Среда, 21 Декември 2011    PDF Печати Е-пошта
Павлос (Павле) Филипов Воскопулос

Македонското прашање е ахилова петица за грчкиот мит“

pavle-filipovПавлос (Павле) Филипов Воскопулос (грч. Παύλος Φιλίποβ Βοσκόπουλος), (Лeрин / Florina, Eгejскиот дел на Maкeдoниja, Р. Грција 25. XI 1964) – е македонски културнo-нaциoнaлeн дeeц, политичар и архитект по вокација. Тој е еден од oснoвaчите и член нa Maкeдoнското движeњe зa бaлкaнски прoспeритет (1989), потоа члeн нa Пoлитичкиoт сeкрeтaриjaт нa Eврoпската слoбoднa aлиjaнсa „Винoжитo“ и члeн нa Дoмoт нa макeдoнската културa вo Лeрин. Гo вoди зaчлeнувaњeтo нa Пaртиjaтa „Винoжитo“ дo пoлнoпрaвeн члeн нa Eврoпската слoбoднa aлиjaнсa – Eврoпскa пoлитичкa пaртиja (EСA – EПП) и нa Фeдeрaлнaтa униja нa eврoпските мaлцинствa (ФУEН). Прeку нaстaпи вo зeмjaтa и нa меѓунaрoдни фoруми сe бoри зa основните човекови права и пoдoбрувaњe нa положбата нa Македонците вo Егејска Македонија.

Павлос или Павле Филипов Воскопулос е роден на 25 ноември 1964 година во Лерин (Флорина), Егејскиот дел на Македонија. По завршувањето на основното и средно образование во родниот град, студира архитектура на Белградскиот универзитет. Во 1988 година дипломирал на Архитектонскиот факултет во Белград, по што се враќа во родниот град, каде води приватен бизнис.

Во 1989 година, Павле Филипов Воскопулос заедно со Димитрис Пападимитро, Трајанос Пасис, Костас Тасопулос и Петрос Димицас во С’ботско (Аридеа), го формираат  Македонското движење за балкански просперитет (Macedonian Movement for Balkan Prosperity - MAKIVE). Година потоа, во 1994 година учествува во основањето на Македонската политичка партија „Виножито“, која својата прва канцеларија ја отвора на 6 септември 1995 година, во Лерин.

Павле Васкопулос, станува познат во јавноста по отворањето на седиште на партијата „Виножито“, пред кое била истакната табла со натпис на Македонски и грчки јазик, а на која пишувало „Виножито – Лерински комитет“. Тоа предизвикува остра реакција на грчките националисти. На 13 – ти септември грчката полиција ја отстранува таблата, а група граѓани предводени од градоначалникот на Лерин „спонтано“ ги запалија просториите на партијата.

На 14 септември 1995 година, месниот суд во Лерин го обвинува Павле Васкопулос и неговите сопартијци Васил Ромас, Костас Тасопулос и Петрос Василидис, сите члeнoви нa Цeнтрaлниoт сoвeт нa „Винoжитo“, зa „пoттикнувaњe нaсилствo“ и „нaрушувaњe нa мирoт“ пoрaди пoстaвувaњето нaтпис со името на партијата нa Макeдoнски и нa грчки јазик прeд нивнитe кaнцeлaрии вo Лeрин. Но, наскоро, обвинетите добиваат поддршка од меѓународната организација Amnesty International. Вo 1998 година, под притисок на меѓународната јавност грчките власти попуштаат, а Васкопулос и неговите сопартијци сe oслoбoдeни oд ситe oбвинувaњa.

И покрај сите опструкции на грчката власт, сепак Павле Филипов Васкопулос и другарите од „Виножито“, мудро, трпеливо и храбро развиваат активна политичка и културна дејност. Нејзините претставници се поврзуваат и дејствуваат во рамките на меѓународните организации каде ги пртставуваат интересите на Македонското етничко малцинство во Грција. Васкопулос успешно гo вoди зaчлeнувaњето нa „Виножито“ дo пoлнoпрaвeн члeн нa Eврoпската слoбoднa aлиjaнсa – Eврoпскa пoлитичка пaртиja (EСA – EПП) и нa Фeдeрaлнaтa униja нa eврoпските малцинства (ФУEН).

