Среда, 30 Ноември 2011    PDF Печати Е-пошта
Кераца Висулчева

KERATZAvissoultchevaКераца Висулчева е родена на 7 април 1911 година во село Несрам, костурско, Егејскиот дел на Македонија, во времето на државата Грција, а почина на 13 јануари 2004 година во Скопје, Вардарскиот дел на Македонија, во државата Македонија.

Брзо по нејзиното раѓање, нејзиното семејство го напушта родниот крај за да се спасат од грчките андарти. Додека бил градоначалник, нејзиниот татко е осуден и затворен во костурскиот затвор, бидејќи отворил македонски училишта и цркви во Грција. Татко и на Кераца успева да избега од затворот, оставајќи голема сума златници во селото и семејството и се сели во Бугарија. Најголемиот дел од животот, Кераца Висулчева го минала во градот Пловдив, Бугарија.

Во 1930 година Кераца Висулчева се запишува на Ликовната академија во Софија. Студиите ги завршила во 1935 година и ја добива наградата од Фондот „Ана Бешевлиева“. На една од првите изложби каде што учествува, нејзиниот талент бил забележан од големиот уметник Иван Мрквичка кој истата година и предлага да биде вклучена во Сојузот на бугарските ликовни уметници. Тоа била голема чест за младата уметничка. Поради јавното искажување дека е Македонка, на нејзино инсистирање во 1941 година доаѓа во Македонија и се вработува во Женската гимназија во Скопје. Во меѓувреме учествува на неколку групни изложби. Заради одредени семејни обврски се враќа во Бугарија 1944 година и предава цртање во неколку гимназии во Пловдив, каде останува да живее се’ до своето преселување во Скопје. Во 1965 патува во повеќе градови на Франција (Арл, Авињон), а подолго време се задржува во Париз импресионирана од Монмартр, Сакр Кер, Пигал, Мулен Руж, ликовно документирани на повеќе нејзини урбани пејсажи. Во 1980 година по долго време исчекување и напори го посетува своето родно место Несрам во Костур. Девет години пред својата смрт, на 85 годишна возраст се преселува во Република Македонија, каде Министерството за култура и се оддолжува водејќи грижа за нејзиниот престој и обезбедувајќи заштита за делата кои ги остави за Македонците и на Македонија.

Целокупното творештво од над 500 дела (слики, пастели, акварели и скулптури) Кераца Висулчева го остави во трајна сопственост на македонската држава. Нејзина последна желба беше уметничките дела да не се продаваат, туку да останат дел од националното богатство на Македонија. Делата во моментов се наоѓаат во Музејот на Македонија и во Сарајот во Ресен. Дел од творештвото се наоѓа и во Европа, дури и во Лувр, Франција.

Стилското дефинирање на целокупниот опус на Кераца Висулчева се задржува на реализмот и пост-импресионизмот, со мали отклонувања кон национал-романтизмот. Нејзиното сликарство накусо се означува како сликарство на импресијата, на чувствата и душата. Позначајно од стилската определба е бескомпромисната одаденост на уметноста и нејзините феномени: бојата, формата, светлината и цртежот. Страста кон сликањето не и’ дозволила на оваа борбена сликарка да стане заложник на тематски, идеолошки или содржински диктати. Напротив, поетиката на пејзажите, спокојните визури на урбаните сцени од Париз, Антиб или Авињон, сензибилитетот на балерините, дамите и капачките, напоредни на благородните физиономии на редица значајни личлности од нејзиното опкружување, укажуваат на доследност кон естетскиот принцип. Во духот на сопствената кауза и интима се реализирани и нејзините автопортрети, мајката на Никола Вапцаров, училиштето во Пиринскиот дел на Македонија.

