Среда, 16 Октомври 2013    PDF Печати Е-пошта
Иван Хаџи Николов

Hadzi-nikolovИван Хаџи Николов (24. XII. 1861 –  9. VII. 1934) е македонски револуционер, учител, книжар и еден од основополжниците на Македонската Револуционерна Организација. Од 1894 до 1901 година бил член на ЦК на МРО. Во времето на Солунската афера во 1901 година ги предал печатот и шифрите на Организацијата на Иван Гарванов, па откако ја увидел грешката, се обидел да се самоубие. Во јануар 1903 година учествувал на советувањето на МРО во Софија, а по востанието се преселил во Софија, каде што се занимавал со издаваштво и со трговија. Оставил драгоцени спомени значајни за МРО и борбата на македонскиот народ за самостојност и национално ослободување.

Иван Хаџи Николов е роден на 24 декември 1861 година во Кукуш. Се образувал во егзрхиското класно училиште во родниот град, потоа учел во Пловдив, а во 1888 година завршил Трговска академија во Линц, Австрија. Во меѓувреме, во периодот од 1879 до 1892 година прво учителствувал во Костенец, а потоа на повик на Кузман Шапкарев бил учител во Кукуш, Воден и Солун. По завршувањето на Трговска академија во Линц, Австрија, од 1888 до 1892 предавал во Солунската гимназија „Св. Кирил и Методиј“.

Во 90-те години учествува во формирањето на Младата македонска книжевна дружина и соработува со списанието „Лоза“, кое под раководство на Петар Поп Арсов и Георги Баласчев излегува во јануари 1892 година со цел да ги мобилизира силите на македонскиот народ против штетното влијание на туѓите пропаганди. По забраната на бугарската влада на Стефан Стамболов за делување на ММКД и за излегување на списанието „Лоза“ поради ширење на сепаратизам во јуни 1892 година, во јули Хаџи Николов се среќава во Софија со Коста Шахов и Гоце Делчев и ја резгледуваат идејата за формирање на револуционерна организација.

На 11 септември 1903 година, откако бил принуден да се откаже од својата професија, Хаџи Николов отворил книжарница во Солун. Во неа продавал на консигнација разни учебници, уметничка литература и друго, дела кои биле печатени во Софија и Солун, со што ги задоволува неопходните потреби на учителите.

Книжарницата на Хаџи Николов во Солун станува жариште од каде се шират искри на  револуционерната идеја меѓу учителите и прогресивната македонска младина, а тој станува еден од иницијаторите и основоположниците на Македонската Револуционерна Организација.

На 21 октомври 1893 година, на бреговите на Солунскиот залив, Хаџи Николов се сретнал со Даме Груев и Андон Димитров при што разговарале за формирање на револуционарна организација за ослободување на Македонија. Во текот на разговорот тој предложил да им се придружат Петар Поп Арсов, Христо Татарчев и Христо Батанџиев.

Два дена потоа, на 23 октомври 1893 година, во куќата на Христо Батанџиев се одржала нова средба на која покрај домаќинот присуствувале Иван Хаџи Николов, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Татарчев. По разгледувањето на општествено-политичка состојба во земјата и теророт кој се врши врз македонскиот народ, шестмината ја согледуваат потребата од организирано делување и дека постојат услови за развивање на засилена револуционерна дејност.

Шестмината Македонци ги поставуваат темелите на Македонската Револуционерна Организација. Односно тие се договараат таа да биде тајна и револуционерна, нејзината територија да ја сочинува Македонија во нејзините етно-географски граници, поради што ќе се вика внатрешна и во неа да членуваат лица што се родени и живеат во Македонија. Истовремено биле поставени и политичките цели на Организацијата како што се: автономија на Македонија, самостојност на Организацијата и да се чува да не падне под влијание на политиката на владите на слободните соседни држави.

На средбата за претседател бил избран Христо Татарчев, а во негово отсуство требало да го заменува Хаџи Николов. Од 1894 година па се` до Солунската афера во 1901 година,  Хаџи Николов бил член на Централниот Комитет на Македонската револуционерна организација. Во овој период, тој учествува на Солунскиот конгрес во 1896 година, а преку својата книжара продолжил да агитира и да ја пробива ревулуцинерната идеја меѓу интелигенцијата во Македонија и покрај пречките на кои наидува од страна на Егзархијата и нејзините платеници.

По масовните претреси и апсења кои се случија во т.н. Солунската афера кон крајот на јануари во 1901 година, Хаџи Николов бил единствениот член кој успеал да ги избегне првичните апсења. Во очекување на своето апсење Хаџи Николов ги предал печатот и шифрите на Организацијата на Иван Гарванов. По апсењето на 5 март 1901 година, согледувајќи ја грешката, дека Централниот комитет го предал во рацете на идејните противници на Организацијата, односно на поранешните членови на Револуционерното братство, Хаџи Николов се обидел со сечење на вените да се самоубие, но бил спасен.

Иван Хаџи Николов бил осуден на 101 година затвор и испратен на заточение во Подрум Кале (Мала Азија). Но, година потоа, на 19 август 1902 година, заедно со Христо Матов, Пере Тошев, Христо Татарчев и други, Хаџи Николов бил помилуван од страна на султанот. Во почетокот на септември се вратил во Солун.

По одлуката на Централниот комитет на Гарванов за кревање востание донесена кон крајот на ноември 1902 година, Задграничното претставништво организирало советување на кое покрај Гоце Делчев, Пере Тошев, Ѓорче Петров, Христо Матов, Христо Татарчев и други учествувал и Иван Хаџи Николов. На советувањето во јануари 1903 година Матов и Татарчев се залагале за востание, додека Ѓорче Патров и Гоце Делчев биле за перманентно востание.

По Солунската афера и враќањето од затвор, Иван Хаџи Николов веќе го немал своето влијание во Организацијата. Согледувајќи дека не може рамноправно да се носи со младите револуционери, полека се повлекува од револуционерното дело. По востанието во 1903 година се преселил во Софија каде што продолжил да се занимава со издаваштво и трговија.

Во текот на Балканските војни учествувал како доброволец во Македонско-одринското ополчение. Во 1923 година бил избран за благајник на Националниот комитет на Сојузот на македонските емигрантски организации при обединувањето на Македонската федеративна револуционерна организација со неутралните братства.

Иван Хаџи Николов заболен и измачуван од силни стомачни болки, животот  го завршил со самоубиство на 9 јули 1934 година во Софија. Неговите публикации биле објавени во Албумот-алманах „Македонија“ на Илинденската организација под псевдомим Оснивач. Зад себе оставил драгоцени спомени кои Христо Шалдев ги објавува во периодот меѓу 1935 – 1937 година во списанието „Илустрација Илинден“.

Опишувајќи ја вербата кон Македонската Револуционерна Организација и покрај сите страдањата низ кои поминува македонскиот народ, Иван Хаџи Николов вели: „..Македонци, вие не сте само херои, туку и светци. За вас сите жртви се заслужени“.

 

На прво место

News image

КАТОЛИЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ГО ПРОСЛАВИЈА БАДНИК

Католичките верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календа...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.