Македонски легенди

Иван Анастасов – Грчето

ivan-grceto

ivan-grcetoИван Анастасов – Грчето (1880 – 1905) е македонски револуционер, деец на Мекедонската Револуционерна Организација, драмски војвода на ТМОРО. Дејствувал како организатор на Организацијата во Петричко, Поројско, Демирхисарско и Струмичко. Бил комита во повеќе чети и зел учество во Илинденското востание како војвода на чета во Драмско. Загинал во борба со османлиската војска. Оставил сеќавања за револуционерната дејност (1904).

Иван Анастасов е роден во 1880 година во Мелник, Пиринскиот дел на Македонија. Со основно образование се стекнува прво во родното место каде учи во грчко училиште, а потоа оди во Сер каде учи во егзархиското класно училиште. Образованието го продолжува во педегошкото училиште во Сер, а по завршувањето на вториот педагошки курс, во учебната 1899/1900 година, бил назначен за учител во селото Игуменец, Петричко.

Во училиштето повремено доаѓал весникот „Бунтовник“, неофицијален орган на Задграничното претставништво на Македонската Револуционерна Организација. Иван Анастасов преку весникот кој го уредувал Ѓорче Петров се запознава со целите и намерите на Организацијата во однос на македонското прашање. Исто така, во овој период во селото повремено престојува четата на војводата Костадин Зелников од село Русиново, Малешевско. Од војводата дознава дека во Македонија се пренесува оружје и дека се подготвува востание.

Понесен од патриотски побуди и настаните кои следуваат, Иван Анастасов – Грчето во март 1900 г. влегува во четата на Зелников. Во прво време, заедно со неговиот постар брат се наоаѓа во четата на Зелников, а потоа оди во четата на војводата Стојко Бакалов. Неправедно осудени како грчки шпиони кои се влезени во четата за да дознаат за работата на комитетот, Иван Атанасов едвај се спасува, додека неговиот брат бил убиен.

Во септември 1900 година, Грчето успева да се префрли во Дупница, Бугарија, каде доаѓа писмо дека биле неосновани тврдењата дека бил шпион. По месец дена, Грчето заминува за Македонија со четата на Михаил Поројлијата, (од с. Горни Порој, Демирхисарско, Егејскиот дел на Македонија). Во текот на ноември 1900 година, четата се сретнала со Гоце Делчев во струмичкото село Моноспитово. Тогаш Иван за првпат се сретнал со Делчев на кого му ја раскажал својата сторија, по што апостолот на македонската револуционерна борба го зел под своја закрила.

Во разговорите со Делчев, водени додека го придружува во обиколката на Источна Македонија, Грчето ја добива вистинската слика за делото. Во сеќавањата за револуционерната дејност, забележани од Љубомир Милетич во 1904 година, Грчето го нагласува ставот на Делчев кој говорел дека: „Не може да се надеваме на надворешна помош, да не чекаме помош од Бугарија или некоја друга сила, туку треба да подготвиме од внатре – во душата на секој селанец да се проникне таа идеја, сите да се подготват и тогаш да се дигне масовно востание. Дотогаш никој од надвор да не се меша во нашата работа… “

По одделувањето на Михаил Поројлијата во Порој и по смената на Алексо Поројлијата, четата на Грчето предводена од дотогашниот секретар Миле Поп Јорданов ја продолжила револуционерната агитација во духот на Делчев. Во март 1901 година заминуваат во Бугарија каде останува два месеци. По снабдувањето со пушки и бомби се враќаат во Демирхисарско, кое тогаш во Серско и Милничко претставувале единствен револуционерен округ. Бидејќи се враќаат малкумина, Грчето се приклучува на четата на Дедо Илија Крчовалијата, со кого го чисти теренот од разбојници, а потоа ја продолжуваат агитацијата.