Психолошкиот третман на портретираните личности го имаат својот пандан во емотивниот пристап кон раскошната архитектура на Монмартр или Мулен Руж и кон не помалку возбудливата ерупција на морските бранови. Повеќето актови соопштуваат длабока почит кон женските тела. Во делата „Несрам“, „Моето родно село 1980“ и „Мојот роден крај 1980“, работени на седумдесетгодишна возраст (кога за првпат по неколку децении го посетува родното место), очигледно е присуството на болката, носталгијата или меланхолијата згуснати во времето, собирани со децении во една емотивна жена.

Цел живот во потрага по Македонска држава низ Балканот и светот, со уметничката четка, Кераца Висулчева ја исполни својата вековна желба и умре во државата Македонија.

За нејзиниот живот и дело пишуваат и ќе пишуваат, ќе се инспирираат ликовните критичари и сликари, на нејзините жанрови, пејсажи и портрети ќе се учат младите и постарите ликовни уметници, а нејзината оставштина ќе биде примамлива дестинација во Музејот на Македонија за пошироката домашна и светска јавност.

Кераца Висулчева живееше својски, боемски, како што вели народот беше со уметничка душа предадена на своето дело, што повеќе да остави на платно при живот, по малку исполнета со нејзината тврдоглава гордост, но убедена, дека ја црта историјата на својата Македонија од Белото море до Пловдив, од Париз до Скопје.

Сакаше дел од своите уметнички дела да остави во Царскиот дворец, како што знаеше да каже за Музејот во Ресен. Министерството за култура и ја исполни таа желба и отвори постојана изложбена поставка на дел од нејзиното богато уметничко творештво. Макар и посмртно, со нејзината оставштина во Ресен и Скопје таа вечно ќе живее во Македонија.

Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет и се оддолжија формирајќи Фондација „Кераца Висулчева“, со цел грижа за нејзиното име и дело, а Светскиот Македонски Конгрес како неформален Светски Парламент на Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет, и’ го додели највисокото светско македонско признание - почесна титула „македонски сенатор“.

Нејзината последна желба беше уметничките дела да не може да се купуваат и продаваат. Тоа е мојот тестамент - повторуваше Кераца Висулчева. Да останат дел од националното богатство на Македонија. Така и бидна.

Кераца никогаш не ги продаваше своите картини. Живееше ацкетски, со последните пари купувајќи бои, платна, рамки и четки, испоснички цртајќи по европските метрополи и плоштади, се’ до враќањето во Македонија.

Благодарност на Кераца Висулчева за се’ што стори за Македонија и нека биде макар најмал мост на разбирање меѓу Грција, Бугарија и Македонија, затоа што нејзиниот живот и нејзините родители, како и на многумина расеани и разделени, протерани и прогонети Македонци од родните огништа, беа и останаа сведоштво на македонската голгота од балканските војни, од поделбата на македонскиот народ и Македонија.

За среќа, како и секогаш порано, како и секогаш пред тоа и по тоа, како феникс од таа балканска пепел, проникна уметничката душа на Кераца за да всади дух на култура и да каже и покаже, на Балканот и пред светот, дека македонската култура никогаш не умира, таа вечно трае, облагородува и интегрира. Како што вечен ќе биде поменот и споменот за неа.

Веруваме дека почива во мир, а од висините со песните на ангелите не потсетува, да ги заборавиме војните затоа што само со културата постоиме, со културата да се облагородиме.

На 23 ноември во Скопје, во Македонската опера и балет, во соработка со Музејот на Македонија, а по иницијатива на Фондацијата „Квалитетна уметност„ на Росица Дикиџиева, внуката на Кераца Висулчева, се одржа Балетска вечер и изложба на дел од уметничките слики во чест на 100 години од раѓањето на ликовниот уметник Кераца Висулчева.

Пригодна беседа за Кераца Висулчева одржа академик Блаже Ристовски, а на изложбата и балетската вечер присуствуваше делегација на Светскиот Македонски Конгрес предводена од претседателот Тодор Петров.

- Не сум јас таканаречена, јас сум Македонка, - знаеше често да рече Кераца.

Вечна и слава на Кераца.

Амин!

todor_petrov

 

 

 

 

Припремил: Тодор Петров

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.