Среда, 26 Март 2014    PDF Печати Е-пошта
Анастас Јанков

atanas-jankovАнастас Јанков (1. VIII 1857 – 15. IV 1906) наречен Македонски Гарибалди или Јанко Паша е македонски револуционер и врховистички деец во македонското народноослободително движење. Иако бил офицер на бугарската армија и член на Врховниот македонско-одрински комитет (ВМОК), каде се смета дека Македонија и Одринско неможат да бидат ослободени со општо востание, туку со помош на бугарската војска и дека ова прашање е во рамките на бугарското национално прашање, тој покажува јасно изразен македонски идентитет.

Анастас Динков Јанков е роден на 1 август 1857 година во познатото македонско костурско село Загоричане, Егејскиот дел на Македонија. Основното образование го стекнува во своето родно место, а подоцна учи во егзрхиското училиште во Цариград. По завршувањето на школувањето во 1875 година, време кога се наѕираат револуционерните настани во Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија и Македонија, Јанков бил затворен, но бега во Одеса, а потоа во Србија.

Во 1876 година како доброволец во српската армија Јанков учествува во Српско – Турската војна. По битката кај Гредетин е награден со српски орден и добива офицерски чин. За време на Руско-Турската војна (1877 - 1878), повторно како доброволец учествува и во борбите за ослободување на Бугарија. Во борбите кај Шипка и Шејново бил тешко ранет, а за покажаната исклучителна храброст бил одликуван со висок орден на Руската империја „Георгиевски крст“.

По војната останува во новосодаденото кнежество Бугарија и од ноември 1878 година учи во Военото училиште во Софија. По завршувањето на военото образование во 1880 година, како подпоручник служи во IX Берковска дружина. Во 1885 година како поручник на Харманлијската дружина учествува во Србско – Бугарската војна, во која се истакнува во борбите за освојување на Димитровград и Пирот. Од 1886 до 1901 година напредува во службата и добива чин полковник на бугарската армија. Истиот ден кога добил унапредување, Јанков бил отпуштен од армијата и до крајот на својот животот тој го поминува во редовите на Врховниот македонско – одрински комитет (ВМОК).

Во 1902 година, како искусен револуционер и учесник во две војни, Анастас Јанков извршил обиколка во Македонија за да ја провери готовноста на населението за подигање на востание. Во родниот крај оди со голема чета, но поради различните ставови на ВМОК и ТМРО, тој имал неуспешен обид да крене востание во Костурско и Леринско. Гркоманот Павле Киров од костурското село Желево кој за Организацијата пренесувал оружје од Грција, а потоа по Илинденското востание со Коте Христов станаа андартски капетани, во изјава за британски новинар зборувајќи за различните ставови на челните луѓе  на Организацијата вели дека освен Сандански, единствено Јанков на народот им говорел за „Македонија на Македонците“.

Македонскиот Гарибалди или Јанко Паша својот став го потврдува пред почетокот на Горноџумајското востание во есента 1902 година со издавање на проглас до населението кое е објавено од тогашните весници, а во кое се вели:

Македонци! Сетете се за светскиот победител, за свет­с­ката слава на Македонија - великиот Александар Маке­донски! Се­тете се за храбриот цар Саму­ил, македонскиот великан, за прек­расниот Марко Крале, општо­славјанска слава - дека во нив течела македонска крв. Тие сега од небесните височини бдеат над нас и го благословуваат нашето започнато дело. Да се по­кажеме како нивни достојни потомци, да им ги зачуваме славните имиња, и ние да го зачудиме светот со нашата храброст, умешност и самопожртвуваност, да го отресеме од себе срамниот јарем што не гуши пет века!”

По решението на Солунскиот конгрес во јануар 1903 година за кревање на востание, дејците на Врховниот комитет постигнаа договор со Внатрешната организација за учество во востанието. Со дозвола на Задграничното претставништво на територијата на Серскиот револуционерен округ навлегуваат четите на ВМОК.  За време на востанието Јанков е член на Востаничкиот штабот во Разлошко. Со чета од 400 души под негова команда војува со турската војска кај с. Пирин и с. Белица. По востанието Јанков накратко преминува во Бугарија и потоа повторно се враќа во Македонија и дејствива во Серскиот округ. Тука влегува во конфликт со четите на Организацијата, кои сакаат да ги прогонат врховистичките чети од реонот.

При средбата со врховистите Јане Сандански изјавил дека:

„Ние сакаме Македонија да биде автономна, независна, слободна, Македонија на Македонците... вие ја сакате слободата на Македонија... како средство, како етапа за идно завојување и присоединување, а кај нас слободата, автономијата на Македонија е легална во основа како цел. Ете каде е големата разлика меѓу Нас - внатрешните и Вас – врховистите“

По враќањето во Бугарија во зимата 1903 година Анастас Јанков веднаш бил уапсен и интерниран во Варна. Во овој период, тој дава интервју (“Штампа”, 01.12.1903) и во врска со неговиот врховизам и неговото национално чуство вели:

Јас не сум Бугарин, туку Македонец и на Македонија и поса­кувам слобода и самоуправа. Тоа е целта на сите вистински Македонци...Ние Маке­донците не сме кадарни сами да го направиме тоа, но кадарни сме да кренеме востание во Македонија за да ги увериме Големите сили  што го потпишаа Берлинскиот договор дека тие треба да го исполнат она што им го ветија  на христијаните во ев­роп­ска Турција.. Особено мораме да побр­заме за да го направиме тоа пред да се спогодат Србија и Бугарија за Маке­донија. Таа спо­годба, според мене, би била кобна за Македонците, бидејќи Буга­рија и Србија, откако ќе се спогодат за нашата татковина, ќе ја по­делат Македонија и тие делови ќе си ги присоединат кон своите држави.“

Анастас Јанков повторно навлегува со четите во Македонија. Но на враќање за Бугарија, на 15 април 1906 година, загинал со целата чета во борба со турските војници во малата Пољана во селото Влахи, родното место на Јане Сандански.

 

На прво место

News image

Нема лага на СДС која не им се удри од глава

Нема лага на СДС која не им се удри од глава, лажеа за Мицкоски, Христовски и повторно се разголеа...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.