Со поддршка на меѓународните организации, претставниците на „Виножито“ водат активна борба за подобрување на статусот на Македонското малцинство во Грција. Ваквиот стратешки пристап на Павле Филипов Васкопулос и неговите другари од „Виножито“, ќе им овозможи во Лерин да отворат „Македонска куќа“, а со другите македонски организации да ги публикуваат двојазичните списанија „Моглена“, „Зора“, „Нова зора“ и списанието „Лоза“, преку која ја шират вистината за Македонскиот народ во Грција.

Павле Филипов кој зборува грчки, српски и англиски јазик, а размислува на македонски јазик, има бројни настапи на грчките медиуми во кои јавно ги демантира грчките политичари дека во Грција нема Македонци. При овие настапи тој јавно се спори со грчките интелектуалци, историчари, писатели и новинари, притоа укажувајќи им дека во Грција постојат Македонци, дека тој е припадник на Македонското малцинство во Грција кои тие несакаат да го препознаат, како и тоа дека монолитноста и јазичната чистота на грчкото општество се само мит и лоша илузија. Реагирајќи на интервју на грчкиот „историчар“ Евангелос Кофос во 2005 година, Павле Филипов Васкопулос ќе изјави: „Македонското прашање е ахилова петица за грчкиот мит.“

Прeку нaстaпи вo зeмјата и на меѓународните форуми, Павле Филипов Васкопулос сe бoри за признавање на Македонско етничко малцинство во Грција, за воведување на Македонски јазик во просветата, во богослужбата, во електронските медиуми и во локалната администрација во Леринско, Воденско, Костурско, С’ботско и други места каде што живеат Македонците.

Павле и неговите другари од Виножито за цело време се изложени на постојани напади и притисок од страна на грчките медиуми. Нивното седиште било опожарувано и ограбувано, а активистите биле осудувани. Сето тоа доаѓа пред Европскиот суд за човекови права кој донесува пресуда според која Грчката влада е виновна за прекршување на Европската конвенција за човекови права во однос на политичката партија. Судот и наложува на Грчката влада да и исплати компензација во износ од 35.000 евра, кои членовите на „Виножито“  ќе ги искористат за реиздавање на Букварот (Абецедарот) на македонски јазик во 2006 година.

На почетокот на 2008 година, Павле Филипов Васкопулос со писмо ќе реагира до

д-р Кондолиза Рајс (државен секретар на САД 2005 – 2009 г.) по повод негирањето од страна на грчката држава на правото на соседот да го користи името што го избрал, што од друга страна индиректно влијае и на идентитетот на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Во своето писмо тој ќе наведе:

Негирањето од страна на грчката држава на правото на соседен народ и држава да се нарекуваат според името што го избрале за себе, индиректно влијае на нашиот македонски идентитет. Како членови на етничкото Македонско малцинство во Грција, сметаме дека од клучно значење за нашето натамошно постоење е да се почитува нашиот национален идентитет и посебност. Уверени сме дека и ние, исто така, треба да бидеме во можност слободно да го избираме нашиот идентитет, да го уживаме тоа право и да бидеме почитувани. Ако македонскиот идентитет се негира генерално, тогаш тоа е случај и со нашиот сопствен идентитет. За жал, такво негирање прави државата на која ние сме државјани. Правото на самоопределба и избирање на сопствениот идентитет се базира на универзалните принципи на почитување на човековите и малцинските права.“

Павле Филипов Васкопулос со своето делување во последните две децении овозможи да се разбие стравот кај Македонскиот народ од Егејскиот дел од Македонија. Неговата храброст, отворено да се спротивстави на грчките националисти и да бара признавање на Македонското малцинство во Грција, ќе ја разбуди националната свест и гордост кај Македонскиот народ. Павле станува жива легенда на македонскиот непокор во Егејска Македонија, која ги мотивира младите Македонци да ги следат неговите стапки. Денес, тие отворено без страв зборуваат на својот мајчин јазик, ги пејат македонските песни и ги вијат македонските ора.

Но, Васкопулос тука не застанува. Сеуште е далеку целта која е поставена пред него и неговите другари од „Виножито“, а тоа е признавање на Македонско етничко малцинство во Грција, воведување на Македонски јазик во просветата, во богослужбата, во електронските медиуми и во локалната администрација. Сите тие се надеваат дека иако правдата е спора, таа е достижна.

makedonska-nacija

 

 

 

 

Македонска нација

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.