Среда, 24 Септември 2014    PDF Печати Е-пошта
Никола Панов Андреев - Гостиварчето

vlatko-bileski
Напишал: Влатко Билески

nikola-panov-1
Фотографија на војводата Никола Панов Андреев од гостиварското село Горно Јеловце на Шар Планина (Горен Полог). Фотографијата е направена за време на Илинденското востание 1903 година. Не се знаеше кој е јунакот но со споредба од таблото на Македонско Одринските дејци од 1895 – 1913 година открив дека се работи за истата фотографија.

nikola-panov-2
Споредба на фотографијата од таблото на ВМОРО 1895 -1913 и на непознатиот четник од 1903 година, се работи за истата личност.

nikola-panov-3
Табло на Главните Македонско Одринските дејци од 1895 – 1913 година
на кое е и Никола Панов Андреев.

nikola-panov-4
Дел од Таблото на Главните Македонско Одринските дејци од 1895 – 1913 година каде војводата Никола Панов Андрев е поставен меѓу великаните на Македонските револуционери.

Никола Панов (Пенов) Андреев, познат како Арнаутчето или Гостиварче, роден е во Гостиварското село Горно Јеловце, Македонија. Комита е од пред Илинденското востание 1903 година. Војвода е на чета на ВМОРО (Внатрешно Македонско Одринска Револуционерна Организација) во Гостиварско во 1905 година.

На ден 28 август 1905 година четата на Никола Панов Андреев сакала да присуствува на манастирскиот собир по повод празникот на Света Богородица во село Лешок.

Војводата со својата чета поминува низ Дервентската клисура и престојуваат кај даскалот Коце Јанчевски во село Раотинце. Во куќа на Коце Јанчевски ги пречекал даскалот Тодор Томев од село Јелошник.

nikola-panov-5
Гостиварската чета на Никола Панов Андреев, 1905 година.

Во ноќта спроти 28 август 1905 година даскалот Тодор Томев ја повел четата кон село Лешок низ Слатинското поле. На местото наречено Калиново биле забележани од арнаутите (Албанците) браќата Јакуп и Пајазит. Почнала долга престрелка, при што Јакуп загинал, а Пајазит бил тешко ранет. Еден комита загинал, а неговите соборци го зеле и ноќта го погребале на селските гробишта во село Туденце. По настанот четата се враќа назад и се крие на планината Жеден. Жителите од село Слатина го распрашале ранетиот Пајазит и помогнати од другите околни арнаутски села со 7000 илјади луѓе башибозук поставуваат опсада на Лешочкиот манастир. Кајмакамот на Тетово ги предупредил водачите Мехмед паша од село Ратае, Алимн Бек Дера, Адем Ага Тресија и Абдул Меџит да не влегуваат во манастирот.

Игуменот Еротеј Лешочки успева да ги убеди арнаутите да не прават ништо на околу 3000 илјади гости на собирот. Манастирот бил пет дена под опсада. Арнаутите на никому не му дозволувале да го напушти манастирот се до доаѓањето на 2000 илјади редовна војска и 200 коњаници, на чело со Али Беј Гали. По извршениот претрес на манастирот, редовната војска го растура албанскиот башибозук.

По кажувањето на Атанас Попончев властите уапсиле 14 лица и тоа тројцата браќа Атанас, Јасре и Спиро, синовите на поп Онче од Лалошови, Ѓурчин Деспотов од Ѓорчеви, Столе Кочов од Цинцарови, Јосиф Аврамов од Кашамеви, Стојан Иванов од родот Иванови или Костадинови, Трпко Ковачев од село Варвара, Симче од Кубурови, браќата Трипун и поп Трпе Мојсоски од Брезно, Мојсо од Непроштено, Сане Ристов-Гуле од Тетово, и Стојан од Вратница.

Ова е по дадена изјава која се наоѓа во Архивот на Македонија на комитата Филип Трифунов Лулков од село Вруток, кој бил еден од учесниците во четата на немилиот настан.

По повод овој настан, непознат пејач ја испеал познатата песна „Сардисале, сардисале Лешочкиот манастир“ која со својата содржина се совпаѓа со немилиот настан.

При избувнувањето на Балканската војна во 1912 година Никола Панов Андреев е војвода на Скечанската партизанска чета на Македонско – Одринското Ополчение (Доброволство). Подоцна служи на втора чета на втора скопска дружина и соборната партизанска чета.

Носител е на крст „За храброст“ IV степен.

Загинал пред 1918 година.

ВЕЧНА СЛАВА НА ХЕРОЈОТ МАКЕДОНСКИ!

 

На прво место

News image

Нема лага на СДС која не им се удри од глава

Нема лага на СДС која не им се удри од глава, лажеа за Мицкоски, Христовски и повторно се разголеа...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.