Среда, 25 Декември 2013    PDF Печати Е-пошта
Иван Попов

IvanPopovИван Попконстантинов Попов (1871 – 30. VIII. 1921) е македонски револуционер, член и војвода на Македонската Револуционерна Организација. Костурскиот војвода и десна рака на Васил Чакаларов, бил еден од многуте македонски јунаци кој младоста ја посветил за ослободување на Костурско.

Иван Попов е роден во 1871 година во неврокопското село Лески, Пиринска Македонија. По смртта на неговиот татко кој бил поп во селото, Иван Попов останал сирак. Во родното место се стекнал со основно образование, а од 1889 до 1895 година бил во воена служба во 11-от Сливенски пешадиски полк, каде се запознал со Марко Лерински.

Под влијание на Лерински, Иван Попов и неговиот брат Никола (и двајцата воени лица), стануваат блиски со луѓето на Македонскиот комитет. Формираат чета, но по затворањето на границата од страна на бугарската влада на премиерот К. Стоилов, не им било дозволено да влезат во Македонија. По неуспешниот обид со војводата Кочо Љутата да формираат нова чета во Дупница, Иван Попов се вратил на служба во Сливен, каде останува се` до април 1902 година.

По разговорите водени со задграничниот претставник на Македонската Револуционерна Организација во Софија Димитар Стефанов, Гоце Делчев го испратил за војвода на организациско-агитациската чета во Костурскиот револуционерен реон во пролетта 1902 година, со цел да го организира населението за востание.

Групата македонски револуционери (најголем дел со потекло од Егејска Македонија), предводени од Иван Попов, во мај 1902 година доаѓаат во пристаништето Пиреја. Таму биле пречекани од Лазар Киселинчев еден од основачите на Македонскиот комитет во Атина. Тој се грижел за организирање на канали за влез на оружје и луѓе во Југозападна Македонија. Меѓутоа, при обид да влезат во Македонија кон крајот на јуни, тие биле уапсени од грчките власти и затворени во Лариса. По интервенцијата на Гоце Делчев кај грчкиот конзул во Бугарија, биле ослободени и набрзо потоа Попов се префрлил во Костурско во септември 1902.

Во Костурско на Попов му била дадена четата на Георги Папанчев, со која ги обиколува и организира Костурските села Апоскеп, Брезница, Блаца, Д’мбени, Жупаница, Загоричани, Косинец, Кономлади и Поздивишча. Во текот на февруари и март 1903 година, тој ги посетил и костенарските села Головраде, Долени, Езерец, Жижелци, Могила, Осничани и Старичани.  Кон крајот на март се сретнал со Борис Сарафов, а неколку дена потоа заедно со Никола Андреев по судирот кај Смрдеш го прогонуваат турскиот аскер и башибозук од селото.

Иван Попов на Смилевскиот конгрес е избран за централен војвода на Костурско. Во меѓувреме со Лазар Поп Трајков и Никола Андреев свикуваат општо собрание и прават вооружена подготовка на населението од селата Вишени, Олишча, Бобишча и Мокрени. Во реонот собираат околу 1500 пушки и заедно со Поп Трајков и Манол Ризов излегуваат на Емборската Планина. Во селото Церешница, се среќаваат со четата на Васил Чакаларов, а потоа доаѓаат уште Пандо Кљашев, Лазар Киселинчев, Илија Биолчев, Стерјо Ташков и др.

Во почетокот на Илинденското востание, заедно со Васил Чакаларов, Митре Влаот и Стерјо Стерјовски, војводата Иван Попов учествува во нападот на касарните во Вишени. Потоа во битката со многубројниот турски аскер во Д’мбенската планина, како и во нападот на селото Биглишча, а истиот ден и во битката на село Врбник. Кон средината на август 1903 година, четите на Иван Попов и Лазар Поп Трајков водат десетчасовна битка кај селото Писодер. Недела дена потоа заробуваат оружје и ја уништуваат телеграфската линија кај Невеска. Неколку дена потоа неговата чета води тешка борба на планината Вич, каде загинуваат 27 востаници, по што Иван Попов се префрла на Смрдешката Планина. Оттаму заедно со Чакаларов, Кљашев и Поп Трајков се движат кон преспанското село Герман и кон планината Лисец, а потоа четите заминуваат за Леринско за да го дигнат во воздух железничкиот мост.

