Среда, 08 Февруари 2012    PDF Печати Е-пошта
Павле Раковски - Егејска Македонија
Павле Раковски, еден од клучните личности на македонското ослободително движење во Егејска Македонија

dag

Павле Раковски (1913 – 1990) деец на македонското национално движење и еден од клучните личности на македонското ослободително движење во Егејска Македонија. Во периодот на Втората светска војна, бил учесник во антифашистичкиот отпор и составил азбука од 24 букви во духот на македонскиот јазик и македонската јазична традиција. Во 1944 година, во знак на протест ги напуштил редовите на ЕЛАС и со Воденскиот македонски баталјон преминал во Вардарскиот дел на Македонија. Од 1946 до 1949 година учествува во Граѓанската војна во Грција. Бил член на раководството на НОФ, одговорен за Агитпроп. По завршувањето на Граѓанската војна во Грција, обвинет од КПГ како „титоист“, бил испратен во сибирските логори. По нормализирањето на односите меѓу СССР и Југославија во 1960 година, Раковски  се враќа во Скопје, каде како изразит македонист бил изолиран се до крајот на својот живот.

Павле Раковски е роден на 24 мај 1913 година во леринското село Долна Клештина. Во 1926 година со семејството се преселува во Лерин, каде го продолжил своето образование. Во периодот од 1929 до 1936 година учел во местната грчка гимназија, а потоа продолжува да студира на Педагошката академија во Солун. Меѓувремено служи во грчката армија, каде завршува школа за резерни офицери и добива чин потпоручник. По завршувањето на Педагошката академија во 1938 година, во периодот од 1939 до 1943 година работи како учител во Мегленските села Цакони и Биджова махала.

На повикот на Грчката комунистичка партија (КПГ), упатен во септември 1941 година до македонскиот народ,  да се приклучи кон заедничката антифашистичката борба како гаранција за нивно национално ослободување, голем број Македонци од Егејскиот дел на Македонија се вклучуваат во Грчката народноослободителна армија (ЕЛАС), формирана во декември истата година. Павле Раковски, кој бил поврзан со левицата уште од студентски денови, во текот на 1941 година зема активно учество во грчкото комунистичко движење во Воденско.

Во периодот од ноември 1943 година, па се до мај 1944 година, Раковски активно работи на мобилизацијата на македонскиот народ  во борбата против фашизмот во реонот на Острово. По формирањето на македонскиот народноослободителен фронт (СНОФ) и зацврстувањето на македонскиот партиски актив во Воденско, тој како учител помага во културно просветната дејност за која цел се издаваат весници, билтени и слично. Во своите белешки објавени по неговата смрт, тој ќе забележи: „Под јаремот и потиснуван народ што успеал да си го зачува јазикот, успеал со тоа да го задржи во свои раце клучот на своето ослободување, а печатениот збор на топлиот роден јазик, ширејќи се најдалеку наоколу и делувајќи истовремено секаде и временски неограничено долго, претставува најефикасна движечка сила што го мобилизира и организира народот во борба за своето ослободување.“

Павле Раковски бил наименуван за комесар на Воденски македонски батаљон, кој бил формиран на 16 јуни 1944 година на Кајмакчалан. Во тоа време, како човек задолжен за идеолошко-политичко воспитување на борците, во јули 1944 година го напишал следниот леток: „Веруваме дека сите Македонци сакаат да читаат весници и прокламации-летоци напишани на мајчиниот јазик. Токму затоа, веруваме дека сите Македонци веднаш ќе ги научат овие 24 букви - А, Б, В, Г, Д, Е, З, Ж, И, К, Л, М, Н, О, П, Р, С, Т, Ф, Х, У, Ш, Ч, Ъ. Ова ќе биде македонска азбука сега за сега. Многу е лесна. 11 букви се наоѓаат и во латинската, односно во француската азбука, 14 букви се наоѓаат и во грчката, а 10 се чисто словенски. Не е ниту куса за нашиот јазик ниту, пак, е претоварена. Сите браќа Македонци што сакаат да читаат весници на македонски јазик нека ја научат. Од утре ќе ви испраќаме... Да живее македонското име!...",

Раковски и неговите соработници не успеале да го одржат дадениот збор. Освен стихови од борбени македонски песни, неколку повици и летоци, македонската азбука, која била  напишана со големи букви во бои на голем пак-папир и закачена на стеблото од една бука во логорот, не се употребила за издавање на весник. Логорот го посетил комесарот на 10-тата Дивизија на ЕЛАС, Петрос, кој откако разбрал дека тоа е македонска азбука, ја исекол на парчиња со изговор дека "не е време за такви работи!".

