Среда, 31 Октомври 2012    PDF Печати Е-пошта
Димитар Димов Праматарски- Македонски

Dimitar_Makedonski_SkrebatnoДимитар Димов Праматарски, познат како Димитар Македонски или Паша (1839 – 21. IV 1912) е македонски просветен деец и револуционер, учесник во национално-ослободителното движење пред и по Македонското востание во 1878 година. Во 1902 година остро се спротивстаствува на бугарскиот кнез Фердинанд кој со својата политиката не постигнуваат ништо друго туку влошување на положбата на населението во Македонија.

Димитар Македонски е роден во 1839 година во неврокоското село Скребатно. Неговиот татко Хаџи Димо Праматарски, бил трговец кој добро ја познавал моќта на образованието и го испратил Димитар да учи финансии и правни науки во францускиот колеџ „Свети Лазар“ во Солун. Димитар останал повеќе од пет години во Солун и во периодот од 1857 до 1862 година тој не само што го изучувал францускиот јазик и правните науки, туку и предавал мајчин јазик на учениците. Така Димитар станал истовремено и ученик и учител.

По 1862 година, Димитар се вратил во Бугарија и учителствува кратко време во своето родно село Скребатно, а потоа учителствува во еперхиското училиште и во мисионерската школа во Пловдив. Повторно учителствува во Скребатно, а од 1867 до 1869 година предава во местото Устово (Смољанска област), каде го организира првото читалиште и библиотека. По силниот притисок од страна на грчкиот митрополит во Ксанти, Димитар се преселува во Софија каде работи извесно време како наставник. Во 1871 година отвара машка гимназија во Воден, а потоа бил назначен за главен учител во Ќустендил до 1874 година.

Димитар Димов - Македонски одржувал врски со Стафан Верковиќ на кого му дава историско-етнографски опис на Неврокопско, кој потоа Верковиќ го објавува во „Топографско-етничкиот есеј за Македонија“ ("Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи", отпечатен 1899 година во Санкт Петербург. .

Во меѓувреме, во седумдесетите години на XIX век на Балканот започнуваат буни и востанија за ослободување од турското ропство. Истовремено и во Македонија започнуваат подготовки за вооружено востание. Во 1872 година Димитар Македонски е еден од основачите и прв претседател на револуционерниот комитет во Ќустендил, а подоцна бил меѓу основачите и на кривопаланечкиот револуционерен комитет во Осоговскиот манастир.

Во текот на Руско-турската војна (1877-1878), во Софија доаѓа рускиот гроф П. Алабин кој е главен преставник на рускиот „Црвен крст“ и Московското и Петербургското Словенско друштво. Во декември 1877 година тој е поставен за гувернер на Софија и воведува цивилна управа во градот. По завршувањето на војната во март 1878 година, Димитар Димов - Македонски работи во канцеларијата на рускиот гувернер, каде меѓудругото им помагаат на македонските доброволци кои биле во руската армија и учествувале во борбите кај Стара Планина, Шипка и др. За нив грофот П. Алабин вели:

„ Најголема потреба од паричнаа помош имаа Македонците, кои немаа можност да се врата на домашните огништа, зошто нивната татковина и натаму е опседната од Турците. Меѓутоа, познато е дека Македонците беа најдобрите луѓе во дружините и со својата храброст и машкост во борбата ги восхитуваа и нашите стари војници..“

По укинувањето на воената управа и воспоствувањето на цивилната управа Димитар Димов – Македонски бил поставен за градоначалник на град Софија. По завршувањето на мандатот неколку години работи како претседател на Софискиот окружен суд, а потоа ја врши финкцијата на секретар на Врховниот суд на ревизори.

Димитар Димов – Македонски е меѓу главните раководители на софиската организација на Врховниот македонско-одрински комитет. Не се сложува со политиката која ја води бугарската власт и доаѓа во конфликт со кнезот Фердинад. Во текот на 1902 година, Димитар - Македонски бил против испраќање на мали вооружени чети во Македонија кои не можеле да направат ништо друго, освен влошување на положбата на македонскиот народ.

Одбивањето на Димитар Македонски од Скребатно да ги извршува наредбите, како и неговото несогласување со политиката во однос на македонското прашање, доведува до целосно заладување на односите со на бугарскиот двор. Кнезот Фердинанд ја казнува непослушноста на Димитар Македонски, по што бил отпуштен од државна служба.

Димитар Димов- Македонски умира на 21 април 1912 година.

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.