Среда, 17 Октомври 2012    PDF Печати Е-пошта
Васил Иљоски

VasilIljoskiВасил Иљоски (Крушево, Македонија, 20 декември 1902 - Скопје, Македонија, 1 ноември 1995) бил македонски драмски писател, есеист, критичар, книжевен историчар, истакнат педагошки работник и автор на драмски дела кои се изведувани меѓу двете светски војни на македонски јазик. Васил Иљоски бил единствениот македонски писател кој цели пет децении останал ангажиран во областа на литературното македонско драмско творештво.

Васил Иљоски се школувал во Куманово и Скопје. Тој завршил Филозофски факултет во Скопје за подоцна да биде професор на Педагошката академија. Иљоски бил член на МАНУ и на Друштвото на писатели на Македонија од нејзиното основање во 1947 година, па сè до неговата смрт.

Васил Иљоски бил роден во Крушево, спроти големите историски настани во овој град во 1902 година. Основното образование го завршил во градот Куманово. За тоа време тој му помагал на својот татко во нивната семејна столарска работилница. И покрај тоа што тој работел како занаетчија во раните години од животот, Васил не станал занаетчија. Тој продолжил со своето образование и се запишал во кумановската гимназија и кога завршил средно училиште се запишал на Филозофскиот факултет во Скопје. По дипломирањето, Иљоски работел како суплент во Кумановската гимназија, но набрзо бил преместен - повеќе од казна - поради извесни обиди низ книжевните текстови да проговори на македонски јазик. По ослободувањето Васил Иљоски имал раководни фукнции во просветата, а се пензионирал како професор на Вишата педагошка академија во Скопје.

Васил Иљоски уште како ученик пројавувал интересирање за книжевноста. Од тоа време датираат неговите први обиди и самиот да пишува, како член на литературната дружина во гимназијата. Особено силен впечаток му оставил сценскиот збор, па така и првиот јавен настап на Васил Иљоски во книжевноста бил направен со еден драмски текст по име „По матурата“. Тоа била едночинка, во која наместа прозвучил македонскиот јазик. Самиот автор учествувал како актер при поставувањето на овој текст на сцената, подготвен од школската дилетантска дружина. Со оваа претстава, користејќи една екскурзија, членовите на дружината гостувале и во неколку други места.

Охрабрен од првиот успех, Иљоски уште поактивно започнал да твори. Со хумористичниот драмски текст „Бура поради електриката“, кој бил изведен на сцена со актерско учество на авторот, ги измамил и првите печатени пофалби во локалната периодика. Тие биле скромни, но и достатен поттик за нови творечки усилби.

Некаде во 1926 година, Иљоски ја започнал работата над своето прво посериозно драмско дело со првично име „Бежанка“. По две години текстот веќе бил и подготвен за изведба на сцената на Скопскиот народен театар, но овој пат со ново име - „Ленче Кумановче“. Драмата била напишана и изведена на кумановски дијалект. Таа побудила голем интерес кај публиката, но набрзо била симната од репертоарот поради интервенцијата на властите кои не можеле да дозволат од такво јавно место од сцената на народниот театар да прозвучи македонски збор. Токму поради тоа младиот професор по книжевност ја загубил и својата служба во Куманово.

Тоа е всушност истата драма која денес се нарекува „Бегалка“ според првичниот наслов. Во јазична смисла, денес е популарна сосема новата варијанта, односно денешниот популарен текст е изведуван на литературен македонски јазик, со извесни дијалектизми што на текстот му даваат специфичен колорит.

По надживеаните перипетии со оваа драма, Васил Иљоски во периодот пред избувнувањето на Втората Светска Војна, напишал уште неколку драмски текстови како „Нагазил човекот“ која била изведена во народниот театар во 1937 година, потоа „Биро за безработни“ и „Ученичка авантура“. И двата последни текста биле напишани на српски јазик поради јасните политички околности. Драмата „Биро за безработни“ сепак не била изведена на сцена, иако се наоѓала на репертоарниот список на театарот во Скопје за сезоната 1939-1940 година. Причината за нејзиното неизведување се криела во „нескриените политички алузии“, во нејзината социјална тема која би исфрлила на површина извесни, за тогашните власти многу непријатни, вистини и проблеми.

Творештво

  • Ленче Кумановче“ односно „Бегалка“ (пиеса, 1926)
  • „Чорбаџи Теодос“ (комедија, 1937)
  • „Ученичка авантура“ (1939)
  • „Биро за безработни“
  • „Пиши, Панче“ (пиеска, 1947)
  • „Два спрема еден“ (1952)
  • „Чест“ (драма, 1953)
  • „Кузман Капидан“ (1954)
  • „Син и татко“ (1955)
  • „Допирни точки“ (1959)
  • „Окрвавен камен“ (1968)
  • „Свадба“ (комедија, 1976)
  • „Смрт за живот“ (1988)

Интегрално неговото творештво е претставено во тритомниот Избор (1978) во кој се објавени: „Бегалка“, „Чорбаџи Теодос“, „Чест“, „Кузман Капидан“ (прв том), „Млади синови“, „Окрвавен камен“, „Два спрема еден“, „Допирни точки“, „Свадба“ (втор том), научни и есеистички трудови (трет том).

Тихомир Каранфилов
 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.