Среда, 10 Јули 2013    PDF Печати Е-пошта
Гацо Капидан

Angel_GacoАнгел Гацо (Паришев), односно Гацо Капидан, како што бил познат меѓу селаните, бил роден во 1771 година во село Саракиново, Воденско. Уште како мало дете покажувал сободен и непокорен дух. Потекнувал од сиромашна фамилија, па поради тоа, како момче бил момок и пасел говеда и свињи во село Бабјани, Ениџе – Вардарско. Еден ден бегот кој владеел со чифликот и селото Бабјани, му јавил на газдата кај што живеел и работел Гацо, дека бегот доаѓа утредента и дека е на ред ќерка му да го служи. Газдата бил многу тажен и не знаел што да прави. Гацо го дознава тоа и утредента на денот кога требало бегот да го посети селото, ги натерал говедата да пасат покрај патот кајшто бегот минувал за селото на својот чифлик. Гацо носел некој јак стап со кукуда и кога бегот се доближил со коњот, Гацо потрчал да ги растера говедата да не му пречат на бегот по патот. Кога дошол близу до него го удрил со јакиот стап  го убил бегот и ја фатил планината.

Селаните од Бабјани знаеле дека Гацо потекнува од мегленските села ама не знаеле од кое село. Неколку години потоа Турците го барале низ селата и кога откриле дека е од Саракиново, Гацо го напушта Саракиново и се преселува во селото Перишор, Негушко. Тука се запознава со Негушкиот војвода Ташо Карташо кој многу го засакал поради неговата мудрост и решителност. Во тоа време Гацо многу се истакнувал во борбите за заштита на христијанското население против разни банди Карамани од муслиманско потекло. Ангел Гацо во тоа време станал главен воденски војвода и стекнал голем авторитет меѓу македонското население во Воденско. Во повеќе села во Воденско, имал создадено организации на поверливи луѓе што ги мобилизирал кога имало потреба за борба против непријателот.

Ангел Гацо бил висок маж, русокос со густи мустаќи, неуморен во пешачење, изразито смел во борбите, способен и мудар раководител на војската. Кога се преселил во селото Паришор-Негушко, се преженил со една вдовица Македонка, со која имал четири ќерки и еден син, Никола. Гацо го посинил и синот на вдовицата, Димитар, кој подоцна цело време го придружувал во борбите. Ангел Гацо до 1828 година, кога беше ослободена Грција, учествувал во сите поважни борби и тоа во: Аграфа до Камноти, Плака, Кремиди, Идра, Скијати и многу други места. Македонските војводи Карташо и Гацо во текот на шестгодишно учество во грчката револуција (1821-1828) биле засилувани секогаш со нови борци кои доаѓале од Македонија да учествуваат во Револуцијата. По ослободувањето на Грција во 1828 година овие македонски фамилии како емигранти биле собрани во испразнетото село од Турците, Аталанта близу до Тива. Караташо умрел во 1831 година, а Гацо во 1839 година, во голема сиромаштија. Малиот син на Гацо, Никола, во 1830 бил ослободен од заробеништво, жена му била мачена и убеан од Турците, а четирите ќерки биле насила потурчени.

Извор: „Македонските војводи низ собитијата и народните песни“ – Коле Рошев
 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.