Среда, 12 Декември 2012    PDF Печати Е-пошта
Кирил Пенушлиски

kiril-penusliski

Кирил Илиев Пенушлиски (15. XI. 1912 – 23. V. 2004) е основоположник на македонската фолклористика и е најзначајното име на науката за фоклор во Македонија. Во текот на пет децениската неуморна истражувачка работа, тој објавил шеесетина книги, во кои се обработени најважните прашања од македонскиот фолклор. Тој ги дефинира спецификите на македонското народно творештво, различно од фолкорот на соседните народи и создава силно оружје за одбрана на македонската самобитност.

Кирил Пенушлиски е роден на 15 ноември 1912 година во Солун. Татко му Илија бил трговец, а мајка му Катерина домаќинка. Основно образование завршил во родниот град, а гимназија во Скопје во 1931 година. Потоа во 1938 година Пенушлиски дипломирал на Филозофскиот факултет, група на Југословенска книжевсност.

Во текот на Втората Светска Војна, Кирил Пенушлиски активно се вклучува во Народноослободителната борба и бил претседател на илегалниот НОО одбор на Скопје. По војната работи во Министерството за трговија, а во 1956 година докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје со темата „Стефан Верковиќ - собирач на македонски народни умотворби“.

Најпрво хонорарно, а од 1960 година и како вонреден професор Пенушлиски предавал усно народно творештво на Филозофскиот (подоцна Филолошки факултет). Тој бил избран за редовен професор на Филолошкиот факултет, потоа бил декан, генерален секретар и ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Во својот работен век бил член на Советот на Републиката и почесен член на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ).

Корил Пенушлиски во текот на целиот свој живот бил активен творец и бил еден од најплодните истражувачи на македонскиот фолкор. Автор е на шеесетина книги и на голем број други трудови во кои се обработени најважните прашања од македонскиот фолклор. Пенушлиски има голема заслуга за објавувањето на собраните дела на Марко Цепенков (Македонски народни приказни, I–III, 1958/59) и Стефан Верковиќ (Македонски народни песни, 1961).

Со објавувањето на познатото антологиско издание на Кирил Пенушлиски „Македонско народно творештво“ во десет книги, (1968-1973), започнува периодот на популаризација на жанрот на Македонските народни преданија. Во средината на седумдесетите години се зголемува интересот за објавување на македонски преданија кои дотогаш биле непознати на научната и пошироката македонска јавност.

Во овој период, Кирил Пенушлиски го објавува трудот за Марко Крале, кој претставува еден од првите научни трудови посветен на усните творби. Како автор на предговорот кон седмата книга „Преданија и легенди“ (1969), Пенушлиски дава една општа карактеристика и ги прави првите обиди за класификација на преданијата, потпирајќи се притоа на меѓународната класификација.

Трудовите кои ги објавил Кирил Пенушлиски го афирмираат како комплетен фолклорист, кој во својата творечка дејност обединувал повеќе активности: собирање, обработка и презентација на народните умотворби. Тој успешно ја истражувал како народната поезија и проза, така и кратките фолклорни жанрови. Но, никогаш не се ограничил само на кабинетските проучувања, туку вршел и истражувања на фолклорот во регионите на Мариово и Малешево, откаде ќе произлезе и монографијата „Малешевски фолклор“ (1890). Многу негови трудови се сметаат за први дела од оваа област без кои денес Македонија би била посиромашна.

Покрај истражувањето на животот и делото на браќата Миладиновци, Верковиќ, Цепенков, Шапкарев, Гиновски и други собирачи на македонски народни умотворби, Кирил Пенушлиски вршел истражување, обработка и презентација на македонските револуционерни песни, македонски народни балади, македонски народни приказни, умотворби, гатанки, баења итн. Меѓу другото, тој ги обработува и ликовите на Александар Македонски, Марко Крале, Болен Дојчин, војводата Иљо Малешевски, Гоце Делчев и други. Компаративните проучувања на македонското народно творештво со творештвата на другите балкански народи, му даваат посебна вредност на трудовите на Пенушлиски и претставуваат силно оружје во зачувување на самобитноста на македонскиот народ.

Опусот кој го создава Кирил Пенушлиски во текот на својот живот допрва ќе се оценува од генерациите. Неговите дела претставуваат златна ризница на македонската фолклористика. Меѓу нив се: Пословици (умотворби) со Х. Поленаковиќ (1954), Марко К. Цепенков, Македонски народни приказни (три книги, 1958/59), Стефан И. Верковиќ, Македонски народни песни (1961), Народна поезија (1964), Народни приказни (1964), Црвен се бајрак развева (1965), Македонско народно творештво (десет книги, 1968–1973), Марко К. Цепенков, Малешевски фолклор (1980); Македонски еротски приказни (1981); Гоце Делчев во фолклорот, (1983); Марко Крале - легенда и стварност (1983); Македонски народни балади (1983), Стефан И. Верковиќ, Македонски народни умотворби (пет книги, 1985); Болен Дојчин (1986), Народната култура на Егејска Македонија (1992), Зборникот на Панајот Гиновски од Галичник (1995), Митот и фолклорот (1996), Ѓорѓи Милошев, Галички свадбарски народни песни (1996) и други.

Со историскиот преглед на „Македонскиот фолклор“, Кирил Пенушлиски во 1999 година го заокружува своето повеќедецениско истражување и претставува круна на сестраното проучување на македонското народно творештво. Тој го анализира, споредува и го одредува местото и значењето не само од национална гледна точка, туку и во рамките на светската фолклористика. Ова дело претставува сеопфатен научен историски преглед на потеклото, развојот, особеностите и современите состојби на македонскиот фолклор.

Кирил Пенушлиски со своите трудови ја задолжи македонската фолклористика и македонската култура. Умира на 23 мај 2004 година во Скопје, на 92 години.

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.