ivan-grceto-2Во текот на 1901 година, четата ја продолжува агитацијата во Петричко, Поројско, Демирхисарско и Струмичко. На населението им било укажувано да не дозволат да тргнат по умот на ајдуците и агентите на Цончев, кои им ветуваат дека Русија и Бугарија ќе ја ослободеле земјата, зошто тоа била политика на бугарскиот кнез, чија основна цел е присоединување на Македонија кон Бугарија. Малубројни и соочени со опасност да бидат предадени на Турците тие бараат поддршка од другите чети на Организацијата, по што им се придружила четата на војводата Атанас Тошовалијата. Во почетокот на јануари 1902 година Грчето учествува во судирот на четата со Турците кои со голема сила (600 – 700 души) дошле од Струмица и Петрич. Во судирот четата немала жртви, додека од страна на Турците паднаа 15 души.

Иван Анастасов ја продолжува својата агитациска активност по селата во Демирхисарско и Серско. Во овој период една чета под раководство на војводата Георги Радев се одвојува од Дедо Илија и дејствува под името како „Серска чета“. Грчето заминува со „Серска чета“ како нејзин секретар и агитира се` до мај 1902 година, кога доаѓа во Бугарија. Во Софија останува девет месеци и потоа на почетокот на 1903 година со четата на Гоце Делчев заминува за Македонија.

Во Караќој, Егејскиот дел од Македонија, Гоце Делчев се сретна со реонските чети на Сандански, Дедо Илија, Атанас Пашовалијата и др. По договорот како да продолжат понатаму бил направен нов распоред, при што Грчето останал како секретар на Дедо Илија кој имал задача да ја прати ревизорската чета на Гоце Делчев. По добивањето информации дека мостот кај Ангиста може да се нападне, Иван Анастасов учествува во рушењето на мостот и дел од тунелот. Потоа со четата заминува за Демирхисарско, додека Делчев кој беше против масовно востание заминал за Солун. Во село Ловча, Неврокопско, каде требало да се соберат сите раководители, дознава за смртта на Делчев.

Во текот Илинденското востание во 1903 година, Иван Анастасов – Грчето станува војвода на драмската чета. Води борба во една дабова шумичка кај селото Калопот, Егејскиот дел на Македонија. По оваа борба Грчето се повлекува во Неврокопско, а оттаму во Бугарија, каде Милетич ги запишува неговите спомени.

Во почетокот на 1904 година, Иван Анастасов – Грчето со чета од 14 души заминува за Драмско, но уште на границата бил откриен. Во заседа која ја поставуваат Турците, заедно со сите 14 четници загинал и Иван Анастасов.

Најново од: Македонски легенди

Романската монахиња Херувима (Светлана Михаела Танаса загина за вистината

Романската монахиња Херувима (Светлана Михаела Танаса, 1969–1998) студирала класични јазици во Јаши и ги проучувала делата на свети Јован Златоуст. Се упокоила на 8 ноември 1998 година, на 29-годишна возраст, и била погребана во манастирот Петру Вода во Романија. Во 1995 година добила стипендија од Фондацијата „Сорос“ за магистерски студии по средновековна историја на Централноевропскиот […]

Тома Прошев

Тома Прошев е роден на 10 ноември 1931 година во Скопје, а починал на 12 септември 1996 година на хрватскиот остров Зларин. Тома Прошев е Македонски композитор, диригент и музиколог, еден од најистакнатите автори на македонската современа музика и меѓу првите композитори што внеле нов звук во македонското музичко творештво. Гимназија завршил во родниот град. […]

Никола Беровски – големиот учител на Македонците во Албанија

Никола Беровски е роден во 1923 година во Битола, а починал во 1993 година во Тирана, Албанија. Има луѓе чие дело продолжува да живее во генерациите што ги описмениле, во книгите што ги оставиле и во јазикот што помогнале да се зачува. Меѓу нив е Никола Беровски, македонскиот учител, учебникар и преведувач кој својот работен […]

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

To top