Македонски легенди

Владимир Карамфилов

vladimir-karamfilov-1

vladimir-karamfilov-1

Владимир Димитров Карамфилов (10. V. 1877 – 14. VI. 1943) е македонски револуционер и учител, член на Македонската револуционерна организација. Учителствува во Прилеп, Крива Паланка, Кратово и Куманово, а истовремено раководи и со месните револуционерни комитети. Активно се вклучува во подготовките за Илинденското востание, а прогонет од власта се вклучува  во четата на Борис Сарафов. Пишува спомени за револуционерната борба.

Владимир Карамфилов е роден на 10 мај 1877 година во Прилеп, во занаетчиско семејство. Во родниот град завршил трокласно училиште, а потоа четврти клас учи во Битолската класична гимназија, каде учители му биле Ѓорче Петров и Пере Тошев. Во 1895 година продолжува со своето образование во гимназијата во Солун, каде се вклучува во редовите на ТМОРО. Тој ја одржува врска меѓу Даме Груев и ученичкиот револуционерен кружок, а во неговиот дом се крие оружје и експлозив.

По завршувањето на гимназиското образование во 1898 година, Владимир Карамфилов работи како учител во Прилеп, каде раководи со револуционерната група. Наредната учебна 1899/1900 година, учителствува во Крива Паланка, потоа во Кратово 1900/1901 година, а во учебната 1901/1902 година учителствува во Куманово. Во Кратово работи заедно со Тодор Александров. Покрај учителствувањето, тој истовремено раководи и со местните револуционерни комитети.

Поради својата револуционерна дејност, Владимир Карамфилов е уапсен и во август 1902 година бил осуден на 101 година затвор. Лежи во затворот во Куршумли Ан во Скопје, кој го напушта по амнестијата во февруари 1903 година. По враќањето во Прилеп, како член на прилепскиот околиски комитет веднаш се вклучува во подготовките на населението за претстојното Илинденско востание.

Прогонет од турските власти, тој се приклучува на четата на Борис Сарафов, кој е познат по изјавата дека: „Ние Македонците не сме ни Срби, ни Бугари, ами просто Македонци. Ние ги симпатизираме и едните и другите, кој ќе не ослободи, нему ќе му речеме благодарам, но Србите и Бугарите нека не забораваат дека Македонија е само за Македонците“. Овие зборови го водат Владимир Карамфилов низ целиот животен пат.

По задушувањето на востанието Владимир Карамфилов се упатува во Бугарија. За време на една борба тој се одделува од своите другари, но со помош на луѓе од организацијата успева преку Србија да се префрли во Бугарија, каде студира математика на Универзитетот во Софија. Истовремено членува и дејствува во добротворно здружение на студентската „Прилепска спомагателна дружба“, која ги помага македонските студенти.

Во почетокот на Првата балканска војна тој е командант на Нестроевата чета на 10-тата прилепска дружина на Македонско-одринското ополчение. Во текот на 1914 година го завршува Математичкиот факултет на Универзитетот во Софија.

Во текот на Првата Светска Војна (1915 – 1918) служи во 3 – от Македонски полк. Уште во текот на војната бил назначен за претседател на комисијата за прехрана на Скопје, а потоа извршува посебни задачи за Скопското губернаторство.

По завршувањето на војната, Владимир Карамфилов се населува во Пазарџик, каде предава долго време математика во месната гимназија. Како и поголем дел од македонската емиграција во Бугарија кои зеле учество во Илинденското востание, така и Владимир Карамфилов покрај учителствувањето, станува активист на Илинденската организација. Тој учествува како делегат на сите нејзини конгреси, а бил избиран и во највисокото раководство на организацијата. Така на седмиот редовен конгрес на Илинденската организација во 1932 година бил избран и за потпретседател на Организацијата. Под паролата Македонија на Македонците, тој се залага за независноста на Македонија.

Своите спомени, како што пишуваат истражувачите на неговото дело, Владимир Карамфилов „ги пишува кратко и фрагментарно, со многу повторувања на случки и настани, што претставува потешкотија за систематски подредувања“. Одделни делови од спомените тој ги има објавено во „Илинден 1903 – 1922, Зборник во спомен на големото Македонско востание“ стр. 94-95; „Илинден 1903 – 1926, Зборник во спомен на големото Македонско востание“ стр. 78 -86; „Илинден 1903 – 1927, Зборник во спомен на големото Македонско востание“ стр. 102 – 112. Од насловите на објавените Зборник на спомени, видливо е дека Владимир Каранфилов го кавлификува Илинденско востание како големо Македонско востание.

Владимир Карамфилов умира на 14 јули 1943 година во Пазарџик.

Зад себе остава огромна архива од писма, документи и фотографии, кои се чуваат во Централниот државен архив на Бугарија. Неговите спомени и дел од оваа архива се издадени, при што покрај корекциите на правописот и правописните грешки, авторите Б.Н. и В.О. се обидуваат да ги зачуваат јазичните и стилските особености. Неговите собрани спомени се издадени во 2005 година во книгата „Спомени на Владимир Карамфилов за просветното дело и револуционерните борби во градот Прилеп“. 

vladimir-karamfilov-2

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top