Среда, 03 Јули 2013    PDF Печати Е-пошта
Христо Даскалчев

hristo-daskalcevХристо Даскалчев (12. IX. 1878 – 14. XII. 1954) е македонски просветен и национален деец, револуционер и воденски војвода на Македонската Револуционерна Организација. Како член на раководството на Македонската Емигрантска Федеративна Организација (МЕФО) се застапувал за Македонија, за Македонците како потполно независна политичка единица од балканските држави. Во септември 1944 година во Софија потпишал "Апел до Македонците во Бугарија".

Христо Даскалчев е роден во 1878 година во воденското село Владово, Егејскиот дел на Македонија. Детството го поминува во родното место, каде се стекнува со основно образование. Во 1901 година завршил Духовна семинарија во Цариград, а потоа работел како учител. Во учебната 1901/1902 година бил назначен за главен учител во Гевгелија и во Сер.

Ги следи стапките на својот постар брат Иван Даскалчев (1872 - 1931) кој бил член на ТМОРО од 1898 година. Влегува во Македонската Револуционерна Организација и бил назначен за раководител на гевгелискиот МК на ТМОРО. Одржувал писмени контакти со четите на војводите Сава Михајлов и Апостол Петков Терзиев.

По Солунската афера во јануари 1901 година, истата година следувала и Бајалската афера, која и нанела силен удар на Организацијата. Во Тиквешко, Дојранско, Солунско и Гевгелиско, биле следени, уапсени и осудени повеќе од 2.000 членови на Организацијата. Свесен дека е следен од турските власти, во 1902 година, Даскалчев преку Бугарија емигрирал во Русија.

Со намера да го продолжи своето образование на медицинскиот факултет, Христо Даскалчев доаѓа во Санкт Петербург. Тоа е периодот, кога во градот престојува Крсте Петков Мисирков, кој уште во 1900 година го основал Тајниот македонско-одрински комитет (ТМОК), со цел да го потпомага материјално и морално македонското дело. По доаѓањето во С. Петербург, Даскалчев станал особено активен член на тамошниот ТМОК, а потоа од здравствени причини се запишал на Медицинскиот факултет во Киев, кој го завршува во 1911 година.

Во меѓувреме, Христо Даскалчев организирал револуционерни комитети во Москва, Одеса и Санкт Петребург, а учествувал и како доброволец во Руско-јапонската војна (1904 -1905). Во 1914 година се вратил во Бугарија и како воен лекар на Деветата пешадиска плевенска дивизија на бугарската армија учествувал во Првата Светска Војна.

По Првата Светска Војна, на 24 јули 1919 година, д-р Христо Даскалчев бил избран за член на седумчлената Неутрална обединителна комисија за надминување на поделеноста на македонската емиграција во Бугарија. Учествува на Вториот собир на македонските братства во Софија, кој се одржал од 17 до 20 октомври 1920 година. Даскалчев се спротивставува на врховизмот и заедно со други 62 делегати, на 18 октомври 1920 година, демонстративно го напушта Извршниот комитет и собирот на кој присуствуваат 200 делегати од 68 братства.

Набрзо потоа, д-р Христо Даскалчев бил избран за претседател на новоформираната Привремена комисија на македонската емиграција во Бугарија, а за членови на комисијата биле избрани: арх. Никола Јуруков, д-р Филип Атанасов, Христо Татарчев и д-р Александар Димитров. Привремената комисија на чело со Даскалчев се залага за автономија и самостојност на Македонија од другите балкански земји, а за таа цел од 1 декември 1920 година како нивен орган го издаваат весникот „Автономна Македонија“, под редакција на Иван Снегарев и Владислав Ковачев. Помеѓу 17 декември и 20 март ад хок комисија, на чело со Евтим Спространов прави неуспешни обиди за помирување меѓу Привремената комисија и Извршниот комитет на братствата.

На 4 декември 1920 година, д-р Христо Даскалчев и членовите на Привремената комисија го свикуваат оснивачкиот конгрес на Македонската федеративна револуционерна организација или Македонска Емигрантска Федеративна Организација (МЕФО). На конгресот биле поставени целите на МЕФО, а со Уставот дефинирана легалната борба за создавање на автономна федеративна држава Македонија во нејзините географски и економски граници, која ќе влезе како рамноправен член во балканската федерација. Даскалчев кој бил член на раководството на Македонската Емигрантска Федеративна Организација (МЕФО), се залагал за „Македонија за Македонците како наполно независна политичка единица од балканските држави, што гарантира апсолутни еднакви права на сите етнички елементи што ја населуваат“.

Д-р Христо Даскалчев продолжил да работи во Бугарија. Во септември 1944 година, во Софија го потпишува „Апелот до Македонците во Бугарија“. Во суштина овој документ е обраќање кон Македонските емигранстки организации во Бугарија од името на 29 македонски дејци, поранешни активисти на ВМРО (обединета) и крилото на протогеровистите во ВМРО. Во апелот се поддржува АСНОМ, како и вклучувањето на Народна Република Македонија во Демократска Федеративна Југославија. Меѓу потписниците на Апелот, покрај д-р Христо Даскалчев се наоѓаат и имањата на: Д-р Павел П. Шатев, Божин Димитров, Иван Поп Јорданов, Љубен Манолов, Христо Калајџиев, Георги Саракинов, Алаксандар Мартулков, Лазар Поповски, Д-р Христо Тенчов, Петар Шанданов, Пецо Трајков, Лазар К. Ашлаков, Туше Делииванов, Георги Динишев, Георги Деспотов, Ангел Динев, Крсто Гермов (Шакир), Филип Поп Тодоров, Димитар Халваџиев, Иван Палејков, Никола Константинов, Д-р Лазар Божинов, Гоце Грков, Д-р Васил Христов, Борис Михов Туше Влахов, Стефан Нанов и Михаил Герџиков.

Д-р Христо Даскалчев го завршил својот работен век како универзитетски професор во Бугарија. Починал на 14 декември 1954 година во Софија.

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.