На прво место

ВМРО-ДПМНЕ со нови кадровски решенија, Валентин Манасиевски избран за портпарол

На синоќешната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беа донесени повеќе кадровски решенија за претседатели на општинските комитети на партијата, како дел од процесот на зајакнување и унапредување на партиската организациска структура.

Од партијата информираат дека станува збор за комбинација од нови кадри и искусни партиски функционери, кои во наредниот период ќе имаат задача да придонесат за уште поефикасно функционирање на општинските комитети и поголема комуникација со граѓаните.

На седницата за нов портпарол на партијата е избран Валентин Манасиевски. Одлуката, според партијата, е во насока на дополнително унапредување на јавната комуникација и презентирањето на политиките и ставовите на ВМРО-ДПМНЕ пред јавноста.

Воедно, од партијата посочуваат дека кадровските промени се дел од поширок процес на консолидација и подготовка за претстојните политички предизвици, со акцент на теренските активности и директната комуникација со членството и граѓаните.

ИЕ 1 

  1. ОК Карпош – Тони Јаревски
  2. ОК Кисела Вода – Иван Живковски
  3. ОК Македонски Брод – Бисера Златеска
  4. ОК Аеродром – Дејан Митески
  5. ОК Центар – Сергеј Попов
  6. ОК Сопиште – Јане Мицевски
  7. ОК Студеничани – Кенан Абди 
  8. ОК Сарај – Мартин Стојановски

 

ИЕ 2

  1. ОК Чаир – Ѓоко Велковски
  2. ОК Бутел – Дарко Костовски
  3. ОК Чучер Сандево – Зоран Бајовски
  4. ОК Гази Баба – Зоран Коцевски
  5. ОК Куманово – Филип Филиповски
  6. ОК Старо Нагоричане – Ивица Димковски
  7. ОК Ѓорче Петров – Бојан Стојаноски
  8. ОК Шуто Оризари – Ерџан Демир

 

ИЕ 3

  1. ОК Зелениково – Дејан Димишковски
  2. ОК Зрновци – Виктор Анакиев
  3. ОК Чешиново Облешево – Славе Донев
  4. ОК Илинден – Александар Ѓорѓиевски
  5. ОК Петровец – Драгана Узелац
  6. ОК Велес – Игор Здравковски
  7. ОК Чашка – Трајче Мишкоски
  8. ОК Градско – Александар Ѓорѓиевски 
  9. ОК Лозово – Стојан Пешевки
  10. ОК Свети Николе – Бојан Митев
  11. ОК Штип – Душко Иванов
  12. ОК Карбинци – Гордана Барбашка
  13. ОК Кочани – Александар Андов
  14. ОК Виница – Александар Јованов
  15. ОК Македонска Каменица – Љупчо Марков
  16. ОК Делчево – Иван Гоцевски 
  17. ОК Пехчево – Миле Гошевски
  18. ОК Берово – Столе Каракутовски
  19. ОК Крива Паланка – Емил Спасовски
  20. ОК Ранковце – Даниел Павловски
  21. ОК Кратово – Љупчо Спиров
  22. ОК Пробиштип – Тони Тоневски

 

ИЕ 6

  1. ОК Тетово – Александар Велјановски 
  2. ОК Гостивар – Мартин Андоновски
  3. ОК Теарце – Радица Ѓорѓевска 
  4. ОК Брвеница – Јовица Илиевски
  5. ОК Јегуновце – Димитар Костадиновски

Најново од: На прво место

Нов резервоар во Ростуше, обновени улици и реконструкција на спортската сала „Македонија“

Инфраструктурни вложувања, финансиска поддршка за семејствата и младите, подобри услови во училиштата и развој на туризмот се приоритетите што ги претстави градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, во отчетот за досегашната работа. Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, на прес-конференција ги презентираше реализираните проекти, активностите што се во тек и плановите […]

Како е можно невролог да препорачува хируршка интервенција во Бугарија?

ВМРО-ДПМНЕ: Барбов, Филипче и Заев да одговорат за препораката за лекување на Ива Михаилова во Бугарија ВМРО-ДПМНЕ во соопштение упатува прашања до доктор Иван Барбов, Венко Филипче и Зоран Заев за постапувањето во случајот со Ива Михаилова и за основата врз која била дадена препораката за нејзино лекување во Бугарија. Од партијата обвинуваат дека, обидувајќи […]

Мицкоски: Лага е дека Михаилова ја преминала границата регуларно – бараме да бидат вратени и таа и татко ѝ

Премиерот Христијан Мицкоски категорично ги отфрли тврдењата дека Ива Михаилова и нејзиниот адвокат заминале во Бугарија преку официјален граничен премин. Тој порача дека македонските власти бараат враќање на Михаилова и нејзиниот татко и ги критикуваше бугарското политичко раководство и македонската опозиција за нивното однесување во случајот. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ги потврди наводите […]

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“ – со посветена работа ќе им овозможиме на младите да ја градат својата иднина дома Очекувам партнерска соработка со Владата, министерствата и другите институции, особено во областите на инфраструктурата, економскиот развој, образованието и социјалната заштита. Нашата задача ќе биде да подготвуваме квалитетни проекти, да аплицираме на достапните […]

Соопштение на претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова

Денеска го примив д-р Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ме придружуваше за време на посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска. Укажав на опасноста од историски ревизионизам, минимизирање и негирање на Холокаустот, како и од антисемитизам. Посетата на Треблинка, каде што биле убиени 7.144 македонски […]

И во Бугарија прашуваат дали пасошот е поважен од правдата

По текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, критичките реакции на дел од граѓаните во Бугарија отвораат нов агол на истиот случај: грижата за една државјанка не смее да ја потисне одговорноста пред законот. Во текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, „Македонска нација“ го постави суштинското прашање: дали второто државјанство треба да […]

Манасиевски: Првичниот план за лекување во Бугарија на Ива Михаилова бил на Филипче и Заев, за да му се оддолжат на Радев?

Се повеќе е евидентна тезата која веќе подолго време ја говориме во јавноста, дека Филипче и Заев се уценети од бугарските власти и Румен Радев. Директно го прашуваме Венко Филипче, дали е точна информацијата, дека токму тој во соработка со Заев, имаат ветено на блиски соработници на Румен Радев, дека се способни да изготват медицински […]

Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?

Двојното државјанство не е дозвола за кршење на законите. Секој што живее или престојува во Македонија одговара за своите постапки според законите што важат во државата, без оглед на тоа чиј пасош поседува. Дали некој што има бугарско или друго странско државјанство може да изврши кривично дело во Македонија, да замине во другата држава и […]

To top