Среда, 28 Март 2012    PDF Печати Е-пошта
Спиро Гулапчев

Spiro-GulabchevСпиро Гулапчев меѓу првите ја лансирал концепцијата за одделната политичка целост на Македонија

Спиро Константинов Гулапчев (Гулабчев), (1856 - 1918) спаѓа во редот на оние македонски дејци кои меѓу првите ја лансирале концепцијата за одделната политичка целост на Македонија и е еден од првите заговорници за Балканската федерација.

Гулапчев е роден во Лерин во 1856 година, во свештеничко семејство. Неговиот татко учествувал во борбите за самостојна македонска црква. Спиро Гулапчев најпрво се школувал како егзархиски стипендист во Цариград, Одрин и Пловдив, а потоа учел од 1877 до 1879 година на Духовната академија во Москава. Од 1879 до 1881 година студирал на Правниот факултет во Москва и на Историско-филолошкиот факултет во Киев  од 1881 до 1886 година.

Во 1883 година во Киев, тој бил иницијатор за формирањето на Пријателска дружина за унапредувањето на бугарската книжнина во Македонија. Поради своите врски со тајните народнички групи во Украина, бил протеран од Русија. Извесен период бил наставник во Лерин, каде што отворил и книжарница, а потоа бил професор во гимназиите во Габрово во учебната 1887/1888, потоа Варна од март до септември 1888 година и Трново  во учебната 1888/1889 година.

Се занимавал со публицистика и издавачка дејност. Во 1890 година, во  неговата новоотворена печатница во Русе, издавал книги со анархистичка содржина. Бил обвинет за македонски национален сепаратизам. Поради несогласувања со погледите на Димитар Благоев и Никола Габровски, го уништил отпечатениот тираж на општествено-литературниот зборник „Ново време“ во 1891 година.

Во 1902 година, во неговата печатница Коста Шахов го печател весникот „Македонија“ од кој се објавени 4 броја. Гулапчев се залагал за мир и за федеративно уредување на Балканот, со Македонија како посебна државна единица и за примена на фонетскиот принцип во еден македонизиран јазик.

Свои становишта тој ги разработува во неколку свои трудови, меѓу кои се одделува неговата книга „Еден поглед по етнографијата на Македонија", издадена во Габрово во 1887 година,  од која даваме неколку изводи.

... Според мене, Македонија треба да составува одделна политичка целост на Балканскиот  Полуостров. Тоа се бара од интересите на македонските населенија, без разлика на народност, тоа се бара од интересите на федерацијата на Балканскиот Полуостров, која пак се бара од интересите на сите балкански народи; тоа се бара од интересите на прогресот и на цивилизацијата...

... Идната федерација на Балканскиот Полуостров треба да се состои од овие политички целини или состави:

1. Македонија,

2. Епире-Албанија,

3. Европска Турција,

4. Црна Гора,

5. Романија,

6. Србија,

7. Бугарија,

8. Грција.

Во истото време ќе се прогласи Балканската федерација за неутрална.“

Спиро Константинов Гулапчев останува во Бугарија се до својата смрт.

Умира во 1918 година во Софија.
 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.