Среда, 28 Ноември 2012    PDF Печати Е-пошта
Славејко Арсов

Slaveiko_ArsovСлавејко Арсов (17. VIII. 1878 – 9. VII. 1904) е македонски револуционер, член и војвода на Македонската Револуционерна Организација. Од 1896 година е член на ТМОРО, дејствувал во четата на војводата Марко Лерински, а во 1902 година станал војвода на чета во Битолско-Преспанскиот реон. Арсов бил делегат на Смилевскиот конгрес, а како ресенски војвода учествува во Илинденското востание. Во битката со Османлиите близу селото Гуганци, Кратовско, бил тешко ранет и за да не падне жив во рацете на Османлиите се самоубил.

Славејко Арсов е роден на 17 август 1878 година во Ново Село, Штип, во револуционерно семејство. Основното образование го завршува во родното место, а потоа се школува во Скопје и Софија. Во периодот кога во Штип учителствувале Даме Груев и Гоце Делчев, брат му Михаил станува член на ТМОРО. Во 1896 година, по несреќна смрт на неговиот брат, Славејко Арсов станува член на Организацијата. Во своите спомени Арсов бележи, дека татко му сам побарал од него да стане член на ТМОРО, говорејќи дека: „Едниот син ми загина, а сега него ќе го замени помалиот“.

Во 1899 година, на барање на Михаил Герџиков, кој под името Тодор Луканов предава во битолската гимназија, Славејко Арсов доаѓа во Битола. Во градот живее извесно време со Герџиков и со Даме Груев, а потоа во декември истата година бил испратен во Кичево, како селски училишен инспектор. Таму неколку месеци работи на организирање на мрежата и создавање на раководни тела на Организацијата. Откако бил наклеветен кај Турците, Арсов во летото 1900 година се повлекува во Битола, а месец дена потоа по препорака на Груев заминува како учител и раководител во Прилеп.

Арсов затекнува организирано раководно тело, како во Прилеп, така и по селата. По доаѓањето почнува со работа, но, набргу турските власти го апсат и го спроведуваат во Кичево. Арсов бил осуден на една година затвор, во која се сметало и времето поминато во затвор. Во есента 1901 година, откако одлежал 14 месеци, од кои 8 месеци во кичевскиот и 6 месеци во битолскиот затво, Арсов со откуп бил ослободен.

По излегувањето од затвор, Арсов се сретнува со Гоце Делчев, Ѓорѓи Сугарев и други реонски раководители, кои разговараат за состојбата во Организацијата и мерките кои треба да се првеземат. На состанокот било договарено способните кадри да одат во четитите, а Арсов да замине во четата на Марко Лерински. На крајот од 1901 година, Арсов се придружува на четата на Лерински и заедно со војводата и Гоце Делчев ги обиколуваат Костурскиот, Воденскиот, Леринскиот и Битолскиот реон.

Од февруари 1902 година, по препорака на окружното раководно тело во Битола, Арсов бил назначен за војвода на Битолскиот, а од летото и во Ресенскиот реон. Работи на обнова на организациската мрежа и ги создава првите комитети на Организацијата. Истовремено работи на организирање на селската милиција и ја обучува да ракува со оружје.

Арсов успева да ги разбие разбојничките чети кои дејствуваат во Ресенско, меѓу кои и четата на Асен Секира. Под негово раководство, жителите од село Круше успеваат да ги надитрат и отрујат разбојниците кои киднапирале две нивни деца на возраст од 9 и 14 години и за кои барале откуп. Разбивањето на рабојниците кои имале широка поддршка од Османлиите, посебно на опасната група на Асан Секира, силно ќе одекне кај македонското население.

На Смилевскиот конгрес, Славејко Арсов учествува како делегат на Ресенско револуционерен реон заедно со Александар Панајотов, Велјан Илиев и Никола Кокарев. Тој на Смилевскиот конгрес ќе напомене дека во Ресенскиот реон има доволно пушки, но дека недостасува патрони, барут, резерви на куршуми немаше, како и недостаток на храна. Под негово раководство, пред востанието во Ресенскиот регион започнува интензивна подготовка на четите и населението за да се отстранат недостатоците, а во четата на Славејко Арсов се придружуваат поп Тома Николов и Донка Ушлинова.

Во текот на Илинденското востание, Арсов активно учествува во борбите како ресенски војвода. Востанието во Ресенско започнува силно и на почетокот ги збунува Османлиите. Турската власт не очекуваше ваков развој на настаните и затоа не беа подготвени уште на почетокот да го задушат востанието. Колкав бил стравот од македонските востаници кои ги прекинале комуникациите, зборува фактот дека 300 турски војници носеле едно писмо за да се информира Ресен или Битола. Дури по два месеци борби и жестоки прогони на македонското население (палење на македонските села, грабежи, убивање и силување), востанието во Ресенскиот крај е задушено, а Слевејко Арсов по собирањето и складирањето на оружјето со 24 момчиња се повлекува во Бугарија.

Во летото 1904 година, Славејко Арсов се враќа во Македонија заедно со четите на Атанас Бабата и Стојан Донски. По влегување во Македонија четите биле предадени од србоманите, а османлиската војска ги опколува кај селото Горно Гуганци, Кратовско. Во борбата која траела 6 часа, Турците употребуваат артилерија и кавалерија. Четите успеваат да се пробијат од кордонот, но при извлекувањето загинаа 20 четници и војводата Стојан Донски. Славејко Арсов бил тешко ранет и за да не падне жив во рацете на Османлиите, на 9 јули се самоубил.

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.