Во овој период доаѓа до пресврт во односот на ГКП и ЕЛАС кон македонското прашање и тие бараат да се расформира СНОФ и македонските единици, што ќе предизвика револт кај македонските борци. Набргу доаѓа до вооружен конфликт меѓу 27-та бригада на ЕЛАС и Костурско-леринскиот батаљон, по што македонските борци се префрлаат во Македонија. По нив и Раковски во знак на протест го напушта ЕЛАС и на 16 октомври го префла Воденскиот батаљон во Македонија. На 18 ноември 1944 година, Раковски  влегува во Битола, каде се обединува со Леринско-костурскиот батаљон и заедно ја формираат Првата егејска народноослободителна ударна бригада, која  влегува во состав на Народноослободителната војска на Македонија.

Павле Раковски станува член на Политичката комисија за Егејска Македонија формирана во Битола. Во периодот од октомври 1944 до април 1945 година како член на Комисијата живее во мариовското село Старавина од каде често ја преминува границата и делува во Воденско. Во октомври 1944 година во Воденско ја основал и раководел со новата политичка организација т.н. ТОМО се до април 1946 година.

Гледајќи како КПГ се ориентира со политички средства да се бори притив десницата, додека монархофашистичките агресори го продолжуваат теророт врз македонскиот народ од Егејскиот дел на Македонија, Михајло Керамитчиев, Паскал Митревски, Горги Урдов, Атанас Коровешов, Минчо Фотев и Павле Раковски на 23 април 1945 година ја основаат воено-политичката организација на Македонците од Егејска Македонија, Народно-ослободителен фронт (НОФ). НОФ, застанувајќи во одбрана на македонскиот народ и фактички прв го започнува востанието против монархофашистите, а дури потоа се договара со КПГ и се приклучува на Демократската армија на Грција (ДАГ).

Како член на управниот орган на НОФ, Раковски е задолжен за агитациско-пропагандна активност на НОФ. Работи на систематско ширење на македонската азбука и писменост, како и на македонски буквар. Во некои села се отворени и македонски училишта како во Дамбени, Езерец (Костурско), Горно Котори, Буф, Битуша, Горешница (Леринско), а во гратчето Рупишта бил отворен учителски курс за македонски учители. Во 1947 година излегувал двојазичниот весник "Победа", орган на Окружниот одбор на НОФ, истовремено во Костурско излегувал весникот "Единство", а во Леринско весникот "Зора", па "Непокорен", кој служел како буквар (читанка), но, и како национално идеолошко политичко оружје на Македонецот во неговата борба за национална слобода.

Во своите мемоари, Раковски меѓу другото забележува дека создавањето на букварот била негова идеја. Меѓутоа, на барањето на Захаријадис, букварот да нема никаква врска со Народна Република Македонија, било наложено создавање на нов буквар. Но, откако  Раковски го припремил првиот дел од букварот со помош на своите соработници Паскал Паскалевски и Фоти Илковски, читанката била одземена, а Захаријадис не сакал вториот дел да биде подготвен од човек како Раковски. Наместо него, таа работа ја извршил неговиот школски другар Костас Сјаперас, Грк кој добро го владеел македонскиот јазик. Букварот бил отпечатен во Романија 1949 година, а бил користен во описменувањето на македонските деца и возрасни кои биле евакуирани и емигрирани во социјалистичките земји во 1948 и 1949 година.

Во 1948 година, Павле Раковски бил отстранет од раководството на НОФ поради манифестации на „македонски национализам“. Повторно бил вклучен во секретаријатот на НОФ и учествува во неговата работа од јануари до јуни 1949 година, за потоа да биде испратен како обичен војник на ДАГ на фронтот.

По Граѓанската војна во Грција во 1949 година, обвинет од КПГ како „титоист“, Павле Раковски  на 3 октомври 1949 година бил уапсен во кампот Буре во Албанија. По префрлањето во Москва, во 1952 година, Врховниот суд на СССР го осудил на 10 години затвор, по што бил испратен  во сибирските логори. Во 1956 година бил ослободен, а наредната година казната му била поништена. Останува во СССР и се обидува да дејствува меѓу македонската емиграција. Меѓутоа, ГКП со советска помош го изолира во Алма Ата и не му дозволува пристап во главната македонска колонија во Ташкент.

По нормализирањето на односите помеѓу СССР и Југославија, Павле Раковски се враќа во Јигославија  во 1960 година. По пристигнувањето кратко време бил притворен, по што доаѓа во Скопје каде живее до крајот на својот живот. Изолиран од власта и политичките емигранти од Егејскиот дел на Македонија, последните години од животот ги поминува во пишување статии и спомени во кои влегува во полемика со своите поранешни другари и актуелни истричари на Егејска Македонија. Умира во Скопје на 9 февруар 1990 година.
 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.