На прво место

35 години се доволни и премногу за ваквата „генеза“ да опстојува на политичката мапа во Македонија

Наум Стоилковски

Јубилеи не секогаш повикуваат само убави работи од меморијата, туку микс од преживеаното, па и од она што оставило рана, направило краста, белег, и не оформило во животот како искуство.

Полнолетството ми започна летото таа ’91 година, среде кампањата за Референдум, а студентскиот стандард во рамки на криминалната транзиција, што пак како генерација не формираше како личности. Некои на едната, некои на другата страна.

Еден таков момент на шок за таа наша генерација, беше скандалот дека министер за здравство Илија препакувал сируп-антибиотик Орацеф со минат рок во нова амбалажа.

Операција во приватен стан! И клопчето тргна.

Се дозна јавно дека братот на министерот, Добре, случајно бил и претседател на Комисијата за лекови; а преку тогашниот Централен Магацин се снабдувале сите аптеки. И народ си пиел, се лечел, со сируп со минат рок препакуван своерачно од министер.

Во меѓувреме, баш од фирмата на советникот на министерот Илија, Ненад, набавувани се медицински раствори за болниците. Ова во 95/96 беше „скандал над скандалите“ во здравството.

Илија после, ’97 година, си „даде оставка“, наградно си стана директор на ГАК, а Добре потоа го фатија како шверца 2 милиони марки (во тоа време, толку чинеа 60-тина станови во Скопје) преку словенечка граница. Илија и Добре се презиваа Филипче. Филипче од 20-тиот век. Патем, Фрчкоски беше до него, министер.

Секоја сличност на Илија со Венко е – генетска. Генеза, зезната работа. Синот Филипче, од 21 век, оној министерот со модуларните, министерот со водичката наместо цитостатици, министерот со провизиите за вакцини среде короната, со зградите на Водно, Дубаи ситизен, Харис Џиновиќ приватен фан клуб. Оној Венко што вакцинираше внука со капаче на иглата, ви текнува?

Денес, после 35 години, се поднаежувам кога на политичката сцена повторно слушам како Филипче опишува за „предизвици во 90-тите години“, денес било полошо, а тој имал „мастер план“ политики, со Ветинг! И Фрчкоски и до него, со синот, главни идеолози.

Шо би рекол самиот Венко, има причина, има еволуција, има генеза.

Зезната е таа работа, „генеза на модус на министерување“!

35 години се доволни и премногу за оваа ваква „генеза“ да опстојува на политичката мапа во Македонија.

Би биле доволни и за многу поголеми и побогати држави од Македонија. Искуството на две генерации со министерување и политичко делување на вакви „мастери“ како Филипчевци, оставија доволно красти и белези за народот да дозволи уште една бележана генерација.

Ова мора да е последниот јубилеј, последното прославување на независноста, на која како творци на политики и воопшто како јавни личности ќе се појавуваат ликови со мрачна историја, транзициски олигарси со некакви нови криминални „мастер планови“.

Сметам дека дури тогаш ќе се стави вистински крај на транзицијата и ќе може да кажеме дека навистина сме научиле нешто од историјата.

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ: Раст од 1.200 гласа во вториот круг, Брвеница нема да биде заборавена

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека во вториот круг од изборите за градоначалник на Брвеница освоиле околу 4.200 гласа, односно 1.200 повеќе во споредба со првиот круг, но дека поддршката не била доволна за победа на нивниот кандидат. Во соопштението од 2 ноември, партијата истакнува дека настапила со визија, програма и конкретни проекти за развој на општината и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

СДС мајстори за загрозување на банкарскиот систем и пропаѓање на банки

СДС се познати по пропаѓањето на банки и штедилници и загрозување на банкарскиот систем во Македонија за време на нивна власт. Како СДС доаѓа на власт, така по некоја банка пропаѓа. Последна уништена банка во време на власт на СДС е Еростандард банка во август 2020 година, а како една од главните причина беше наведено […]

Свети преподобен Прохор Пчињски – пустиножител и чудотворец

На 1 ноември, односно на 19 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на свети преподобен Прохор Пчињски. Во православната традиција тој се почитува како голем подвижник, молитвеник и чудотворец, кој својот живот го посветил на Бога, на постот и на молитвата. Свети Прохор живеел во XI век. Според […]

Свети апостол и евангелист Лука – животот, делото и поврзаноста со Македонија

На 31 октомври, односно на 18 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот апостол и евангелист Лука. Лекар, благовесник и верен соработник на светиот апостол Павле, тој оставил трајно сведоштво за Христовото учење и за ширењето на христијанството. Според православното предание, свети Лука бил вброен меѓу Седумдесеттемина […]

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Радичевски: Од Брвеница до Челопек, општината им припаѓа на сите граѓани

„Една Брвеница за сите“ е визија за рамномерен развој, еднакви можности и почит кон секој човек, порача кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник, Стојанчо Радичевски, на завршниот митинг пред вториот круг од локалните избори. Обраќајќи им се на присутните, Радичевски истакна дека нивната сплотеност е порака оти Брвеница сака развој, напредок и подобри услови за живот, […]

Најнови вести

To top