Среда, 22 Октомври 2014    PDF Печати Е-пошта
Владо Черноземски

ChernozemskiВладо Черноземски (19. Х. 1897 – 9. Х. 1934) бил македонски револуционер, член на александровата, а потоа и на михајловистичката ВМРО. Вистинското име му е Величко Димитров Керин, шофер и саатчија во Софија. Во ВМРО бил познат како „Владо Шоферот“, а со фалсификувани документи се појавува како „Величко Георгиев“ од Разлошко, „Владо Димитров Черноземски“ и „Владимир Димитров Владимиров“ од штипското село Патрик. Во историјата ќе остане запаметен како извршител на атентатот врз југослевенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, во 1934 година, кога загинал под лажното име „Петер Келеман“. Опеан е во народната песна како „херој македонски“.

Величко Димитров Керин или Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес населба на Велинград, Бугарија, во семејството на Димитар Керин и Риса Баталџиева. Се образува во родното село каде завршил трокласно образование. Рано се оддава на алкохол, но потоа се воздржува од пиењето и станал вегетарјанец.

Во Првата Светска Војна, Величко учествувал како војник во инжинериските единици, а по демобилизацијата во 1919 година работи како шофер и саатчија. Во 1920 година се оженил и од првиот брак има една ќерка. По разводот во 1925 година, подоцна повторно се жени и живее во Софија до 1932 година кога му се губи секаква трага во Бугарија. Неговото име се појавува во јавноста дури по идентификацијата на телото на атентаторот од Марсеј во 1934 година.

Во меѓувреме, во 1920 година се преселува во Банско и работи како возач на камион за тутунскиот трговец Каракостов во Дупница, поради што го викаат Владо шоферот. Истовремено, тој извршува и многи задачи за Македонската револуционерна организација (ВМРО) возбновена од Тодор Александров. По започнување на немирите во Ќустендил, неговиот работен однос прекинува во 1922 година, а истата година, под името Владо Димитров Черноземски станува член на ВМРО и се вклучува во четата на војводата Иван Јанев Брло. Во текот 1923/1924 година, тој е во четата на Трајан Лакавишки.

Владо влегува повеќе пати во Македонија и со четите дејствува во Штипско, Кочанско и Радовишко. Учествува во над 15 борби со југословенската полиција и жандармерија и при тоа станува познат како ладнокрвен, бестрашен и еден од најдобрите стрелци на Организацијата. Како доверлив човек на Организацијата, во 1924 година, Тодор Александров го повикува во Софија и оттогаш Владо Черноземски е на располагање на ЦК на ВМРО. На Владо му се даваат голем број на одговорни задачи за извршување.

По смртта на Александров во август истата година, започнуваат серија убиства и расчистување на сметките меѓу македонската емиграција во Софија. Во 1924 година, Владо учествува во ликвидацијата на македонскиот деец Димо Хаџи Димов, а во 1930 година во елиминација на еден од водачите на Протогеровистите Наум Томалевски. Во првиот случај Владо бил осуден од Софискиот суд на смрт со бесење, но пресудата не била извршена, а тој во 1925 година избегал од полицијата. Во вториот случај бил фатен и во април 1931 година осуден на строг доживотен затвор, но набрзо бил амнестиран и ослободен во јануар 1932 година.

Подготвеноста беспоговорно да ги исполнува задачите и да се саможртвува за македонската каузата, која се граничи со фанатизам, го прави Черноземски егзекутор на Иван Михајлов кој по смртта на Александров станува член на ЦК на ВМРО (1925) и е на чело на Организацијата. Предлогот на Владо Черноземски кој го изнесува уште во 1927 година пред ЦК на ВМРО, најдобро говори за неговиот фанатизам. Тој изразил подготвеност да се опаше со рачни бомби и да експлодира во главната сала за состаноци на Друштвото на народите, само за да на овој застрашувачки начин го привлече вниманието на светската јавност за македонското прашање.

