Среда, 30 Април 2014    PDF Печати Е-пошта
Туше Делииванов

tushe-delivanovПетар (Туше) Иванов Делииванов (13. X. 1869 - 14. I. 1950) е македонски револуционер, учител и публицист. Во 1894 година со Гоце Делчев заедно учителствувале во Штип, каде го примил за член на Организацијата. Како претседател на Кукушкиот револуционерен комитет на ТМОРО, бил уапсен во 1901 г., но успеал да избега и емигрирал во Бугарија. Во 1901 година станал член на Задграничното претставништво на ТМОРО во Софија. Се занимавал и со публицистичка дејност, познати се неговите сеќавања од 1946 г. за другарувањето и дејноста на Г. Делчев.

Туше Делииванов е роден на 13 октомври 1869 година во Кукуш. По завршувањето на Солунската машка гимназија „Св. Китил и Методиј“ во 1887 година, работи како учител во родниот град. Поради својата добрина и чесност бил почитуван од населението. Во текот на летото 1894 година заминал за Софија каде се сретнал со Гоце Делчев, а потоа заедно одат за Штип каде ги пречекал Даме Груев. Во учебната 1894/95 година, двајцата учителствуваат во Штип, каде Делчев го примил Делииванов за член на ТМОРО. Се смета дека Делииванов по препорака на Иван Хаџи Николов станал меѓу првите членови на Организацијата.

Во текот на 1895 година, Делииванов и Делчев ги посетуваат градовите Велес, Гевгелија, Дојран, Кукуш, Струмица и Солун со цел да се зацврстат старите и да формираат нови комитети на Организацијата. Во летото истата година Делииванов заминал за Кукуш, каде повторно се вработил како учител и станал претседател на Кукушкиот револуционерен комитет. Тој успеал да ја развие работата на комитетот во Кукуш, а со ретки исклучоци, населението директно или индиректно било поврзано со Организацијата.

Дејноста на Делииванов  не останува незабележана од властите и на почетокот на 1898 година тој мора да го напушти Кукуш. На барање на Иван Хаџи Николов и со помош на Охридско – преспанскиот митрополит Методиј, тој се засолнува во Битолскиот вилает. Во 1900 година   Делииванов се враќа во родното место и повторно застанува на чело на Кукушкиот револуционерен комитет. Истата година се сретнал со Христо Чернопеев, со кого агитираат меѓу населението. Во август се разделуваат со Чернопеев кој бил ранет и морал со Михаил Герџиков да замине во Солун на лекување.

По провалата во Солун во јануари 1901 година, турските власти ја прошириле истрагата во Кукуш. Меѓу приведените бил и Туше Делииванов, но поради недоразбирање со презимето тој бил ослободен. Откако ја увиделе грешката турските власти повторно се обиделе да го уапсат Делииванов, меѓутоа, тој  веќе бил информиран и како и други македонски легални дејци се засолнал во четата на Чернопеев. Четата се зголемила на 30 души и била лесна мета на потерите. Но, иако четата на Чернопеев во кој бил Делииванов се свела на 13 души, таа била откриена и на 4 февруари 1901 година се судрила со турскиот аскер кај селото Бајалци. Во престрелката загинале 7 комити, а останатите се повлекле кон селото Калиново. Избегнувајќи ги турските потери Чернопеев и Деливанов кон крајот на март се префрлаат во Бугарија.

Во Бугарија Делииванов му се придружува на Гоце Делчев во борбата против врховистите. Како делегат на ТМОРО, кон крајот на јули и почетокот на август 1901 година, тој учествува на IX македонски конгрес. Но, по победата на Цончевистите кои го превземаат Врховниот комитет, доаѓа до судир со Задграничното претставништво. Иван Цончев барал отстранување на Гоце Делчев и Ѓорче Петров од Бугарија. На средбата организирана од Цончев, од страна на ТМОРО меѓу другите присуствувале и Туше Делииванов и Димитар Стефанов. Тие декларативно ги прифатиле барањата, а Централниот комитет на 23 октомври 1901 година ги назначил за членови на Задграничното претставништво на ТМОРО во Софија.

Меѓутоа, Делииванов и Стефанов биле блиски соработници на Гоце Делчев и една од главните цели им била да ги спречат намерите на Цончев за потребите на бугарската влада да испраќа чети за да крене предвремено востание во Македонија. Како задгранични претставници на Организацијата тие меѓу другото ќе побараат од Врховниот комитет 30 километарска зона на бугарска територија и тргање на рацете од пунктовите на Организацијата. Врховниот комитет во почетокот ги прифатил барањата, но потоа побарал нови преговори и иако далеку од вистината издал соопштение до македонските друштва во кое било истакнато дека односите меѓу двете организации се нормализирале. Свесни за намерите на Врховниот комитет, Делииванов и Стефанов бараат соопштението да се повлече, но, откако во рок од 48 часа тоа не се случило, на 14 декември 1901 г. ги известиле македонските друштва дека ТМОРО ги прекинува сите контакти со овој состав на Врховниот комитет.

Туше Делииванов продолжил активно да дејствува во периодот пред Илинденското востание. Во јули 1902 година тој учествува на советувањето одржано во Софија, на кое било одбиено барањето на битолчани за кревање на востание. Исто така бил присутен и на состанокот одржан на 24 декември 1902 година кога повторно приврзаниците на Гоце Делчев биле против кревање на востание. И на двете советувања Делииванов го поддржал својот пријател Делчев во неговите обиди да се спречи кревање на неподготвено востание.

По смртта на Делчев, Делииванов ги следи неговите идеали. Тој застанува на страната на Јане Сандански, а по Младотурската револуција се вратил во својот роден град и станал член на Народната федеративна партија. Меѓутоа, откако по една година оваа партија престанала да дејствува, во 1909 година Туше Делииванов се вратил во Софија.

Делииванов по враќањето во Бугарија престанал да се занимава со револуционерна дејност и започнал со публицистичка дејност. Познати се неговите сеќавања објавени во 1946 година за другарувањето и дејноста на Гоце Делчев.

Обраќајќи се кон сопствениот народ, тој ќе забележи дека колку и да е мрачна положбата, не треба да се очајува, бидејќи промени ќе настанат. Како што вели Туше Делииванов, тоа што ни е должност и што треба да се направи е да ги насочиме усилбите и дејноста “кон помагање и зачувување на македонската свест кај сите Македонци каде и да се наоѓаат тие“...

Туше Делииванов умира на 14 јануари 1950 година во Софија.
 

На прво место

News image

КАТОЛИЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ГО ПРОСЛАВИЈА БАДНИК

Католичките верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календа...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.