Среда, 14 Декември 2011    PDF Печати Е-пошта
Гоце Арнаудов

goce-arnaudov

Гоце Арнаудов (Струмица, 19. VIII 1954 – Струмица, 6. XII 2011) – е македонски интерпретатор на народна и популарна музика.  Со музика се занимава уште од раното детство. На почетокот на естрадната кариера настапува во групата на неговиот татко, а како завршен средношколец оформува сопствена група со која се претставува пред Македонската  публика.

Гоце се вбројува во урбаните фолк изведувачи, кој продуцира модерни фолк звуци, врз основата на македонската мелоритмика. Со своите интерпретации и настапи ќе предизвика вистинска ренесанса на македонската естрадна сцена. Тој е вистински бунтовник на сцената, кој знае да ја привлече публиката. Постигнува извонредни резултати интерпретирајќи повеќе од 200 песни. Настапува на повеќе фестивали и гостува во повеќе земји во светот. За својата работа добитник е на повеќе награди и признанија. До крајот на својот живот остана голем борец и македонски патриот. Неговите песни уште долго време ќе зборуваат за неговото дело.

Гоце Арнаудов е роден на 19 август 1954 година во Струмица. Уште од раното детство започнува да се занимава со музика, а на македонското небо се појавува нова ѕвезда која со својот талент ширум ќе ги отвори вратите во светот на музиката. Гоце Арнаудов веќе на 10 години почнува да свири гитара и пее во групата на неговиот татко. По завршувањето на средното образование оформува сопствена група „Крик“, со која се претставува пред тогашната југословенска публика.

Неговиот музички талент  повторно блеснува  на македонската музичка сцена по неговото враќање во Македонија во 1991 година. Гоце Арнаудов за првпат настапува на домашната сцена во февруари 1992 година кога се појавува на „Гоце Фест“ со песната „На 8 –ми септември“, која ја пее во чест на осамостојувањето на Македонија. Истата година се појавува и фестивалот „Цветници“ каде настапува со песната „Полни, полни бре меанџио“.

Неговите настапи предизвикуваат еуфорија кај домашната публика, а појавата на фестивалите му ги носат и првите признанија. Валандовското елегично издание на Гоце Арнаудов кој во дует со Блага Петревска ја пее „Пее за да не заплаче“,  ги освојува симпатиите на македонската публика и музичката критика. Во 1994 година, на фестивалот „Фолк фест – Валандово“, со песната „Дали чекаш стара мајко“ , Гоце Арнаудов ги освојува сите можни награди, а неговата песна ќе постане евергрин. Веќе дваесет години,  таа е една од најомилените и најслушани песни на македонскиот фолкор.

Година дена потоа, во 1995 година на „Гоце Фест’, Арнаудов ќе ја испее песната „Проклети да се предавниците“, а на валандовскиот фестивал ја изведува победничката песна „Жетварска љубов“. Со своите интерпретации и настапи ќе предизвика вистинска преродба на македонската естрадна сцена. Тој е вистински бунтовник на сцената, шоумен кој знае да ја привлече публиката. Пет години последователно, Гоце Арнаудов ќе биде прогласен за најпопуларна личност во Македонија.

Постигнува извонредни резултати интерпретирајќи повеќе од 200 песни. Учествува на стотина фестивали, од кои на преку 60 има освоено прво место. Само учеството на фестивалот „Фолк – фест Валандово“ му донеле 22 награди, а голем дел од неговите песни се добитници на награди од публиката и телевизискиот аудиториум. Неколку пати добитник е на наградата за интерпретација „Никола Бадев“,  на фестивалот „Гоце Фест“.

Екстравагандниот изглед на Арнаудов, надополнет со извонредниот осет за сценски настап и песна која знаеше да развесели, но и да натажи, ја привлекуваше публиката. Таа никогаш неможеше да остане равнодушна на неговата песна. Во 2000 година, во својот роден град Струмица, Гоце Арнаудов успева да привлече на својот концерт 10.000 – на публика што на естрадата преставува огромен успех, не само за македонски услови. Локалните власти го прогласуваат за почесен граѓанин  и пејач на деценијата.

Неговите песни беа полни со љубов, нежност, топлина, радост и тага, но и со патриотизам. Гоце беше голем Македонец, човек со срце и душа македонска. Тој знаеше низ својата песна да пропее за македонската сага, но и да посочи кон проклетите душмани и предавници на својот народ. Таа непосредна бунтовност во неговата песна го привлекуваше секој македонец, не само дома туку и во дијаспората.

Гоце Арнаудов не ги заборава ни македонските иселеници. Повеќе пати тој ја посетува дијаспората во Европа, Америка и Австралија, каде неговите песни преставуваат лек за душата. Но, неговата песна е потребна за оние лица на кои им непходна помош од пошироката заедница, па затоа тој  учествува на повеќе добротворни концерти.

Гоце Арнаудов од секогаш бил борец, никогаш не се предаваше. Се спротивстави и на болеста, но, последната битка со подмолниот убиец не успеа да ја добие. Почина на 6 декември 2011 година.

Tihomir_Karanfilov_copy

 

 

 

 

 

Тихомир Каранфилов

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.