Предлогот на Черноземски не бил прифатен, но набргу по излегувањето од затвор тој исчезнува од Бугарија, а Организацијата раширила глас дека е убиен по нејзина заповед. Всушност, во летото 1932 година, тој тајно отпатувал во Италија, каде врз основа на договорот од 1929 година меѓу ЦК на ВМРО и Анте Павелиќ за заедничка борба за создавање независна Македонија и Хрватска, бил назначен за инструктор на Усташите во специјалниот камп Боргеторо. Потоа заминува во базата Јанка-Пуста во Унгарија, каде Хрватите со цел да ја срушат Југославија, вршат подготовки за изведување на атентатот врз југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ. Бидејќи Михајлов има резерви кон нивниот план, Черноземски има задача да дејствува само како инструктор за диверзантски акции.

Меѓутоа, во меѓувреме, на 19 мај 1934 година, бугарската Влада на Кимон Гергиев ја забранила ВМРО на Иван Михајлов, по што организацијата била распуштена и нејзината мрежа на територијата на Бугарија била уништена, а голем дел од членството било уапсено. Иван Михајлов со најблиските се засолнил во Турција. Сметајќи дека со елиминацијата на ВМРО опасноста е отстранета, будноста на тогашните југословенски служби била намалена.

За тоа време групата атентатори, со лажни пасоши, преку Австрија и Швајацарија се префрла во Франција. Во Швајцарија им се придружил и инструкторот за диверзанстки акции на ВМРО, Владо шоферот. На 9 октомври 1934 година во Марсеј, откако согледал дека Хрватите психолошки не се подготвени да ја спроведат акцијата и дека таа ќе биде неуспешна, Владо превзема иницијатива. Тој лично ги убива југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ и францускиот министер за надворешни работи Луи Барту, а го ранува генералот Жорж.

Атентатот се случил во моментот кога кралската кола поминувала пред берзата во Марсеј. Тогаш крупен човек, прав атлета, облечен во кафеав костум истрчал од толпата, се качил на папучата од колата и пукал во правец на кралот Александар, министерот Барту и генералот Жорж. При нападот, Владо испукал осум метци од кои два завршиле во градите и стомакот на југословенскиот крал, кој набргу подлегнал на повредите. За тоа време потпоручникот Виоле од француската гарда пристигнал на коњ и со два удари со сабјата го соборил атентаторот.

Тешко ранет од полицијата и удиран од толпата, Владо бил пренесен во најблиското одделение за јавна безбедност, каде без да дојде при свест умира вечерта околу 8 часот. При претресот, покрај оружје, полицијата нашла чехословачки пасош издаден од чехословачкиот генарален конзулат во Загреб на име Петер Келеман, трговец. При аутопсијата, покрај раните од сабја на главата и две влезни рани од револверско зрно, една на главата и друга на десната страна од градите, на неговата десна рака била откриена тетоважа на череп и вкрстени коски, а под нив иницијалите на ВМРО. Телото на атентаторот било погребано на неодбележана локација на гробиштата во Марсеј на 12 октомври, во присуство на двајца детективи и гробарите.

Истрагата која веднаш ја започнала француската полиција не дала резултати. За него немала податоци ниту полицијата на Марсеј, ниту специјалната француска полиција. Набргу откриваат дека пасошт е лажен, па истрагата ја насочуваат кон хрватската организација, додека членовите на растурената организација на ВМРО и Иван Михајлов остануваат недвор од нивниот фокус. Додека Черноземски се бележи како еден од најопасните териристи во тоа време во Европа, македонскиот народ го опејува во народната песна како „херој македонски“.

Ова го потврдува и разговорот кој во моментот на извршување на атентатот се водел меѓу Иван Михајлов и бугарскиот митрополит Андреј Велички, во неговиот дом во Истамбул, Турција. Додека околу 16 часот се пиело кафето, водачот на забранетата и растурена ВМРО, Иван Михајлов изјавил дека: „Во моментот ќе се случи нешто кое ќе биде фатално за човештвото! ...Михајлов му објаснил на бугарскиот митрополит дека бил испланиран атентат врз југословенскиот крал и дека во тој момент веќе бил убиен... Михајлов потоа објаснил дека зад атентатот стоеле не само ВМРО, туку и Германија и некои други земји, кои не ги посочил“.

Владо Черноземски бил опеан во народната песна како „херој македонски“, а песната се пеела од двете страни на поделена Македонија.

https://www.youtube.com/watch?v=qXiqWX0vI8g

 

На прво место

News image

Нема лага на СДС која не им се удри од глава

Нема лага на СДС која не им се удри од глава, лажеа за Мицкоски, Христовски и повторно се разголеа...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.