На прво место

Бојковска: Дијаспората мора да има полесен пристап до гласање, СДС зборува за ЕУ, но не поддржува реформи

Драгана Бојковска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, во гостувањето на телевизија Канал 5, во емисијата „Само Вистина со Видиновски“, истакна дека Изборниот законик е едно од клучните прашања за остварување на демократските права на граѓаните, особено на избирачкото право.

Таа нагласи дека посебно внимание мора да се посвети на македонската дијаспора и на олеснување на нејзиното гласање преку современи, достапни и практични модели, какви што веќе се применуваат во голем број европски држави.

„Самиот Изборен законик е толку важен што претставува остварување на најможното демократско право, тоа е избирачкото право, и нашата црвена линија во рамките на предлог Изборниот законик е токму дијаспората да има подостапно гласање. Нелогично е некој, за да си го оствари најдемократското право, да патува и по десет часови со авион“, рече Бојковска.

Таа посочи дека не станува збор за експеримент, туку за модели кои веќе постојат во Европа.

„Ние не измислуваме топла вода. Вакви практики на електронско гласање постојат во многу земји, а 16 од 27 земји членки на Европската Унија веќе користат модел по пошта. Ние предложивме модел во кој електронското гласање најнапред би се ставило како понуда, но дојдовме до неприфаќање од страна на СДС“, додаде Бојковска.

Според неа, ваквото кочење на реформскиот закон од страна на СДС доаѓа во момент кога Македонија добива позитивни сигнали од Европската комисија за спроведувањето на реформите.

„Оваа реакција на кочење на реформскиот закон, Изборниот законик, доаѓа во момент кога токму од Европската комисија имаме сигнал дека сме позитивно оценети во спроведување на реформите, добиваме пари согласно Реформската агенда и имаме дополнителна најава дека кон Македонија ќе се насочат дополнителни средства бидејќи имаме навистина голема успешност“, истакна таа.

Бојковска нагласи дека Реформската агенда има клучна улога во европскиот интегративен процес на државата и дека се очекуваат значајни финансиски средства во наредниот период.

„Реформската агенда е онаа што бележи особен успех во нашиот интегративен пат. 100 милиони евра се сума што оптимистички очекуваме да дојде со наредното финансирање“, рече Бојковска.

Таа упати критика до СДС, оценувајќи дека партијата декларативно зборува за Европската Унија, но не покажува подготвеност да поддржи конкретни реформи.

„СДС само зборува за Европската Унија, без да поддржи никакви реформи. Во делот на економијата најмалку имаат право да зборуваат, бидејќи седум години просечен раст од 1,8 проценти не се квалификува како успех, наспроти сега од 3,5 проценти седум квартали по ред“, децидна е Бојковска.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Лага е дека Михаилова ја преминала границата регуларно – бараме да бидат вратени и таа и татко ѝ

Премиерот Христијан Мицкоски категорично ги отфрли тврдењата дека Ива Михаилова и нејзиниот адвокат заминале во Бугарија преку официјален граничен премин. Тој порача дека македонските власти бараат враќање на Михаилова и нејзиниот татко и ги критикуваше бугарското политичко раководство и македонската опозиција за нивното однесување во случајот. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ги потврди наводите […]

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“ – со посветена работа ќе им овозможиме на младите да ја градат својата иднина дома Очекувам партнерска соработка со Владата, министерствата и другите институции, особено во областите на инфраструктурата, економскиот развој, образованието и социјалната заштита. Нашата задача ќе биде да подготвуваме квалитетни проекти, да аплицираме на достапните […]

Соопштение на претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова

Денеска го примив д-р Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ме придружуваше за време на посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска. Укажав на опасноста од историски ревизионизам, минимизирање и негирање на Холокаустот, како и од антисемитизам. Посетата на Треблинка, каде што биле убиени 7.144 македонски […]

И во Бугарија прашуваат дали пасошот е поважен од правдата

По текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, критичките реакции на дел од граѓаните во Бугарија отвораат нов агол на истиот случај: грижата за една државјанка не смее да ја потисне одговорноста пред законот. Во текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, „Македонска нација“ го постави суштинското прашање: дали второто државјанство треба да […]

Манасиевски: Првичниот план за лекување во Бугарија на Ива Михаилова бил на Филипче и Заев, за да му се оддолжат на Радев?

Се повеќе е евидентна тезата која веќе подолго време ја говориме во јавноста, дека Филипче и Заев се уценети од бугарските власти и Румен Радев. Директно го прашуваме Венко Филипче, дали е точна информацијата, дека токму тој во соработка со Заев, имаат ветено на блиски соработници на Румен Радев, дека се способни да изготват медицински […]

Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?

Двојното државјанство не е дозвола за кршење на законите. Секој што живее или престојува во Македонија одговара за своите постапки според законите што важат во државата, без оглед на тоа чиј пасош поседува. Дали некој што има бугарско или друго странско државјанство може да изврши кривично дело во Македонија, да замине во другата држава и […]

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?   СДС повторно одигра за Бугарија преку Филипче и Заев, повторно ја омаловажија и посрамотија Македонија. Единствени кои се среќни и кои ликуваат на бегството на Ива Михаилова во соседна Бугарија се Румен Радев, Венко Филипче и Зоран Заев. […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top