Среда, 09 Мај 2012    PDF Печати Е-пошта
Стерјо Спасе

SterjoSpaseСтерјо Спасе (14. VIII 1914 - 12. XI 1989) - албански писател и критичар од македонско потекло. Автор е на проза и раскази, романи, учебници и репортажни записи. Познат е и како антологичар, преведувач, учебникар и собирач на македонски народни умотворби. Неговите дела се преведувани на неколку светски јазици.

Стерјо Спасе е роден на 14 август 1914 година, во село Глобочани, Мала Преспа, Република Албанија.  Основно  училиште завршил на албански и на грчки јазик во родното место и во Корча. Образованието го продолжил во Корча и во Елбасан, каде завршува Педагошка гимназија. Работи како учител во Дервичане, село во округот на Ѓирокастро (виз. Аргирокастро), а подоцна предава во Москополе, Корча и Тирана.

Пред Втората светска војна бил соработник на познатите списанија во Тирана и во Романија, како што се „АБЦ“, „АРС“, „Бота е Ре“ („Нов свет“) и др. Во овој период книжевната дејност на Стерјо Спасе е особено плодна. Тој интезивно твори и создава неколку значајни дела меѓу кои романите „Pse“ („Зошто“ - 1935), Afërdita" („Венера“ - 1944), збирките раскази „Kurorë rinije“ („Младински венец" - 1934), „Во прегратките на една жена“ (1934), „Невеста без превез“ (1944)  и др.

Во 1935 година во Корча го издава својот прв роман „Nga jeta në jetë. Pse!?" (" Од живот во живот - зошто". Во романот наречен едноставно "Зошто" (Pse), ремек-дело на неговото творештво,  тој ја опишува историјата на млад интелектуалец, кој се вратил во своето родно село по завршување на обуката и за судирот со традиционалното, кој го води до самоубиство. Меѓутоа, набрзо по излегувањето, актуелната власт ќе го забрани  романот „Зошто!?“ (Pse).

Изразувајќи го својот македонски културен идентитет, во периодот пред Втората светска војна, кога Албанија води силна асимилаторска политика, Стерјо Спасе станува непожелен за албанските власти во Тирана. Иако романот „Зошто“ (Pse), всушност е прв роман отпечатен во Албанија, албанските власти го забрануваат заради македонското потекло на авторот.

По ослободувањето, кога во Албанија попушта асимилаторската политика кон малцинствата, Стерјо Спасе околу 50 – тите години се сели во Тирана. Во еден период бил просветен инспектор, уредник на „Litaratura jone“ („Наша литература“), „Nеntori“ („Ноември“), „Shkolla e Re “ („Ново училиште“) и др. Во 1960 година, тој завршил висок курс за книжевност во Институтот за јазик и книжевност „Максим Горки“. Својата наобразба ја довршил во Фиренца, Италија и во Москва, Русија.

Книжевноста на Стерјо Спасе по Втората светска војна е разновидна. Автор е на проза и раскази, романи, учебници и репортажни записи. Напишал образовни дела, се занимавал со преводи, статии, монографии и сл. Познат е и како антологичар, преведувач, учебникар и собирач на македонски народни умотворби. Неговите дела се преведувани на неколку светски јазици.

Стерјо Спасе е автор на десетина романи. По ослободувањето, во 1952 година, тој го издава романот „Тие не беа сами“ (Ata nuk ishin vetëm, roman), во кој ја опишува борбата на албанскиот селенац против беговите. Три години потоа, во 1955 година, го издава и романот „Венера повторно во селото“ (Afërdita përsëri në fshat). Романите „Огнот" („Zjarre“ -1972), "Смрт или слобода" („Ja vdekje, ja liri“ - 1978), "Бунтовниците" („Kryengritësit“ - 1983) и други, имаат историска тематика во Стерјо Спасе ја опишува борбата на населението во Албанија против Отоманската империја.

Во меѓувреме, Спасе пишува и за најмладите. Во 1966 година издава адаптацијата на епски песни за деца „Соколица“ (Sokolesha), а две години потоа, во 1968 година и приказни за деца „Поздрави од селото“ (Të fala nga fshati).

Стерју Спасе ги забележува македонските народни песни од Преспанскиот регион, со што зазема значајно место меѓу собирачите на македонски народни умотворби. По неговата смрт во 1989 година, како дел од македонското културно наследство, под наслов „Македонски народни песни од Мала Преспа“, во 1992 година овие песни за печат ги подготвува Благоја Стојчевски.

Стерјо Спасе умира воТирана на 12 ноември 1989 година. Неговото дело го продолжува неговиот син Илинден Спасе Стерјо, педагог и писател, кој од 1964 повремено пишува проза на албански и на македонски јазик.
 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.