Среда, 21 Март 2012    PDF Печати Е-пошта
Орде Ивановски

orde-ivanovski Орде Ивановски (6. VIII 1928 – 14. III 2012) – е македонски историограф чија научно-истражувачка работа е посветена на левите политички и национални сили. Тој ја проучува дејноста на балканските и македонските социјалисти и македонското социјалистичко и комунистичко движење, но и на македонското национално ослободително движење и македонското национално прашање.

Орде Ивановски

orde-ivanovski

Орде Ивановски еден од најупорните македонски историчари за ново препрочитување на македонската историја.

Орде Ивановски (6. VIII 1928 – 14. III 2012) – е македонски историограф чија научно-истражувачка работа е посветена на левите политички и национални сили. Тој ја проучува дејноста на балканските и македонските социјалисти и македонското социјалистичко и комунистичко движење, но и на македонското национално ослободително движење и македонското национално прашање. Исто така, тој ја проучува и пишува за локалната историја на Прилеп и неговата околина низ историјата. Со настапување на плурализмот се противи на дотогашниот зацртан курс на македонската историографија во која ненаучно и навредливо беа вреднувани крупни настани и личности од историјата на македонскиот народ. Тој е еден од најупорните во докажувањето дека е потребно од препрочитување на македонската историја.

Орде Ивановски е роден на 6 август 1928 година во Прилеп. Основно и прогимназиско образование завршил во Прилеп, средно во Загреб, а Филозофски факултет - група историја, во Скопје. Во меѓувреме, од 1944 година бил учесник во НОБ.

По дипломирањето во 1955 година, Орде Ивановски се вработил во Институтот за национална историја како асистент во Одделението за средниот век, за наскоро да премине во Одделението за работничкото и комунистичкото движење. Неговата научно истражувачка работа ја насочува кон проучувањето на дејноста на балканските и македонските социјалисти и македонското социјалистичко и комунистичко движење. Но, тој истовремено го истражува и македонското национално ослободително движење и македонското национално прашање.

Во Институтот за национална историја Ивановски останал се до пензионирање. Во текот на својата професионална кариера се стекнува со сите научни званања. Орде Ивановски докторирал во Скопје 1965 година, бил избран за научен советник во 1974 година, а во 1975 – 1976 година бил поставен за директор на Институтот. Иато така, Ивановски бил член и одговорен уредник на Гласникот на Институтот, потоа член на Редакцијата на „Историја“. Учествувал на повеќе научни собири и конференции во земјата и странство, а зад себе оставил над десетина посебни изданија и над осумдесет статии. Меѓудругото, тој учествува и во пишувањето на првата „Историја на македонскиот народ“.

Неговиот интерес како научен работник главно е свртен кон социјалистичкото и работничкото движење во Македонија и на Балканот, но и кон македонското национално прашање. Тој важеше за добар познавач на животот и делото на Димо Хаџи Димов. Неговиот монографски труд „Балканските социјалисти и македонското прашање од 90-те години на XIX век до создавањето на Третата интернационала“, како и поголем број негови научни трудови објавени во списанијата и зборниците посветени на споменатите прашања сведочат за неговата научноистражувачка дејност. Исто така, тој истражуваше и пишуваше за локалната историја на Прилеп и Прилепскиот крај.

Со настапување на плурализмот, за разлика од други македонски историографи кои се ставија во одбрана на дотогашната македонска историографија, Орде Ивановски се противи на дотогашниот зацртан курс во кој ненаучно и навредливо беа вреднувани крупни настани и личности од историјата на македонскиот народ. Во 1991 година, во предговорот на монографија за Никола Карев тој ќе запише дека: "... македонската како и целата југословенска историографија беше поставена да се развива врз догматско доктринарна идеологизација којашто лимитирачки ја дозираа партиските идеолози и политички моќници и ја претвораа во услужен сервис на својата монистичка политика ...Согласно таквите идеолиогизирани шеми македонските партиски идеолози и политичари прогласија дека историјата на македонскиот народ почнала со 1941 година... Со таквата догматизирана доктрина одделни македонски партиски теоретичари и политичари ненаучно и навредливо вреднуваа крупни настани и личности од историјата на македонскиот народ...".

Во полемиката дали треба нешто да се менува во македонската историографија која се развива меѓу македонските историографи со свои прилози покрај другите учествува и Орде Ивановски.

Најупорни во докажувањето на потребата за препрочитување на историјата беа Орде Ивановски и Зоран Тодоровски. Ваквиот нивен пристап, како и барањето на другите сомисленици за поинакво толкување на историјата ќе ги предизвика старите историографи кои се обидуваат да им прилепат етикети на бугараши, вмровци и подржувачи на ВМРО – ДПМНЕ.

За својата научна и општествена дејност, одликуван е со орденот Заслуги за народ со сребрена ѕвезда и со Орден на трудот со црвено знаме. Добитник е на наградите „13 Ноември“ и „Гоце Делчев“.

Д-р Орде Ивановски почина на 14 март 2012 година во Скопје.

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.