфузиолог, имунолог, академик, прв претседател на Македонско - израелското друштво за пријателство и соработка. Тој е основач на модерната трансфузиологија во Република Македонија, а како прв специјалист трансфузиолог успешно ја насочувал трансфузиологијата како научна и клиничка дисциплина, создавајќи бројни кадри и високо реноме на Републички Завод за Трансфузиологија (РЗТ).

Иван Дејанов е роден на 6 јануар 1932 година во Ќустендил, Бугарија. До Втората светска војна живее во Ќустендил, град со 20.000 жители од кои во тоа време 3.000 Евреи. Уште како мал, покрај другите се дружи со многу Еврејчиња кои учеа со неговиот дванаесет години постар брат, а кој тој ги води во нивната куќа. Во нивниот дом во Ќустендил, не беа присутни само Еврејските ученици, туку доаѓаа и Евреи кои се дружеа и живееја со неговите родители.

Во 1941 година неговите родители се вратија во Македонија, во родното село на татко му. Иако е мал, сепак го чуствува стравот од војната, неизвесноста која го носи времето на бугарската окупација на земјата. До него допираат раговорите на неговите родители за фашистичките окупатори, за стравотиите на војната и судбината на Еврејските семејства.

Откако завршил основно и средно образование, Иван Дејанов по војната се запишува на Медицинскиот факултет во Скопје. Дипломирал во 1958 година, а од 1960 година работи во Заводот за трансфузија на НРМ. Ангажирањето на д-р Иван Дејанов, како и на други лекари (д-р Љ. Сотировска, д-р В. Захариев) директно ќе влијае во подемот на стручната работа и унапредувањето на крводарителството.

Вработените во Заводот посебно ќе се истакнат со својата пожртвуваност за време на катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година, а стекнатото искуство како да се реагира при масовни несреќи ќе им овозможи подобро да ја организираат Службата.

Д-р Иван Дејанов, во два наврата (1964-1965 и 1966-1968), заминува на усовршување во лабораториите за хемостаза и тромбоза на познатиот Медицински факултет на Северна Каролина (САД) кај К. М. Бринхаус и Г. Д. Пенинг. Во 1965 година Д-р Дејанов станува прв специјалист по трансфузиологија во Македонија, а во 1968 година го формира Одделението за хемостаза и тромбоза со биохемиска, хематолошка и имунолошка лабораторија.

По кадровските промени и материјалната косолидација во 1968 година, во Заводот за трансфузија се создаваат услови за развој на научно-стручната работа. Овој развој е посебно нагласен во осумдесетите години кога е набавена софистицирана опрема и се осовременуваат сите лаборатории. Напорите вложени во изградување на специјализираниот кадар и осовремнеувањето на лабораториите се враќаат со извонреден плод.

Потребните услови ќе му овозможат на Д-р Дејанов да ја започне својата научностручна работа која се однесува на растројствата на хемостазата (вродени и придобиени), рационална и оптимална употреба на крвта и крвните деривати, на проблемите на сигурна крв, докажување на вирусите на хепатитот, воведување методи за имунолошка дијагностика, како и на методи за пречистување и производство на дијагностички и тераписки материјали.

Одделението за тромбоза, хемостаза и имунохемија, со кои повеќе од три децении раководи Прим. Д-р. Иван Дејанов, се развива во еден солиден, модерен комплекс од лаборатории, во кои се извршува производството на соодветни реагенси за дијагностика и терапија на хемостатските растројства.

Во 1982 година за својата табота, Прим. Д-р. Иван Дејанов добива Орден на трудот со златен венец.

Неговите трудови за постоење дефицит на антитромбин III, на постоењето на деградационите продукти на протромбинот во циркулацијата, за кооперацијата на имуногенезата и тромбогенезата се високо вреднувани кај нас и во светот. Во периодот од 1991 до 1993 година, меѓу првите во Европа, тој работи на изучување на хепатитот Б, а особено на хепатитот Ц кај болните на дијализа.

Д-р Дејанов своите научно-стручни истражувања и искуства ги отпечати и соопшти во над 350 публикации и соопштенија. Напиша 3 книги со своите соработници. Своето знаење го разменуваше и го збогатуваше со колеги од Европа и од светот при посета на познати центри за хемостаза и учество на конгреси: Осло (1971), Виена (1973, 1979), Хелсинки (1975), Атина (1976), Париз (1978), Прага и П’лзен (1977, 1978), Будимпешта (1982), Москва (1969, 1981, 1985), Минхен (1978), Франкфурт (1982), Упсала (1991), Хајделберг (1991).

Во 1983 година д-р Иван Дејанов е избран за виш универзитетски предавач на Медоцонскиот факултет,  а неговите извонредни научни трудови ќе му овозможат на 26 јуни 1997 година да стане редовен член на МАНУ. Од 1997 година тој ги раководи проектите на МАНУ „Антимикробната и антитромботичната активност на антибиотиците“ и „Антропогени ефекти врз `ивотната средина во Охридско-преспанскиот регион“.

Во текот на својот живот Д-р Иван Дејанов бил доста активен во здраствениот и во политичко-општествениот живот во Македонија (пред и по осамостојувањето во 1991 г.). Тој бил пратеник во Собранието на СР Македонија, претседател на Секцијата за хематологија и трансфузиологија при Македонското лекарско друштво (МЛД), член на повеќе работни тела на Медицинскиот факултет како и делегат на СИЗ за здравство.

По осамостојувањето на Македонија, Д-р Иван Дејанов во 1993 година се обраќа до тогашниот претседател на Израел, Владата и Парламентот на Израелската држава со молба за признавање на Македонската држава. За кусо време добива одговор дека израелската делегација ќе се залага во Обединетите Нации за прием на Македонија во оваа организација.

Престојува на Конгрес во Израел и по враќањето од таму, во контакт со Тодор Петров и други пратеници, проф Тевчев и други луѓе, разговара за формирање на Македонско - Израелско друштво. Најнапред формира иницијативен одбор кој подоцна ќе прерасне во претседателство на Македонско - израелското друштво за пријателство и соработка. За прв претседател на ова друштво ќе биде избран Д-р Иван Дејанов.

По признавањето на Македонија од страна на Америка, Македонско-исраелското друштво за пријателство и соработка, на чие чело е д-р Дејанов, испраќа писмо до тогашниот претседател на Израел Исак Рабин, за воспоставување на дипломатски односи меѓу двете држави, по што за кусо време бил добиен позитивен одговор, а дипломатските врски меѓу Македонија и Израел биле воспоставени во 1995 година.

Д-р Иван Дејанов интензивно работи на воспоставување на прекинатите духовни нишки меѓу македонскиот и израелскиот народ, а неговата идеја за изградба на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија ќе се исполни скоро една деценија по неговата смрт.

На 10 март 2011 година, беше отворен Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија

Проф Д-р Иван Дејанов умира на 10 јули 2001 година во Скопје.
 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.