Среда, 07 Ноември 2012    PDF Печати Е-пошта
Ристо Крле

Risto_KrleРисто Крле (3. IX. 1900 - Скопје, 29. X. 1975) е македонски драмски автор, еден од основоположниците на македонската драмска уметност меѓу двете светски војни. Тој бил богато надарен раскажувач, романсиер, врвен класик на македонската драма. Ристо бил еден од првите членови на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ).

Ристо Крле е роден на 3 септември 1900 година во Струга, во сиромашното семејство на чевларскиот мајстор Јаковче Крле. Тоа било време на тешки премрежја во Македонија. Револуции, Балкански војни, Прва Светска Војна, распарчување на Македонија, сето тоа се одразило на школувањето на Ристо кое било нередовно и испрекинато. Младиот Ристо покрај  учењето, морал да работи во татковиот дуќан. До почетокот на Првата Балканска Војна во 1912 година, завршил основно образование и први клас нижа гимназија, а дури четири години потоа се запишал во втори клас. По смртта на татко му немал можност да го продолжи образованието и продолжил да работи како чевлар, а извесен период и како општински писар.

Љубовта кон театарот ја стекнува уште како дете, гледајќи ја претставата „Ѓеновева“, која учителите и учителките од Струга ја подготвиле и играле во 1908 година. Иако таа била забранета за деца, Ристо успеал да ја гледа и да се приврзе за театарската уметност. Неговиот сон кон театарот делумно се остварува по завршувањето на Првата Светска Војна.

Во 1920 година, Ристо станува член на културно-уметничкото друштво „Црн Дрим“ од Струга, каде започнува најпрво да работи како суфлер, а со тек на времето почнал и да глуми. Занимавањето со актерска дејност во аматерската театарска група, во Ристо ја разгорува желбата да напише драма. Од првите искри до реализацијата на намерата ќе помине време повеќе од една деценија.

Во 1925 година заминал да работи како чевлар во Поградец, Албанија. Истата година ја слуша приказната за печалбарот кој по 20 години работа во туѓина се вратил дома кај родителите кои не го препознале и го убиле заради парите што ги донел од печалба. Потресната драма, како и личното печалбарско искуство кое ќе го стекне во животот, кај Ристо предизвикаат творечко неспокојство и  главен мотив за да го напише делото „Парите се отепувачка“.

По враќањето во Струга успева да отвори самостоен чевларски дуќан. Меѓутоа, пред налетот на ефтините и модерни фабрички производи, набргу бил принуден да го затвори дуќанот и повторно да замине на печалба. Егзистенцијата за себе и семејството ја побарал во Скопје каде работи како работник во Скопскиот монопол, а потоа заминува за Белград каде работи како службеник во Хипотекарната банка.

Ристо Крле своето најдобро дело „Парите се отепувачка“ почнува да го пишува дури во 1932 година и по многу корекции го завршува во летото 1937 година. Премиерата на оваа битова драма во пет чина, која длабоко навлегува во тежината и сложеноста на живеење на овие простори во тоа време, била изведена на сцената на Кралски скопски театар на 27 декември 1938 година. Во периодот пред Втората Светска Војна кога било забрането да се биде Македонец, самото поставување и изведување на делото „Парите се отепувачка“ на струшкиот дијалект, било вистински подвиг посебно за писателот кој немал ни формално образование.

„Парите се отепувачка“ е една од првите драми изведени на македонски јазик и покрај притисоците од страна на актуелната српска власт. Во режија на Јосиф Срдановиќ, драмата „Парите се отепувачка“ доживува сензационален успех. Претставата посебно пријатно ја изненадила скопската публика која уживала, слушајќи ги актерите кои на сцената го говореле мајчинит јазик.

До почетокот на Втората Светска Војна, Ристо Крле напишал уште две драми: „Антица“ и  „Милион маченици“. Драмски текст напишан во четири чина е „Антица“ бил изведен во јануари 1940 година. Истата година била поставена и неговата драма во три чина „Милион маченици“, во која тој ја прикажува социјалната агонија на струшките чевлари предизвикана од нелојалната конкуренција.

По ослободувањето, Ристо Крле живее во Скопје и работи како службеник во Министерството за просвета и како администратор во Друштвото на писателите на Македонија. Меѓутоа неговите престави  кои пред војната беа омилени меѓу македонскиот народ, по Втората Светска Војна, за жал не беа поставени на театарската сцена. На сцената на формираниот македонски театар немаше место за претставите ниту на Крле, ниту на Иљовски, Панов или Чернодрински.

Неразбирливо е однесувањето на тогашното раковостство на слободна Македонија во однос на на делата на Ристо Крле, како и на другите македонски автори. До промена на ставот доаѓа  дури во 1961 година кога на 9 март за првпат било изведено делото „Парите се отепувачка“ на тогашниот Младинско детски театар во Скопје.

По 1945 Ристо Крле напишал уште три драми:  „Гроф Миливој“, „Велик ден“ и „Невеста пуста девојка“. Меѓутоа овие дела го немаат сјајот на претходните драми. Неговото творештво се комплетира со уште неколку раскази и недовршената, обемна „Автобиографија“.

Ристо Крле е добитник на наградата „11 Октомври“ за животно дело. Ристо Крле умира на 29 октомври 1975 година во Скопје.

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.