Во текот на септември 1903 година, четите на Иван Попов, Лазар Поп Трајков и Манол Ризов се повлекува на планината Ниџе. Кај Пожарско неговата претходница се судира со турскиот аскер, а откако вечерта ја поминаа Црна Река, по неколку дена поминати во Прилепско се соединуваат со четите на Толе Паша и Дедо Кољо. Поради слабите дејства во овој реон, Попов со стотина востаници се соединува со четата на Петар Ацев, Пере Тошев и Ѓорче Петров. Кон крајот на востанието, во октомври 1903 година, војводите Иван Попов и Лука Иванов, со 116 востаници на пат за Лерин паѓаат во турска заседа, но успеваат да се пробијат. Неколку дена потоа решаваат да ја распуштат четата, а оружјето да се собере и складира.

Иван Попов, Никола Андреев и Михаил Николов се префрлаат во Грција, но се уапсени во Лариса. Откако кон крајот на ноември биле ослободени, Попов со брод заминува за Бургас, а потоа за Сливен. Се вработува во Министерството за замјоделие.

Меѓутоа, Иван Попов не мирува. Повторно влегува во Македонија каде се бори со грчката вооружена пропаганда и се` до Првата балканска војна тој е војвода во Костурско.

Во Првата балканска војна во 1912 година тој е доброволец во 4 чета на Деветтата Велешка дружина, а потоа е назначен за командант на партизанскатa чета, која заедно со четата на Васил Чакаларов и четата на Христо Сиљанов, се дел од Костурската обединета чета на Македонско-одринското ополчение. По започнувањето на воените операции, неговата чета се насочува преку Леринско за Костурско, каде учествува во ослободувањето на Невеска, Прокопана и Загоричани, а ги разоружува околните турски села. Потоа се ослободени селата Апоскеп, Д’мбени, Габреш и Косинец. По поразот на Петтата грчка дивизија кај селото Баница, здружените чети под водство на Чакаларов водат борба гради во гради со турскиот аскер за да им овозможат повлекување на грчките војници. Четата прави напори да ги заштити селата од наредување на турската војска, а потоа им помага на грчките војници да го завземат Кајлари. По разбивањето и заробувањето на 600 турски војници кај Писодер и Желево, потоа уште сто кај Капешчица, обединетите чети во ноември влегуваат во Костур. По повлекувањето на грчката војска кон крајот на ноември од Корешта, се` до нивното распуштање кон крајот на декември, Обединетите чети го заштитуваат тамошното население.

Во Втората балканска меѓусојузничка војна Васил Чакаларов и Иван Попов повторно организираат голема чета која дејствува во заднината на грчката армија. Во јуни 1913 година кај дојранското село Фурка, четите на Чакаларов и Попов во состав од 160 луѓе ги разбиваат делови од српско-грчката војска, а кај Стојаково и Богданци осумдесет евзони. Потоа ја ослободуваат Гевгелија, а кај Тушин, Мегленско, повторно удираат на делови од грчката армија. Набрзо потоа, Гевгелија повторно паѓа во грчки раце, а Иван Попов со другите се извлекува и заминува кон Костурско. При поминување низ Воденско паѓаат во заседа, но Чакаларов со итрина ја извлекува четата и тие продолжуваат кон Костурско. Но, кај Чеган, четата е издадена, а Чакаларов бил ранет. Потоа четата се поделува на два дела, а Иван Попов заминува кон Баница, каде претрпува пораз. Иван Попов бил заробен и во српско заробеништво останува од 18 јули до 18 декември 1913 година.

За него Љубомир Милетиќ вели дека „Без двоумење можам да речам дека меѓу многуте први македонски јунаци, во најблагородна смисла на зборот, Иван Попов е меѓу најпрвите...“ Награден е со орден за храброст од трет степен и чин на резервен потпоручник.

Во текот на Првата Светска Војна, Иван Попов е командир на разузнавањето. Во 1919 година Г. К. Бистрицки пишува дека „Иван Попов, роден надвор од пределите на Костурско, ...чесен патриот, великодушен и десна рака на Васил Чакаларов, и ден денес е жив за да гледа жално како страда Костурско, за доброто на кое тој му ја посветил младоста, уште стенка под ново нечуено ропство“. Иван Попов е пронајден мртов на 15 септември 1921 година во близина на Драгалевскиот манастир на Витоша.

 

На прво место

News image

СДС тоне по рејтинг но се обидува да го спаси и заштити Груби

  СДС тоне по рејтинг но се обидува да го спаси и заштити Груби, СДС мисли дека ќе избега од п...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.