Среда, 12 Март 2014    PDF Печати Е-пошта
Христо Шалдев

hristo-saldevХристо Шалдев (25. XII. 1876 – 2. II. 1962) е македонски револуционер и деец на Македонската револуционерна организација. Бил член, секретар и претседател на ТМОК и член-основач на МНЛД во Санкт Петербург (28. Х. 1902), учесник во Илинденското востание (1903). Подоцна во Софија е уредник на весникот „Илинден“ (1924–1925) и списанието „Илустрација Илинден“ (1934–1936). Познат под псевдонимот Лефтер.

Христо Шалдев е роден на 25 септември 1876 година во Гуменџе, Егејскиот дел на Македонија. Потекнува од познато гуменџиско семејство Шалдеви. Неговиот дедо Христо Шалдев како борец за црковна независност често бил затваран во Солун и Ениџе Вардар. Младиот Христо се школувал во Гуменџе и Солун, а потоа бил испратен да се образува во духовната семинарија во Цариград.

На 17 август 1895 година, учителот Григор Мокрев, близок пријател на неговиот татко, го воведува Христо Шалдев во Македонската револуционерна организација. При покрстувањето Мокрев вели: „Бидејќи ние, членовите на оваа организација се бориме за автономна Македонија, некои истакнати официјални претставници на Егзархијата и чорбаџии се однесуваат кон нас како кон сепаратисти. Ако нашите верувања за значењето на слободата за Македонија се квалификува од нив како сепаратизам, тогаш ние ја прифаќаме одговорноста и политичките последици“.

Во Цариградската семинарија, заедно со Милан Јорданов, Петар Делев Каракалашев, Христо Манчев, Спас Цветков, учествува во формирање на револуционерна група и библиотека. По средбата со членовите на Централниот Комитет на ВМРО во текот на 1897 година, Христо Шалдев му помага на Ѓорче Петров во издавањето на весникот „Бунтовник“, кој излегува во Софија во периодот од 1898 до 1899 година. Весникот бил неофицијален орган на Задграничното претставништво на Македонската револуционерна организација преку кое се претставувале целите и намерите на организацијата.

Во 1899 година, Христо Шалдев како бугарски стипендист го продолжува своето образование во Санкт Петербург, Русија. Во текот на 1900 година, учествува во создавањето на комитети на Тајниот македонско-одрински кружок (ТМОК) во Петербург, Казан, Киев и Одеса, кои имаат за цел да го помагаат материјално и морално македонското дело. Исто така учествува и во формирањето на Македонското научно-литературно другарство (28. Х. 1902 - МНЛД), но како стипендист на Егзархијата искажува спротивни ставови од Димитар Чуповски за посебноста на македонскиот народ.

Од ЦК на ВМРО добил задача да ги следи комитетите на ТМОК и да известува за нивните активности пред Организацијата. Во текот на својот престој во Полтава, каде завршува семинарија, учествува на тајна средба на украинските револуционери пред кои ги објаснува проблемите на македонското прашање. Во март 1903 година испраќа за делото 1.100 наполеони, собрани во Санкт Петербург преку изданијата на весникот „Македонска вечер“.

По добиената информација дека се подготвува востание, Христо Шалдев заминува за Ќустендил, а оттаму со четата на Димитар Мирасчиев влегува во Македонија. Потоа со Тодор Паница се приклучил на скопската чета на Никола Пушкаров. При објавувањето на Илинденското востание четата се наоѓала во манстирот „Свети Георги“ до Ветерско. По успешно извршената диверзија на пругата Скопје – Солун, кај селото Новачани, четата има неуспешен обид да го урне мостот на вливот на реката Пчиња во Вардар. Таа била забележана од турскиот аскер при што доаѓа до судир, а четата потоа се повлекува во Србија. Подоцна прават неколку неуспешни обиди повторно да влезат од Бугарија во Македонија.

Христо Шалдев се вратил во Санкт Петербург каде во летото 1905 година ја завршил духовната семинарија. Потоа заминал за Цариград каде бил уапсен, но по десет дена поминати во затвор бил ослободен и се вратил во Гуменџе. Набрзо потоа од Бугарската егзархија бил назначен за учител по литература во Едрене, каде членува во Одринскиот окружен револуционерен комитет. Објавил повеќе написи во „Музички вестник“ во кои се залага за воведување на црковно пеење на старославјански јазик.

Наредната учебна 1906/1907 година Христо Шалдев бил преместен во Скопското педагошко училиште. По доаѓањето во Скопје го предводел Скопскиот окружен револуционерен комитет, а за активностите на Хилми паша во Македонија, како и за кординираните активности на грчката и српската пропаганда во Македонија, тој го информирал бугарскиот министер за надворешни работи. Тоа ќе предизвика вознемиреност кај турските власти кои бараат негово протерување.

По наредба на Хилми паша, по завршувањето на учебната година, Бугарската егзархија го  преместува Шалдев во Софија, каде останува се` до Младотурската револуција. Во меѓувреме бил делегат на Ќустендилскиот конгрес на ВМРО, а во1908 година бил назначен за началник на сите училишта во Прилепско. Во 1912 година бил преместен во Солунската женска гимназија, каде останува до почетокот на Првата балканска војна.

По Втората балканска војна бил уапсен и испратен на островот Итака, а по ослободувањето се враќа кај семејството во Бугарија. Во учебната 1913/1914 година бил професор во Ајтос, а потоа во Ќустендил.

Во текот на Првата Светска Војна се бори во Петтиот македонски полк под команда на Борис Дрангов. По војната учителствува во женската гимназија и во учителскиот институт. Во овој период српскиот печат го смета за главен организатор на ВМРО во Вардарска Македонија, поради неговите силни врски со Тодор Александров.

Во текот на својот живот Христо Шалдев учителствувал уште во Пазарџик и Софија, каде што е секретар на Илинденската организација и на изданието „Илустрација Илинден“. Четири години Шалдев бил уредник на списанието "Geographic Reading Matters", а со Трајко Благоев и К. Рачев го издаваат заедничкото списание “Географска читанка“.

Христо Шалдев пишува за весникот „Илинден“ од 1921 до 1926 година, а по настаните во 1924 година, тој ја предводи нејзината редакција. Во 1931 година на Шесттиот редовен конгрес на Илинденската организација бил избран во раководството како советник, а во 1933 година и за нејзин секретар. На оваа позиција останува до 1942 година, кога е избран за втор претседател.

Во меѓувреме, во 1933 година на Големиот македонски собор заедно со другите раководители на македонските емигрантски организации во Бугарија го потпишува Повикот кон македонскиот народ, а наредната 1934 година се пензионирал.

Христо Шалдев умира во Софија на 2 февруари 1962 година. Автор е на книгата „Македонија и нејзиниот копнеж за слобода“.
 

На прво место

News image

КАТОЛИЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ГО ПРОСЛАВИЈА БАДНИК

Католичките верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календа...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.