Македонски легенди

Георги Баждаров

georgi-bazdarov

georgi-bazdarovГеорги Баждаров (8. II. 1881 – 19. IX. 1919) е македонски револуционер, учител, новинар, публицист, историчар и општественик. Уште како ученик во Битолската гимназија влегол во редовите на ТМОРО. Како секретар на четата на Илија Крчовалијата учествува во Илинденското востание. Назначен е за Задграничен претставник на ВМРО, а по убиството на Александар Протогеров, станал еден од водачите на неговото крило и огорчен противник на ванчомихајловистите. Бил главен и одговорен уредник на весникот „Македонија“, еден од основачите на „Македонски преглед“ и на Македонскиот научен институт во Софија. Познат е под псевдонимот Брут, Катон, Спартак…

Георги Баждаров е роден на 8 февруари 1881 година во селото Горно Броди, Серско, Егејскиот дел на Македонија. Со гимназиско образование се стекнува во Солунската машка гимназија, каде учи од 1896 до 1899 година, а потоа и во Битолската гимназија во учебната 1899/1900 година. Уште како ученик во Битолската гимназија заедно со Трпен Марков, Андреј Кезепов, Ѓорѓи Христов и Георги Тодоров формираат ученички револуционерен кружок (тајно револуционерно братство) и влегува во редовите на ТМОРО.

Во текот на учебната 1900/1901 година, Баждаров работи како учител во селото Крушево, Демирхисарско, каде станува член на Демирхисарскиот околиски револуционерен комитет. Потоа влегува во четата на Јане Сандански, а од мај 1902 до октомври 1903 година дејствува со четата на Илија Крчовалијата. Во летото 1903 година е делегат од Серско на конгресот на Серскиот револуцинерен округ. Како секретар на четата на Илија Крчовалијата учествува во Илинденското востание, а подоцна се приклучува на четата на Атанас Тешовалијата.

Георги Баждаров по востанието емигрира во Бугарија, каде во 1906 завршува историја на Софискиот универзитет. По Младотурската револуција, од 1908 до 1913 година учителствува во Солунската егзархиска гимназија. Тој учествува на основачкиот конгрес на граѓанската партија на Сојузот на бугарските уставни клубови во 1908 година, која во текот на едногодишното дејствување силно ја акцентира автономијата на Македонија и Одринско и се спротивставува на масовното колонизирање на македонската земја со муслиманско население. Исто така учествува и на основачкиот конгрес на наставниците во Отоманската империја во 1909 година и станува уредник на весниците „Учителски глас“ (1910 – 1912) и „Искра“ (1911 – 1912).

По Втората Балканска Војна во 1913 година, повторно бега во Бугарија. Работи како учител во Варна од 1913 до 1915 година, а во учебната 1915/1916 година и во периодот од 1918 до 1920 година во Софија. Во 1917 година Баждаров ја издава „Револуционерната борба во Македонија“.

Георги Баждаров бил масон и по војната е дел од комисијата на македонските бегалци во Бугарија, кои пред претставникот на мисијата на САД Марфи го изнесуваат проблемот на Македонците и бараат да ги застапува пред владата за Македонија, всушност да се применат принципите на Вилсон за национално самоопределување и самоуправа на Македонија.

По формирањето на ВМРО кон крајот на 1919 година, со чиј Централен комитет раководат Тодор Александров, Александар Протогеров и Петар Чаулев, Георги Баждаров бил избран за член на Задграничното претставништво, а повторно е реизбран на истата функција на Шестиот конгрес одржан во селото Србиново во 1925 година. Истовремено тој е главен уредник на весникот „Македонија“, кој излегува од 1919 па се` до 1923 година, кога емиграцијата се обединува. Тогаш весниците „Македонија“ и „Автономна Македонија“ се обединуваат и излегуваат под заедничко име „Независна Македонија“. Истата година Баждарев ја издава книгата во „Духот на Македонија“.

Георги Баждаров е еден од основачите на „Македонски преглед“ и на Македонскиот научен институт (МНИ) во Софија и негов потпретседател (1927). МНИ бил основан кон крајот на 1923 година со цел истражување на Македонија и нејзините народи, а Македонски преглед излегува како негово тромесечно научно списание од 1924 година. Баждаров е основач и уредник на првите броеви на спианието кое има за цел да го изучува јазикот, историјата, етнографијата и стопанскиот живот на Македонија, како и да ги изнесува материјалите за ослободителната борба на народот во Македонија.

Во 1924 година тој е против преговорите со комунистите и се противи на потпишувањето на Мајскиот манифест. По убиството на Александар Протогеров на 7 јули 1928 година, Баждаров станал еден од водачите на неговото крило и огорчен противник на ванчомихајловистите. Тој ја редактира протогеровистичката верзија на весникот „Слобода или смрт“. Познат е под псевдонимот Брут, Катон, Спартак…

Во 1929 година ја издава книгата „Горно Броди“, каде се објавени првиот и третот том од неговите спомени, а вториот го остава да го напише подоцна доколку остане жив, бидејќи како што самиот вели третиот бил поважен.

Георги Баждаров е убиен од ванчомихајловистите на 19 септември 1929 година во Варна. Во атентатот, покрај Баждаров загинува еден од неговите телохранители, а двајца биле ранети.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top