На прво место

Борба против криминалот е апсење вработен што побарал мито – тоа тешко го сфаќа СДС

Борба против криминалот е кога вработен што се обидел да земе мито ќе биде откриен и приведен – тоа СДС тешко го сфаќа, бидејќи во нивно време се крадеше од чистачка до премиер.

Во правна држава одговорноста е лична. Ако вработен побара мито, институциите треба да го откријат, да обезбедат докази и да го изведат пред законот, без оглед на неговата функција или политичка припадност. Но СДС се обидува апсењето на осомничениот да го претстави како слабост на институцијата, иако токму брзата реакција покажува дека системот дејствува.

Во СДС очигледно ги помешале лончињата. Толку долго беа навикнати институциите да ги гледаат како партиски плен, што денес мислат дека секој вработен што ќе се обиде да го прекрши законот ја претставува целата институција.

Но разликата е јасна: едно е вработен да се обиде да земе мито, а сосема друго е институциите да го прикриваат или заштитуваат. Во конкретниот случај, по добиената пријава реагирало Министерството за внатрешни работи, биле обезбедени бележани пари, осомничениот бил приведен и против него била поведена постапка. Тоа покажува дека механизмите за откривање и санкционирање функционираат.

По секое соопштение на СДС, граѓаните веднаш се потсетуваат на црните седум години од нивното владеење – години обележани со сомнежи за криминал и корупција во бројни институции. За да завршиш некоја работа, неретко те пречекуваше испружена рака. Денес глумат како сето тоа да било само лош сон и како правната држава да треба да почне да функционира дури откако тие заминаа во опозиција.

Јавноста не ги заборави измените на Кривичниот законик од 2023 година, донесени за време на власта на СДС, со кои беа намалени казните за одредени кривични дела поврзани со злоупотреба на службената положба и беше отворена можност дел од постапките да застарат.

Токму тоа беше суштинскиот проблем во седумгодишното владеење на СДС. Наместо систем во кој законот ќе важи еднакво за сите, граѓаните добија впечаток дека ситните службеници можат да бидат жртвувани, додека високите функционери уживаат политичка заштита и добиваат доволно време предметите да се одолжуваат, да се враќаат на повторно судење или да стигнат до застарување.

Во правна држава никој не смее да биде заштитен, ако институциите молчеа и ако немаше бележани пари, приведување и поведена постапка, тогаш СДС можеше да зборува за прикривање. Но кога осомничениот е откриен и изведен пред законот, нападот врз целата институција претставува политичка манипулација.

Борбата против криминалот не се води со соопштенија, селективни обвинувања и партиски прес-конференции. Таа се води со пријави, докази, истраги, обвиненија и судски постапки. Одговорноста мора да важи за секого – од најнискиот службеник до највисокиот државен функционер.

Владата треба да продолжи со неселективната борба против криминалот и корупцијата, без разлика дали осомничениот е обичен вработен, директор, градоначалник, министер или поранешен премиер. Само така се гради правна држава и се враќа довербата на граѓаните во институциите.

Криминалот нема партиска книшка, а законот не смее да познава заштитени функционери. Разликата меѓу вистинската борба против корупцијата и политичкото глумење е едноставна: првата обезбедува докази и ги изведува осомничените пред правдата, а второто произведува соопштенија и се обидува да ја измами јавноста.

Најново од: На прво место

Политиката на СДС се сведува на сеење страв кај граѓаните

Од најави за економски колапс и празен буџет до тврдења за договор за прием на мигранти, на прес-конференциите на СДС се повторува истата постапка. Најцрното сценарио се претставува како нешто што веќе се случува или е неизбежно. Кога станува збор за платата, пензијата или заштедата на едно семејство, вознемиреноста останува и по завршувањето на прес-конференцијата. […]

Скопје има три големи несреќи: Пиколомини, земјотресот во 1963 и СДС

СДС нема кредибилитет да зборува за состојбите во Скопје, откако со години го остави градот во хаос. Орце Ѓорѓиевски гради капитални проекти за кои СДС лажеше дека ќе ги изгради. Најголеми несреќи кои му се имаат случено на Градот Скопје е палењето од страна на Пиколомини, земјотресот во 1963 и владеењето на СДС во изминатите […]

Мизрахи: На власта и е потребна конструктивна опозиција, критиките треба да се темелат на аргументи, а не само на партиски наративи

Во вчерашната емисија  „Интервал“ на телевизија 24, гостуваше Рашела Мизрахи, член на ИК и пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, која осврнувајќи се на парламентарната опозиција, изрази загриженост поради, како што рече, отсуството на конструктивна опозиција која ќе изнесува аргументирани ставови и видувања засновани на докази и материјали за кои може да се води суштинска дебата. […]

На 13 ноември се одбележуваат 82 години од ослободувањето на Скопје

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Скопје го одбележува 13 ноември, денот кога во 1944 година борците од Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесетата македонска бригада го ослободија градот од фашистичката окупација. […]

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Апел за донации: да ја зачуваме црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во Зубовце

Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот.  Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување […]

Скопје го разубавува своето лице во пресрет на 2028 година

Еден од најпрепознатливите симболи на Скопје доби ново декоративно и архитектонско осветлување, кое ја истакнува убавината на камените сводови над Вардар. Камениот мост во Скопје на 6 ноември 2026 година блесна со ново осветлување. Свечено го пуштија во употреба градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу. Проектот […]

To top