Македонски легенди

Вангел Мангов

Vangel_Mangov

Vangel_MangovВангел Мангов е роден во 1912 година во Костурското село Жупанишча, Егејскиот дел од Македонија. Основно образование завршил во 1926 година, а потоа учи во Костурската и Цотилската гимназија. Во периодот по Првата Светска Војна, кога во Егејскиот дел на Македонија не постои организација на македонскиот народ која ќе се спротивстави на грчките шовинисти, Вангел Мангов како средношколец пристапува кон комунистичката младинска организација и поради неговите револуционерни идеи, тој бил избркан од средното училиште.

Тешката економска криза во која запаѓа Грција во 1926 година, како и  прогромите на грчките шовинисти кои го зголемија теророт врз македонскиот народ само за да се иселат Македонците од Егејскиот дел на Македонија, доведува до ширење на влијанието на Комунистичката партија на Грција (КПГ) меѓу прогресивните Македонци. По падот на диктаторскиот режим на владата на генаралот Пангалос во август 1926 година, на парламентарните избори во ноември истата година, КПГ добиваат 10 мандати од 16 што ги добиваат левичарските партии. По Светската економска криза во 1929 година, КПГ уште повеќе го зголемува своето влијание меѓу македонскиот народ, со чија помош во 1933 изборува 10 места во грчкиот парламент.

Во 1932 и 1936 година, Вангел Мангов учествува во предизборната кампања на КПГ, која е единствена партија која во овој период го заштитува правото на етничките Македонци од Егејскиот дел на Македонија. Со целосна посветеност кон идеологија и политиката на ГКП, која во 1934 година потпишува декларација со која се поддржува создавање на независна република Македонија и го помага формирањето на ВМРО (Об.), Вангел агитира меѓу своите сонародници за поддршка на ваквата политика.

Но, по воведувањето на Метаксасовата диктатура во август 1936 година веднаш започнаа апсења на комунистите, демократските ориентирани политичари и Македонците. Власта со крајна бруталност ги прогонуваше Македонците, кои ги третираше како граѓани од втор ред. Меѓу прогонетите се наоѓа и Вангел Мангов, кој бил уапсен и осуден на четири месеци затвор.

Во 1938 година Грција донесува посебен закон со кој најстрого се забранува употребата на македонскиот јазик. Од донесувањето на Законот па се` до избувнувањето на Грчко-италијанската војна (октомври 1940 г.), воглавно заради зборување на мајчин македонски јазик, голем број Македонци биле интернирани или затворени како сомнителни. Во 1939 година, Вангел бил повторно уапсен, брутално измачуван и осуден на 9 месеци затвор.

По ослободувањето од затвор, Вангел Мангов се вклучува во борбата против Италијанските фашисти. Тој е свесен дека фашистичкото ропство ќе биде уште поцрно, доколку Италија ја прегази Грција, па иако е незадоволен од Метаксасовата диктатура, која изврши економско ограбување и национално потиснување на македонскиот народ, како и најголем број Македонци, се одзива на мобилизацијата. Вангел учествува во Грчко-италијанската војна, во која во првите редови на фронтот кај Морава, Подградец, Иван Планина и Клисура се наоѓаа околу 80.000 војници од Егејскиот дел на Македонија.

По нападот на Германија во 1941 година и фашистичката окупација на Грција, Вангел активно се вклучува во подготовките за национално-ослободителната борба. Тој работи на собирање на оружје, како и на организирање и вклучување на населението во Националниот Ослободителен Фронт (гр. ЕАМ). Во 1942 година, Вангел е уапсен од страна на окупаторските сили и осуден на 11 месеци затвор. Исто така, со него била уапсена и затворена неговата партиска соработничка чије бебе умира како резултат на тешките затворски услови.

Откако бил ослободен од затвор, Вангел неуморно работи во револуционерното движење како партиски лидер и политички комесар во единицата на ЕЛАС. Тој бил добар и страствен оратор кој се спротивставува на фашистичката пропаганда на бугарските окупациски сили и активно работел на развивање и ширење на заедничка борба на македонскиот и грчкиот народ против фашистички непријател под раководство на КПГ.

Под раководство на КПГ, ЕАМ и ЕЛАС во 1943 година, антифашистиката борба ја зафаќа целата територија на Грција, а кон крајот на истата година партизанските единици се реорганизираат во воени формации (батаљони, полкови, дивизии). Македонскиот народ од Егејскиот дел на Македонија, масовно се вклучува во ослободителното движење и успева да создаде свои партизански единици. Во Костурско, каде до израз доаѓа политичката активност на Васил, македонското население масовно се крева и во повеќе македонски села се формираат партизански одреди кои вршат притисок врз КПГ и ЕАМ да бидат вклучени во ЕЛАС.

Како резултат на заедничката борба со грчкиот народ, во многу македонски села беа отворени првите македонски училишта, беа формирани театарски групи, а народот се чувствувал слободно. Меѓутоа, по формирањето на владата за национално единство на Грција, како и  по договорот во Либан и Казерта во 1944 година, со кое народно-ослободителното движење на Грција се предаде во рецете на грчката десница и англиската воена команда на Исток, повторно настанаа црни денови за македонскиот народ. Владата на национално единство на Грција презеде повеќе мерки да го исклучи влијанието на Македонците како еден од условите за целосно владеење во Егејскиот дел на Македонија.

По расформирањето на организациите на СНОФ и големиот притисокот врз Македонците во единиците на ЕЛАС, една група Македонци ги напуштија единиците на ЕЛАС и во знак на протест кон политиката на КПГ се соединија со единиците на НОВ и ПОМ. Во јуни 1944 година беа формирани Воденскиот батаљон, Костурскиот батаљон, Леринскиот батаљон и батаљонот за тешко оружје, од кои на 18 ноември 1944 година беше формирана Првата Егејска бригада во Битола со околу 2.500 борци. На чело на Костурскиот батаљон беше командантот Сотир Андоновски и комесарот Вангел Мангов.

По расформирањето на Егејската бригада, голем дел од борците се вратија во Егејскиот дел на Македонија, каде активно се вклучија во ДАГ и Граѓанската војна во Грција од 1946-1949 година. По враќањето Вангел Мангов продолжува со својата активност и станува комесар на партизанска единица, а потоа работи како политички комесар во Костурско. Новата фашистичка власт во Грција го прогонува и нуди парична награда од 25 милиони драхми за главата на Мангов, но тој долго време бил недофатлив.

Владимир Мангов развива импресивна воено-политичка активност. За да ги заврши навреме своите активности, тој ги преминува и непријателските линии. Но, на 26 март 1947 година, додека се приближувал кон манастирот во Сливени бил предаден и уапсен од владините сили кои веќе биле во манастирот. Мангов без да чека многу, се фрлил од карпа во реката Бистрица, но не успеал да отплива далеку кога бил смртно погоден од куршум. Наредниот ден, телото на Вангел Мангов било откриено на брегот од реката од страна на селаните на Сливени. Полицијата му ја отсекла главата и во кутија ја испратиле во Костурско.

Вангел Мангов го посветува својот живот за слободата на македонскиот народ во Егејскиот дел на Македонија.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top