Среда, 19 Јуни 2013    PDF Печати Е-пошта
Митре Влаот

Mitre_VlavotМитре Панџаров – Влаот (1873 - 1907) е македонски револуционер, член и војвода на Македонската Револуцонерна Организација. Познат е под името Митре Влаот или како Митре Влашето, но во документите се потпишувал со вистинското име и презиме. Со појавата на комитските чети, влегува во нивните редови, прво како обичен борец, а потоа станува војвода на чета, од реонски до окружен. Учесник е во Илинденското востание, а потоа води борба против грчките андартски чети во Костурскиот регион.

Митре Панџаров е роден во 1873 година во костурското село Кономлади, Егејскиот дел на Македонија, во семејството на Никола Панџаров, кој бил доселеник од Пљаса. Како млад работел како овчар во влашки семејства поради што почнале да го викаат Митре Влаот или Митре Влашето. Животот му се изменил кога работел како момок кај бегот во селото Света Недела, Костурско. Таму ја почуствувал неправдата која им била нанесувана на селаните. Бунтовен по природа, Митре иако млад му се заканил на бегот дека еден ден ќе ја добие заслужената казна. По шлаканицата која ја добил од бегот, Митре заминал во планина.

Станал четник во чета на ајдукот Коте Христов, но кога во 1901 година во Кономлади била формирана првата чета на Македонската Револуционерна Организација, Митре влегува во нивните редови како обичен борец. Во четата на Марко Лерински, Митре се научил да чита и пишува, а потоа постепено напредувал. Станал помошник на војводата Георги Папанчев, а кон средината на јануари 1902 година, во областа Корешта предводи сопствена чета.

Всушност, за време на посетата на Гоце Делчев на Костурскиот регион на почетокот на декември 1901 година, покрај другите раководители во придружбата бил и Митре Влаот. Додека таму престојувал Делчев, Организацијата се преродила. За време на последниот состанок со раководството во Костурско, кој се одржал во јануари 1902 година во Загоричани, било одлучено, четата да се подели на два дела и со едниот да раководи Митре Влаот, кој по предавството го спасил Делчев од заседа.

Повлекувајќи се пред турските потери, во зимата 1902/1903 година, Митре се засолнил во пештера, а потоа во мај учествувал на Смилевскиот конгрес, каде се донесува конечно решение за кревање на востание во Македонија. По враќањето од Смилево, во текот на истиот месец четата на Митре Влаот се судира со турската војска кај селото Руља, а потоа на 26 јуни истата година убива петмина патријаршисти кај селото Неред. За време на Илинденското востание, Митре Влаот учествувал во нападот на османлискиот гарнизон во селото Вишени и во големата борба кај селото Писодер, каде бил тешко ранет.

По неуспехот на востанието, Митре Влаот бил еден од ретките лидери на организацијата, кои останале во Македонија. Во април 1904 година, со Георги Попхристов формирале нова чета, која набрзо се зголемила, а Битолскиот окружен комитет го назначил за околиски војвода на реонот Костенаријата.

Митре Влаот во овој период води борба против грчките вооружени чети, кои го тероризираат македонското население. На 24 јуни 1904 година биле предадени од гркоманскиот градоначалник на Кономлади, по што предавниците биле ликвидирани. Митре ги сметал за непријатели сите кои за пари работеле за грчките интереси, а посебно го болело кога тоа го правеле луѓе од неговиот род, како што вели: Од душмански куршум не се плашам, но се плашам од предавнички збор, особено кога тој доаѓа од човек на родот мој“.

Грчката црква, превземала посебни мерки за да го ликвидира револуционерното движење во Костурско. Грчките попови соработувале со турските власти за да се ликвидираат македонските револуционери, а андартските чети вршеле терор врз македонското население само за да се приклонат кон грчката патријаршија. Така во месец октомври 1905 година, поручникот на грчката армија и командант на андартска чета од 120 души, Василакис Лахтарис, влегува во селото Оровник и врши притисок врз фатените селски првенци да станат патријаршисти. Во меѓувреме здружените чети на Митре Влаот и Пандо Кљашев, како и ресенската чета на Насо Каршаков го опколуваат селото. Во борбата која се развила под водство на Митре Влаот, биле убиени 13 андарти, а другите панично се повлекле кон Желево и Леринско.

Грчкиот владика од Костур, Германос Каравангелис долго време се обидувал да го ликвидира Митре Влаот. Во моментите кога изгледаше дека тешко ќе може да го отстрани прочуениот македонски војвода, неговиот потплатен доушник Христо од село Шестево му ја доставил важната информација дека војводата Митре Влаот се наоѓа со тројца четници во с. Жупаништа.

На 22 август 1907 година, многуброен турски аскер на чело со предавникот Христо, се упатиле кон селото со цел да го фатат војводата жив или мртов. По опколувањето на селото започнала последната жестока битка на Митре. Откако тројцата негови соборци биле тешко ранети, Митре ги убива, а потоа се самоубива. Човекот кој се бореше за слобода и достонство на македонскиот народ, за слободна Македонија, загина од тоа што најмногу се плашеше. Беше „предаден од човек на родот свој“. На 13 март 1907 година, костурската чета влегла во селото Жупаништа и ги казнила со смрт предавниците кои го предале војводата.

Војводата Митре Панџаров - Влаот бил погребан во заедничка гробница со неговите соборци во селото Апоскеп. Гробницата се наоѓа на една височинка од каде се гледаат костурските планини. Народот ќе испее повеќе песни за легендарниот костурски војвода, меѓу кои и песната:

Митре Влао, тешко ранет

Митре Влао, тешко ранет,
им се моли на другари:
- Ој другари, мили браќа,
подајте ми дулбијата.

Да ја врла Вич планина,
да распула горе-долу.
Планините, долините,
и Баскарските Извори.

Да се проста со Костурско,
и со цела Македонија,
да се проста со Костурско,
и со цела Македонија.

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.