Среда, 29 Мај 2013    PDF Печати Е-пошта
Ташко Караџа

tasko-karadzaАнастас Ташко Караџа (1914 - 1942) е македонски револуционер од Егејскиот дел на Македонија. Еден е од најистакнатите борци за национални и социјални права на македонскиот народ во Костурско. Активно учествувал во македонското движење и бил активен учесник во антифашистичкиот отпор во Егејскиот дел на Македонија. Пред Втората Светска Војна, како член на КПГ бил апсен и интерниран од режимот на Метаксас. Во 1941 година бил функционер на ОКНЕ за Егејска Македонија и секретар на Окружниот комитет на КПГ за Катерини, а во 1942 година бил уапсен, осуден на смрт и убиен од германските власти.

Ташко Караџа е роден на 14 април 1914 година во селото Д’мбени, Костурско. Татко му Насо бил работник. Завршил основно образование во родното место, а потоа се запишал на Земјоделското училиште во Лерин. Во 1929 година станал член на Федерацијата на кумунистичката младина на Грција (Oμοσπονδία Kομμουνιστικών Nεολαιών Eλλάδας - ОКНЕ). Во 1930 година, по две години поминати на Земјоделското училиште, поради своите активности бил исклучен од училиште. Продолжил да се самообразува, но и да ги спроведува своите организациски активности во неговот родно место и во Корешта, област во Северозападниот дел на Егејска Македонија.

Осумнаесет годишниот Караџа, со младешки ентузијазам и ревулуционерна страст ја шири македонската нацинална идеологија и ги организира младинските организации на ОКНЕ. Во 1931 година, додека држел говор пред насобраната младина и другото население на селото Дреновени, Ташко Караџа бил уапсен. Судот во Костур го осудил на три месеци затвор и три месеци егзил во Лариса, каде се сретнал со вистинската борба на работниците за нивните права. Ташко се стекнал со широки познавања за нивната идеологија.

По враќањето во своето село, продолжил да го организира населението со уште поголем елеан. Како член на КПГ, Ташко развива широка револуционерна дејност во Костурскиот крај. Тој воспоставува нови партиски ќелии, ги шири постоечките, ги снабдува со потребната литература и го користи локалниот печат за ширење на идеологијата. Сето тоа ќе доведе до разгорување на политичката борба и зголемување на отпорот на населението против тиранијата на грчката власт.

По враќањето на Лазо Трповски од Советскиот Сојуз во Д’мбени, во 1934 година, Ташко Караџа тесно соработува со него. Тие работат заедно и се советуваат додека заедно патуваат низ Костурскиот регион.

Со воведувањето на Метаксовата диктатура во 1936 година, започна еден од најтешките периоди за македонскиот народ во Егејскиот дел на Македонија. Била забранета употребата на македонскиот јазик. Поради кршење на забраната за користење на македонскиот јазик, повеќе од 5.000 Македонци биле осудени и затворени.

Во октоври1936 година, Ташко Караџа бил уапсен. Најпрво бил мачен во полициската станица во Д’мбени, потоа во Костур, Солун и Пера од каде бил испратен на островот Ајос Ефстратиос, каде од 1930 година биле држени политичките затвореници. Од овој остров, во 1938 година бил префрлен во тврдината Акронафплија, која исто така од 1936 година се користи како затвор за политички затвореници. Сепак и покрај сите измачувања и тортури кои ги доживува, Ташко не бил скршен. Тој ги преживеал сите страдања во Акронафплија и Пилос.

По окупацијата на Грција во пролетта 1941 година, Германските окупациони власти на 28 јуни истата година ги ослободуваат од грчките затвори Ташко Караџа, Андреј Чипов, Лазар Трповски, Лазар Дамов, Атанас Пејков и уште 22 други Македонци. Меѓутоа, уште истото лето, Ташко Караџа, Лазо Трповски и други активисти на КПГ, застана во првите редови на народноослободителната војна против фашистичките окупатори.

Ташко Караџа дејствувал во Атина и од септември 1941 година бил назначен за прв секретар на Окружниот комитет на КПГ за Катерини. Неговата работа е поврзана со формирањето на првите партизански редови на ЕЛАС на легендарниот Олимп. При крајот на 1941 и почетокот на 1942 година, како член на Окружното биро на младината од Егејскиот дел на Македонија, Ташко бил назначен за лидер на младинците и студентите од Универзитетот во Солун.

На 8 април 1942 година Тошо бил уапсен од грчките колаборационисти, соработници на германските окупациски власти. Тие му го предаваат на Гестапо, а повеќе од месец и половина тој бил брутално мачен за да ја открие партизанската мрежа и лица кои се вклучени во национално-ослободителната борба. Меѓутоа, и покрај сите мачења и искушенија, синот на македонскиот народ Ташко Караџа, останува докрај лојален кон својот македонски народ и грчки пријатели и соработници од КПГ. Во мај 1942 година во Солун, пред воениот суд да ја донесе конечната пресуда, Ташко со дигнитет ја истакнува чесната антифашистичка борба. По донесената смртна пресуда од страна на воениот трибунал на германските власти, младите солунчани имале три неуспешни обиди да го спасат саканиот Тошо Караџа.

Пред да биде стрелан, на 19 мај 1942 година, Тошо Караџа успеал да се види со својата мајка во затворот и и` порачал да не тажи, дека неговата смрт не е залудна и дека „другарите ќе донесат слобода и среќа“. Три дена потоа, во утринските часови на 23 мај 1942 година, Атанас Тошо Караџа бил стрелан во Солун, не дозволувајќи да му бидат врзани очите.

Името на Ташко Караџа останало во колективната меморија меѓу македонскиот народ во Костурско и пошироко. Народот испеал песни за време на народноослободителната борба, а неговиот живот и борбен дух стана пример како за Македонците, така и за грчките демократи.

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.