Среда, 12 Ноември 2014    PDF Печати Е-пошта
Димитар И. Занешев

Dimitar Zaneshev VMORO Voden

Димитар И. Занешев (21. I. 1876 – 24. I. 1962) е македонски револуционер, учесник во Илинденското востание, воденски војвода. Бил делегат на Солунскиот конгрес на ТМОРО (1903), член на Штабот на Вториот солунски револуционерен реон во Илинденското востание. Од 1905 г. станал војвода на чета во Воденско, се борел со андартите.

Димитар Занешев е роден на 21 јануари 1876 година во Воден. Потекнува од видното преродбенско и револуционерно семејство Занешеви. Неговиот татко Иван, виден чорбаџија, аристократ, учествувал во борбата за црковна независност и ги поставил основите на револуционерната дејност во градот. Во Македонската револуционерна организација тој бил примен од Даме Груев. Синот Димитар кој учел во Солунската егзархиска гимназија и егзистирал од трговија, ги следел стапките на својот татко и активно се вклучува во револуционерната борба на Македонската револуционерна организација.

Во септември 1902 година Димитар Занешев се спротивставува на Тома Пожарлиев кој со чета ВМОК (Врховен македоно-одрински комитет)  се спрема за востание во Воденско. Поради тоа, тој и Радомир Атанасов, како и други граѓани на Воден со писмо биле предадени на турскиот кајмакам. Сепак, Пожарлиев бил разубеден за вооружена акција. Кај селата Тушим и Сборско бил пресретнат од четата на Атанас Мурџев и по успешните преговори двете чети заедно заминале за Прилепско.

На почетокот на 1903 година, Димитар како раководител на Организацијата во Воденско бил делегат на Солунскиот конгрес на ТМОРО (2 – 4 јануари 1903), на кој се носи одлука за кревање на востание. Неколку месеци потоа, во април 1903 година, Димитар и неговиот татко Иван Занишев биле уапсени и кратко време задржани во врска со Солунските атентати.

Пред Илинденското востание, Димитар Занешев е секретар во четата на војводата Атанас Караташов – Брадата (Ташо Островски) или уште познат како Кара Ташо, а во текот на востанието е во Главниот востанички штаб на револуционерниот округ „Кожув“. По прекинувањето на каналите за дотур на оружје, кое настанува по Солунските атентати, востаничкиот штаб во кој се Димитар Занешев, Аргир Манасиев и Петар Јуруков носат одлука за спроведување на диверзанстки акции.

По Илинденското востание Димитар Занешев зема активно учество во борбите со грчката вооружена пропаганда во Македонија.

Во 1905 година, тој е подвојвода на одред од чета на војводата Лука Иванов во Воденско и води голем број на борби со грчки андарти. Не успева да учествува во Вториот Солунски окружен конгрес во Света Гора, но упатил писмо со свое мислење. Во текот на месец октомври 1906 година, андартот Николаос Рокас му нуди примирје на Димитар, но, тој го отфрла.

Во периодот од декември 1906 до јануари 1907 година, Димитар Занешев учествува во Советодавното собрание на Македонската револуционерна организација кое се одржува во Софија и го потпишува документот кој ќе произлезе од ова Собрание.

За време на Првата балканска војна, во јануари 1913 година, Димитар Занешев во родниот град јавно се заканува дека повтрно ќе се бори доколку Воден остане во грчки раце. По апсењето од страна на грчките власти, кон крајот на 1913 година, тој е ослободен со помош на „женската полиција“ на Македонската револуционерна организација. Во текот на Првата Светска Војна работи во военото командантство во градот Фере.

Во 1924 година учествува како делегат на Солунскиот окружен конгрес на ВМРО, а во 1934 или 1936 година ја напушта Егејска Македонија која е под грчка окупација. Се преселува првично во Софија, а потоа во Несебар каде се наоѓа голема македонска колонија (протерани Македонци од Егејска Македонија). Се` до смртта тој се наоѓа на местото претседател на МКББ - Македонски клуб за благотворителност за бегалците „Тодор Александров“.

По резолуцијата на Информбирото 1948 година и заострувањето на односите меѓу Југославија и Бугарија, тогашна југословенска власт доставува меморандум до ООН за „југословенското малцинство“ во Пиринска Македонија.

Истакнатите стари македонски револуционери во Бугарија, меѓу кои и Димитар Занешев, кон крајот на 1951 година, се јавуваат со посебна декларација против југословенските побарувања кон Пиринска Македонија.


Димитар Занешев починал на 24 јануари 1962 година во Софија.

 

На прво место

News image

Нема лага на СДС која не им се удри од глава

Нема лага на СДС која не им се удри од глава, лажеа за Мицкоски, Христовски и повторно се разголеа...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.